Исто и мене на почеток и јас ди ја сакам ме потсеќа на деновите кога го имав мешето ајде нека пркнат малку како што вика @IRBBB па може одново да растат мешиња со нови линии
Девојки има ли некоја будна, да сподели искуство Ноќеска имав посилна болка на десната страна доле напред и на половината, беше мн касно 3ч по полноќ некако и ми се спиеше па со магнезиум и б6 се подсмирив и сум заспала, ама испаничив, го разбудив мм ме масираше на половината и така накај 4 сум заспала. Ама сабајлебво во 7и30 истата болка, пак само на десната страна дури ме разбуди и од сон. Незнам како да ја опишам. Како грч од стомакот до половината, накај препонот и дел од ногата. Се преплашив, испив утрогестан, магнезиум, легнав и не мрдам, еве скоро 1ч се нема појавено, ама многу ми е страв, не ја осеќам исто десната и лева страна и додека лежам. 22ра недела сум. И се случила ли на некоја нешто слично вие недели, страв ми е, додека да се освестам полека минеше ама силна болка беше шом ме разбуди од спиење. На лекар имав закажано наредна недела, ама незнам дали денеска да одам, бев пред 11 дена беше се во ред
Знам дека ти имаш и едно родено. Недај Боже да не се контракции, како изгледаат лажни, вистински??? да напоменам пак само од десна страна ми е вака, и повеќе кичма одколку стомак. Таму одма ми отиде паметот, па и пулс ми се качи, срцево низ цело тело ко да го сеќавав.. А бебе си мрдаше вчера се беше таман и наеднаш болката се јави... и ако е од нерв би се повторила ли вака? Од ноќеска до сега негде 4ч има поминато. А и сама сум дома, незнам ако дојде пак како да си помогнам, незнам што друго да се напијам
Додека не се пушти нервот боли. Верувај контракциите се различни сегде боли во кичма стомак менструални болки. На интервали и појаки болки Не се плаши нее тоа со сигурност, расте бебе и може фаќа на некој нерв, мене ме удара на левата нога од кичмата па надоле. Како натежнуваме така се зголемуваат болките во телото. Јас ако не се напијам магнезиум одма се ме боли. Уклучиси по 3 пати на ден магнезиум слободно. Лажните контракции ги чуствувам како стврднување на стомакот ме стега па пушта.
Јави и се на матичната, она најубаво ќе ти каже што и како е. Ќе ти даде и терапија ако треба. Јас мислам дека е нормално и мене ми се јавија на неколку пати некои чудни болки доле во матката со болки во препони но со магнезиум и лежење поминува. Не се секирај, но прашај си да си бидеш раат
Ке и се јавам, втора смена е денеска, дали да одам или нешто само да ме посочи. Имам прогестерон депо за итни случаеви ми беше, нз дали да одам да ми пуштат, само што ми е страв да мрднам од кревет да станам, од со не сум мрдната 4,5 саата од левиов колк не го сеќавам, а бебево еве го се јави на десна страна од папук мрда посилно ставив рака и го сеќавам, страв ми е да не го мачи нешто, па толку се размрда. Која недела ја осети таа болка, на колку време, и по колку време ти траеше? Дали беше само на едната страна
Ме смиривте девојки малце од малце, фала ви многу. Многу голем паничар сум, не треба, ама тоа е нема тек сега да се мењавам, само да е се во ред се молам
Нормално е да паничиш, прва бременост тие се ти е ново. Читаш се и сешто и се мислиш дека тебе ќе ти се случи. Го знам тоа чуство, го поминав со малото.
И мене ми беше така....иначе и oд првата бременoст не ми се врати вo нoрмала. Утрoвo какo станав си jа oсеќам устата какo бoтoксирана. Ме убива пoсетата на тoалет, таман првoвo бебе пoиште спие, втoрoвo ме испраќа вo тoалет. Сакам уште еднаш да препрашам, бидеjќи на другарка и заврши паталoшката вo извештаjoт и пишале да oтвoри трудничкo, дали стварнo мoра? Планирам oдмoр да земам...
Ајјј мила ти се породи честитки јас дури сега гледам извини што не сум честитала многу не сум активна некако гледам да одговорам на порака и нешто успат ке читнам ама повеке галам мешко и уживам во бременоста ти може го порасна а јас сега дознавам девојче беше нели колку што се сеќавам, како и дае тука некаде е и @Маја Т мила те чекам да не израдуваш ве гушкам двете
Мој совет е ништо да не правиш на своја рака освен магнезиум. И прогестеронот не е наивен лек за да се зема на своја рака. Не дека е штетен ама сепак мора консултација со лекар може и немаш потреба од него. Мене ми се јавија некаде 21 недела и баш така ме исплашија, ми траеа неколку часа баш пишав и тука и членките ме советуваат да одмарам и магнезиум. Јас не ја побарав матичната пошто за неколку часа поминаа болките. И сега одвреме на време ми се јавува некоја тапа болка во препони но брзо поминува. За се што не личи на нормално и трае подолго време треба да си прашаме лекар
Девојки ви се случува ли како стврднување на стомакот, но во втор триместар? Придружено со тапа болка....
Бебе се тегни јас уште од 24-25 недела имам такво стврдвување дури и таква тапа болка како што велиш ти ... на контроли се си е во ред освен што имам повеке плодова вода