Си имаат некои верувања луѓето што им останале уште од нивно време али не се замарам јас Мене ми одговара да не ми купуваат ништо, кога ќе се роди тогаш ќе се договараме што ни треба
Добро утро. Денес сум на прв скрининг, па ме интересираше после ова кога би требало да отидам кај матичниот гинеколог?
Мамички да споделам нешто за тие што не можат да излезат во веце... Јас јадев леблебија и од неа се оди во веце, дури одвреме навреме и гасови ќе пуштете. Јас немав проблем со веце, ама пробав, сакав леблебија и така... Ќе одите повеќепати, по малку
За ова се согласувам, затоа секој месец и јас сакам по нешто барем да си поткупувам. Зашто термин ми е јуни, а тогаш кај со стомак до уста што се вели, кај топло ќе биде, кај маски треба да се носат, а жешко, и побрзо ќе припаднам Затоа и јас мислам најдобро малку по малку да се пазари и од предвреме.
Јас сум сега 9 ти месец и ни на крај памет не ми е да шетам по продавници. Се потешко е движењето нозете отекуваат, а да не зборам дека ми треба тоалет на 5 мин . Така да купете си бар се што е неопходно,и мене ми фалат работи ама тоа е нешто што било кој може да ми купи и после породување.
Дали некоја мами има пробано за да се сврти бебе да става ладни облоги-од замрзнувач.Глевчето е горе е сега за да се сврти долу се клавале кај желудникот и од двете старни лево идесно-непосредно кај ребрата и демек од топлината ќе се сврти со главчето.Да го пробувам и ова или нема врска? 31+4 сум до 33-34 ми е речено дека траба да се сврти
Кај мене се сврти на 36 недела дури и тоа ноќеска јако го осетив бидејќи е голем. Јас правев вежби околу 2 недели (3-4 вежби се, секој ден по 2-3 пати). Не знам дали беше до нив ама пробај барем. Имам читано исто за ладни подлоги ама не пробав. Исто некои практикуваат вклучување музика од слушалки во долниот дел на стомакот. Од сите методи најнадежни ми беа вежбите затоа и ги пробав. Пробај нешто и ти, се надевам ќе се сврти и кај тебе
Мила ај остави ја лепотицата раат. Ако и е волја да се намести како што треба, нека се сврти, ако не, бидете живи и здрави, ни прва ни последна ќе си со царски што ќе се породи (ти е гајле, како царица ќе раѓаш ). Ти сега и да ја свртиш, до пораѓај пак може да си се изврти таа, така што мое мислење е да си седиш мирна, да не експериментираш.
Фала ви женски... Имам контрола на 17 па ќе видиме тогаш како ќе биди.... Не знам тука како прават со царски заради тоа што им е последна опција .... Како и да е да е здрава и жива па тоа е тоа како сака нека си се намести - Дај Боже да се сврти за побрзо дома да си се гушкаме али тоа е
Мами да прашам, смее ли фервекс во бременост? Веќе цела недела се борам со секрет, па викам да пробам со фервекс