Јас за првото немав мајчина книшка, само со потврда од доктор. Без проблем ми исплатија.. А, и сите мои другарки кои што имаат дечиња немаат мајчина книшка... Прв пат слушам дека е потребно за исплата..
Сегде постои мајчина книшка како документ, ете за пример во Германија имаат Mutterpass, или мајчин пасош во буквален превод. Треба да го носат сегде со себе, за ако во случај нешто им се деси и завршат во болница да се види нивната историја. Не е за џабе тој документ, е сега дискутабилно е дали кај нас ја има вистинската улога/примена и дали е неопходен за добивање парична помош за новороденче. Ама кај нас многу работи се дискутабилни, така да.......
Мамички денес бев да го пломбирам забот, дури и жлебината ми се воспалила, што не сум отишла 2 3 дена. Ми ставија и колец, голема била пломба та, пред неколку години правена... И сега ме боли, се напив парацетемол, сок од лимон... И легнав... Дури мислам и глава ме заболе... Ме праша за анестезија реков не... Ми стави спреј за жлебината, како анестезија, додека го намести колецот... Мм вика зошто си трпела, полесно било малку анестезија да ти ставиле, демек нели лошо да не си направам.. И сега легнав и се молам се да биде добро... Бебенце да си мрда. А што сум гладна, а не смеам...
Уф јас сум настината, денес 8ми ден, по втор пат, синусите ги осеќам како 10 кг да имаат, се третирам со парацетамол, витЦ, морска сол и инхалации.. де над тенџере де со инхалатор. Аман веќе, смачено ми е... онака да се испожалам... ако знаете некој рецепт плус природен кажувајте Мајчина книшка немав ни со првото бебе, нит сега... До душа тогаш не ни ги побаравме парите за прво дете, хаос период ни беше, ама според документот погоре прикачен пишуваше "м.книшка ИЛИ потврда од матичен гинеколог" така да валјда може...
Чај од анасон, ама не верувам дека ни е препорачан сега... Јас го пиев пред да останам бремена, наутро пред јадење... Прашај др. За сигурни, ама мислам не смееме сега, тогаш многу ми ги опуштеше,..Најчесто тој дел главата ме болеше иако на снимки немав никакви синуси... Земи си го спрејот синодерм, морска сол е.. 450 ден Јас имам и алергија.. Ми помага, ефикасен е.. Пробај може нема толку да те боли..
@Prolett јас го користам синомарин спреј (како део спреј), помага тој. За анасонот, вика гугл дека не е сигурен за во бременост, не би ризикувала. Фала сепак, тоа е, изгледа ќе се помачам вака дур не се повлечат.
Нема потребаод мајчина книшка при поднесувањена документи. А на мој термин може било кој доктор од болницата специјалист или имп да види податоци за бременоста кои ги внесуваат од кај матичниот гинеколог.
Дали ве болат препоните? Вчера после пешачење осетив и во спиењето не можев ни да се свртам, ме болеа многу. Денес се разбудувам и како камион да ме прегазил се осеќам. Чувствував болка кај препоните и кај матката..
Земи си магнезиум.И јас бев така и после првата ќесичка ми се среди.И ако почувствуваш болка ,тоа значи повеќе лежење.Според моето искуство
Јас за првото сите извештаи од испитувања и прегледи си ги носев со мене во папка, на секој преглед и на пораѓајот ги однесов.
Девојки дали стврднувањата на стомак можат да бидат само од една страна (лево од папок, па после десно) ? Не знам дали се брекстон хикс или се тегне бебе..