Ако си ги користела во рана бременост не гледам зошто би ти пречеле сега во поодмината. Сепак нека каже некој што има искуство.
Денеска слабо активни мами на темава Јас вака навечер ве дружам, викам ќе има 5-6 стр за читање, кога гледам 3-4 пораки само... Јас денес се преработив, прозори/врати/ролетни бришев, генералка цел стан, подруго ми е расположението кога ми е се испрано, средено. Бебка сега мрда, игра, кузнај што прави - мајка е цел ден активна денес, и се измори и она (24+6 сум)
Ооо алал да ти е што можеш да си толку активна. Јас многу почнав да се изморувам, а и ме мрзи. 24+2 сум, кај ми е крајот уште сега што станав ваква мрза..
Хаахха и јас Вчера цел ден си шетав, што убаво па беше времето И јас сакам да си чистам деновиве дома, но никако не ми се почнува
Се токмам и со генералки да почнам ама си викам ај кога ќе биде лошо времето, сега за шетање ми е Да поуживаме сега има време за чистење
Исто и јас хаха, ама па од друга страна кога ми текне тогаш бетар ќе е, нема од кревет да ми се станува на лошо време. Само ќе сакам да лежам и филмови Крај не ни се најдува
Дечки, како се снаоѓате со болки во грбот? Јас конкретно имам дископатија и лордоза, во септември 2020 ми се фати и нерв, едвај се оправив правејќи вежби секој ден неколку месеци. Сега сум 11 недела и многу ме боли грбот, тешко ми е седнување/исправување, ме боли при одење, наутро целата половина како да ми е омалаксана... Докторката ми рече дека не смеам да се здебелам повеќе од 11/12 кг, логично тежината уште толку ќе ми направи проблеми. Имал некој слично искуство? Мене ми е страв како ќе поминам во трето тромесечие, па дури и на пораѓај.
Спасот е појас за трудници, ги има во зегин, славеј и некои други аптеки... Прашај си гинеколог, сигурно ќе ти дозволи... Земи си поголем, се регулира... Мојот е xxl. Тоа е најголем. Мислам ќе помогне..
Инаку и јас сакам да исчистам, ама ќе видиме, сакам прво зимно да исперам и соберам се што е подебело, а мм вика рано е.. Сакам и прозорци да средам, пердиња, ама тие денови здравје, едно по едно, што можам ќе средувам.. Инаку кога сум излезена ми е убаво, а кога ќе се вратам ај почни со чистење хаха, а надвор пука сонце... Ќе ја наредиме некако... Хаха
Имав малку болки, ама кратко и тоа во второ тромесечие. Не знам од што беа и како исчезнаа. Не качив многу на кг. Според мерењата на гин. 1 кг само во второ. После исчезнаа, ама превентивно си купив пилатес топка. Не ја користам многу, само од време на време. Може и да седиш и гледаш тв и да правиш повремени движења. Не знам дали е до неа или дека се движам доста а и понекогаш правам вежби за трудници, ама не сум имала повторно такви болки. Во секој случај се препорачува, ама бидејќи ти имаш веќе таков проблем најубаво да се консултираш прво со лекар дали смееш. А да, и мене пред 2 год. ми се фати нерв и ме држеше 2 недели скоро, ама не отидов на лекар. Ми помина со движење и вежби.
Што мислите за тоа кога некој упорно купува работи за бебето, што всушност и не ви се потребни, пошто веќе имате купишта од тоа, а не ве прашуваат, што ви е потребно, кога веќе одлучиле да даваат пари и да купат нешто, барем да биде нешто што ќе може да се искористи. Иако е веќе напоменато, да не се прави така, они упорно прават така. Се работи цело време за исти луѓе. Да напоменам, никогаш не е побарано ништо од никого да се купи, не сакам да звучам неблагодарно, напротив, ама не разбирам зошто е толку тешко некој да праша, ако веќе сам одлучил да купи, што треба, па да може да се искористи. Или да се извади од ред, работава Ви прават вас вака? До мене ли е само, па не можам да разберам...
Кај мене па е обратна ситуацијата, никој ништо не купува, дури и мене ми викаат не купувај рано е, а мене еден мерак мене не би ми пречела ситуацијава во секој случај
Не би ти пречело да ти се имаат насобрано 20 шпикозни, сите исто бројче, а тебе пример ти треба нешто друго, да те прашале, ќе си рекла, ок, купете, ама бројче - две погоре. Ама не те прашале и сега имаш + 5 исто бројче Давам примери само. Браво за живците што ги имаш тогаш Јас одам на тоа дека ќе ми биде жал што ќе остане неискористено, а некој сепак го купил со љубов Значи до мене си е сепак
Ги има многу такви. И нам ни правеа така. Ни донесоа релаксатор на виѓа а ние имавме веќе. Па уште велат се сме купиле, не сме оставиле ништо да купат они. А никогаш не прашале што ни треба. Плус не знаат дека не оставаме ништо на случајност и дека ке купиме се што треба. Сигурно нема да чекам друг да ми купи за моето дете да има. Добив и многу непотребни алишта, несоодветни броеви итн. Злато или пари (се што ке добие му ставаме на сметка) би било сто пати подобро.
Значи не се само нашиве роднини такви Јас секогаш кога купувам, за било каков повод, посебно па за бебе, прашувам што им треба. Па и да се доведам во ситуација, да ме замолат нареден пат пред да купам, да прашам и јас пак да си терам по мое, нема шанси. Никогаш не сум сакала да купам нешто и да биде дека ете јас моето сум го завршила, па нив дали ќе им се најде или не - нивни проблем. Ама морам изгледа да олабавам и да не се нервирам, пошто очигледно секако од едно уво влегува, од друго излегува
Мене досега не ми прават Прашуваат за се што ќе купат или ако купуваат нешто поголемо (релаксатор,креветче) ќе ме прашаат кога можам за да излезиме заедно и да си одберам јас. За алишта се случило некогаш да ми дадат ист број боди пример, ама па мене прво дете и се ми треба и затоа не се ни бунам многу ако купат нешто. И јас му велам кажете ако купите нешто и да не ми го дадете одма, за да знам друг ако ме праша да кажам дека имам веќе Ама сепак сум повеќе за тоа да прашаат претходно
Кај мене па никој не се понудил ништо да купи, све сами сме си купиле, освен бабиве по некоја облека, сите се различни, и вака и така не бива, според мене најдобро пари или злато и да се стаи на сметка на бебе
Лошо се свативме, актот на купување не би ми пречел, затоа што знам што е мерак, е сега за тоа со бројчињата имаш право, ама па мора да постои некое разбирање со нив што знам, да не не си доволно јасна кога им кажуваш па да мислат онака од чиста култура викаш дека не сакаш
Мене па само мајка ми ми купи некои алиштенца за бебето и уште одма и реков 'фала ти, знам дека ти е мерак, ама одсега сакам да ме прашуваш, за да не трупаме купишта на исти работи'. Одтогаш прашува. Друг ни се понудил, ни купил, така да, не можам да коментирам како би се справила во таа ситуација. Од една страна супер што купуваат, од друга стрна како што јас прашувам за сите, небитно дали за бебе или за возрасен дали нешто им треба, очекувам и јас да бидам прашана.