Мајка ми и свекрва ми не ги бројам тука, они се баби и купуваа и сеуште купуваат. Ние се што ке купиме, веднаш праќаме слики, и јас кога ке купам, и тие, па немаше ништо дупло. Јас мислам на роднини кои се блиски а трупаат подароци, даваат пари а се тоа на синко нема да му користи. Да ме прашале, ке сум кажела кое бројче да земат, вака целосни утки добив. Дали дека одамна купувале за нивните а внуци немаат, па немаат сет што треба, дали така им одговара, не знам. Тетка ми ме викна заедно да купуваме и уживавме, плус јас избрав што немам. Бабите мои пак ми дадоа пари сама да си изберам. Другари на маж ми кои не се женето, за виѓа и за роденден му донесоа злато.
Зависи за кого станува збор, дали ти се членови од потесно семејство или пак подалечни роднини... Веројатно со првите би можела поотворено да поразговараш, да си кажеш едноставно...сепак, ти најубаво знаеш што имаш/немаш... мене животна девиза ми е дека нема ништо подобро од отворен разговор... Свекрвата кај мене сакаше уште од 12та нешто да купува, ама и кажав (добри 3-4 пати) дека е прерано, и како ми се влоши состојбата сеа и е страв и да спомне...А мајка ми и сестра ми сакаат, но со фин договор што се ќе ни фали (прво бебенце е), и се разбира при крајот....
И мене уште никој не ме прашал, освен сестра ми, која со душа чекаше да чуе кој е полот, што ми пушти некои работи, ама повеќето големи.. Нешто и помало... Се со договор... Здравје само...
Мене па никој нит ме прашува нит спомнува за купување . И јас не сакам некој од нигде да ми се појави со креветче, колица, релаксатор... (а знам дека стариве ќе сакаат тие работи да ги купат). Јас сум таква, сакам сѐ да ми биде испланирано, пред да купам било што читам милион рецензии и искуства. Така да ќе почекам уште некоја недела и ќе им кажам, ако веќе некој нешто планира - пари. За облека ќе замижам некако оти реално поширока фамилија, пријатели тоа носат, не можам сега да им викам на сите “Еј ова имам, тоа ми фали...” А моиве не верувам дека облека ќе купуваат зошто никој не е по шопинг (само јас сум изрод ). Очи ми отекуваат читајки за безбедност и општо за практичност, да се нервирам ако ми наметнат некоја крупна работа ко колица која јас после ќе треба да ја влечам и не ми е по ќејф или небезбедно креветче, ама ич не планирам.
Кај синко дојдоа само браќа и сестри на мајка ми, татко ми, свекор, свекрва, значи тоа не се далечни роднини. Сите можеле да прашаат, ако сакаат. Ама не сакале, нивни пари, нивна одлука. На синко ништо не му фали, се ке му обезбедиме ние, ама греота е толку пари што отишле во воздух.
Се работи баш за најтесното семејство и тоа е тоа што ме лути. Јас и сопругот живееме во друга држава, тука сме скроз сами, така да, нема ни да имаме подалечни гости и поклони, никогаш и не би се дрзнала на некој подалечен, што воопшто не бил должен да одвои за нашето бебе, па и да кажувам, не тоа. Ние никогаш и ништо не сме побарале, ама затоа што гледаме дека они се среќни кога ќе земат нешто, рековме добро. Инаку на почеток, уште бев 4-5 месец истата страна имаше изнакупено купишта ствари, без да прашаат дали е ок, дали е рано, дали е потребно и тоа повеќето се за дете од една ипол до две год. За почеток нема ама баш ништо, ама не е битно. Реков ок, разговаравме, објаснивме дека сакаме да бидеме прашани, дека сметаме дека не е во ред така, пред се толку рано, друго облека за детето кога ќе биде 2 год, стварно ми е нелогична. Пред некој ден, скроз истото го направија. И сега, излегува дека јас морам да ќутам, пошто ако не преќутам, сум неблагодарна и они се лутат А јас стварно не сум неблагодарна, него едноставно мислам кога веќе одлучиле да земат било што, нели е подобро да биде нешто што го немаме и ќе биде искористено. Не знам, до мене ли е...
Ајде, се врти модата ...да те насмеам малку... Штом сте во различна држава, што му ја мислиш ти толку... плакар, и кога/ако сакаш ќе го искористиш... А за бројките... мајка му беше на роденден кај блиски (прв роденден) ние си дадовме пари, она од зара кидс, стокмен комплет бр.5 коментарот беше дека брзо растат... си викам еден ден 56ка, другиот ден матурант...
Па подиректно од ова амин. Може да се осетат навредени ако пак им кажеш што е најтрагично, како што велиш, ќе испадне дека сте неблагодарни. Јас би им рекла фала, штета што се од ова го има веќе и веројатно нема ни да го носи, ама ете сте се потрудиле. Тоа е, некогаш луѓето мислат дека знаат најдобро
Кај мене и свекорот и свекрвата и моите се со став да не купуваме пред да се роди бебето. Но јас сепак ќе си купам месец дена пред пораѓај најосновните работи. Тие одпосле ќе купуваат и секако мора да си прашаат. А за другарките може они ќе изненадат хаха ама не им се лутам
Ќе си го носи другата година нее страшно да е поголемо, мене се мали ми носат. Зависи и колкави е детето, син ми две години има и веќе му зимам за 4 до 5 години.
Јас немам нешто роднини, другарки, девери, па и кумот ќе го спомнам што ми купиле за првото, не пак да ме прашаат. Некој таков што и да ми купи, ок е, може ќе ми смета ако ми се повторува, ама тоа е. Најблиските мајка/сестра секогаш ме прашуваат, а најмногу што ме вади од такт е од свекрвата. Значи кај нема вкус, кај 100 пати и е кажано да не купува било што, или нека праша или крај краева пари нека му даде, па ќе му купиме ние на детето. Ама нема разбирачка со нашава, тера по нејзино цел живот. Така и детево ми го гледа, ретко и го давам, и кога ќе и го дадам и напоменувам некои работи да не ги прави/да не му дава. Аха добро, важи важи ми вели. Џабе, по нејзино тера, па што сака нека е. Знае дека ми смета, но не се менува еве години наназад! Така да ако е таков близок нервозно е, не е до тебе, ако е од подалечен, остај што ќе се лутиш. Имам да зборувам на темава на долго и широко, ама ќе се нервирам
Гледај до кај 7 ми месец да се спремиш, после со голем стомак тешко е. Јас иако бев подвижна до крај, не можам да кажам дека би можела со часови да шетам по прпдавници. Во 8 ми се тркалав да станам од кревет, а не да бирам количка или креветче. Од суеверие нема аир. Па и тоа може да го утнат. На 1 година синко носеше 18 - 24 големина, па ако некој купува за наредна сезона може и да утне.
Девојки, слаби менструални болки во предел на папок не мерам на колку време се ама чести се, болка во кичма, малку ме боли и интима, стомак ми се стврднува, сама сум дома маж ми е трета смена, да одам ли до болница или не е страшно, не знам што да правам, ова е веќе трети ден со вакви болки 35+5
Со магнезиум нели се смируват? Интимата боле не е страшно. Стврднувањето исто знаеш дека е нормално овие недели, матката се спрема. Ама болките број ги, имаш апликации ако мислиш дека се контракции. Да не ти се оде во вц? Мене често ми е така и од кога ќе одам во вц ќе се смират.