Јас дури сега седнувам на телефон, да се пријавам дека сум за у бардовци, цел ден склопувам плакар, се изморив до максимум. Сега легнувам на кревет и не мрдам, а и да сакам не можам Кичмата ми се распаѓа. Сабајле ако успеам 1 саат да станам од креветов добро ќе биде
Имам неколку дена болка во забот.Ми го пломбираа во петокот, ама болката не помина.Денеска ми го отворија и ми ставија лек, живецот правел проблем.Меѓутоа болката никако да помине, а имам и главоболка.После колку време од ставање на лекот поминува болката?20 +4 сум недела, дали е штетно за бебето 3,4 дена болка?
Јас имав вака проблем и лечењеро се оддолжи месец ипол, со таков лек да умртвување имав страшна болка,па ми ставаа неколку пати оној лек за 3 дена што е,колку да ја смиро болката, па тек после тоа за умртвување. Оди нека ти го отвори нека стави друг лек, може да боли малку ама неподносливо не треба да те боли. Не е штетно за бебето,ама зошто да трпиш толку болка?
Доколку имаш упорна пулсирачка болка, тогаш треба да ти го тргнат лекот и забот да стои отворен некој период да се види како ќе реагира отворен, до следна фаза на лечење. Само така нема да те боли. Најверојатно станува збор за процес/воспаление и на пулпата или пак гнојна кеса. Може има потреба и од антибиотик. Ако можеш дома со чепкалка да го извадиш некако лекот, пробај така, би требало да ти помине да ти олесни.
Мене денеска ми го отворија и ми ставија лек и ми рекоа дојди после 3 месеци да ти го смениме.Но болката никако да ми помине.Ако не помине до утре пак ке одам, не се трпи болка.
Откако ми го пломбираа во петокот, ме болеше многу, како некој да ме чука по него.Денеска отидов и ми го отворија и ми ставија лек.Болката не е толку силна, ама се уште е присутна, а и главоболката не ми помина.
Мене од тој лек ме болеше,истото го поминав,па ми ставаа неколку пати лек што трае 2-3 дена,тој само смирува болка. Нека се позамараат малку, ако не ти поминува отиди,мене не ми поминуваше.
Тоа што те боли како чукање или пулсирачка болка, најверојатно значи дека имаш гнојно воспаление и забот треба да стои отворен БЕЗ лек некое време за да се издренира/истече гнојот, како што кажав и погоре може и антибиотик треба, оди утре на забар пак обавезно.
И после ти тие неколку пати ти помина ли?Иначе јас сум во странство поточно во Германија, ако не ми помине ке им речам да и стават од тој лек
Па помина да ама си беше процес,затворен не се трпеше. Отиди убаво ти викаат, не се трпи болка толку. Заб боли не е шала.
Devojki, spored vas , koga e najdobro da im soopstam na familijata i prijatelite za bremenosta ( 5 ta nedela sum) na 8 mi mart imam zakazano prva kontrola
За секретот мислам дека е нормално...навечер обавезно ми се затнува носот...а не е настинка во прашање.
Според мене нека ти помине првата контрола слушнете срценце и прв скрининг па после тоа најубаво соопшти им кога ќе бидеш по мирна,значи негде 12та недела,ова е мое мислење.Сега од мерак можеш и порано,од тебе зависи .Со лесно нека ти е
Од денес полни 30 недели. Само што ја гледам тројката напред, мене паники ме фаќаат. Трет триместар ми го зема данокот за времето што го уживав во претходните два. Таман се пофалив дека спијам како на почетокот, јас едвај 2ч врзувам, отепана сум за спиење. Во животот никогаш во 5ч не сум се разбудила, ни за на работа, а сега дремам како квачка. Без помош од маж ми, не можам ни да се завртам од една на друга страна. Ја местам перницата и наоѓам позиција, с'клети ме фаќаат не можам да ја поднесам. Ја тргам перницата, не можам салам позиција да си најдам. Во легната положба киселини ми се чини низ нос ми излегуваат, во полулежечка тахикардија имам оти бебето е во дијафрагма пикнато. Сега сум нешто измеѓу 'кај си бебе, те нема цел ден' и 'те молам бебе поспиј малку, сакам да се одморам'. Со некое раче или лактенце ме удира на папокот, буквално имам рог на папокот, ми се чини дека ќе ми прсни кожата во секој момент. Болни ми се ударите, за тегнењето и вртењето ич да не коментирам. Не можам да стојам/пешачам подолго од 40тина минути. А тек е бебе околу кило и пол. Ами до крај? Апетитот за цел фемина форум што го имав ми е сведен на колвање како врапче за да преживеам. Ми се чини повеќе рупурут грицкам, отколку храна. Е, од уринирање навечер сум сеуште поштедена (да не испадни само како со спиењето па во вц да си легнувам). Скоро и да не станувам воопшто навечер, ретко еднаш. Си се пожалив убаво, оти уште тука се немав. Сладок сон на сите мами што спијаат, а добро утро на тие што сега ќе се разбудат. Јас ќе ги дружам и едните и другите, се надевам малку повеќе првите.
Добро утро иста сум ( 34+5 сум ) и јас само што трчам за во тоалет плус,и плус синко си легнува навечер рано и многу рано пред 7 наутро е станат наспан,а мене ноќите ми се исти како твоите па сум како претепана цел ден. Еве сега сме будни се спремаме за во градинка,а додека е тој таму јас сум со други обврски,а енергијата ми е минимална.Одам како пингвин ,бебе неуморно си клоцка и така ден за ден,секој ден ама ќе де изржи. Добро е што ги имаме овие слатки маки, има и полошо секогаш . Гушки полно
Добро утро мами. Најубав да ти е денот. Во право си, можеби енергијата е на 2%, ама затоа срцето е преполно. Ве гушкам тројцата!
Ќе почнеш и во вц да спиеш кај и да е за недела две и јас не одев преку ноќ,па сега еве си станувам за во вц и толку од спиењето... Од 6 сум станата,пола саат додека станав прво, се распаѓам, како штраф да ми завртеле во кичмава,боли.Сега седам во темницата во дневна и се чудам што ќе правам вака цел ден. Бебко се размрдал нешто од сабајле,ребрата ми ги скрши,а мене ме мрзи да станам кафе да си направам Офф ајде ќе издржиме уште малку. Утре сум на првото ЦТГ па и тоа ми е малку во мисла,да видиме што ќе кажат, уште не сфаќам дека сум толку блиску до пораѓајот.