Девојки, ве читав поназад и да си ја споделам и јас мојата мака, да ми олесни на душичката... Полни 25+1 од денес, бебенцево мое не знам со кој дел ми е околу папок, ама ми ја подига малце левата страна и цел ден ме удира во тој дел. Од сабајле од кога станав до негде 6-7 поручек чувствував некоја тапа болка таму. Како затегнато, чудно чувство не знам. Исто мислам дека икаше, пулсираше во исти интервали. Има денови кога се будам со болки во нозете како да сум пешачела 20 км, а не да сум спиела. Исто некогаш ја имам таа болка во левата страна од задникот и се шири низ цела нога, сабајлево исто и кичма ме болеше, а и десната нога почна да ми се кочи. Од се по нешто имам, ама не се жалам. Обично се слаби и минливи болки и сакам да гледам на нив како знак дека бебето расте. Благодарна сум на Бога, сопругот и секако на моето тело што ми дадоа можност да минувам низ овој благослов. Ќе издржиме се, зошто на крајот не чека најубавата награда. Being a mother is learning about strengths you didn't know you had...and dealing with fears you didn't know existed. Stay strong mamas.
Ако најдеш добар навлажнувач на воздух или ако некоја од вас има предлог слободно пишете и јас сум иста со сувиов воздух
Здраво девојки, јас сеуште сум во болница, после една недела пораѓај, малиот уште е на опсервација. Ме фати некоја болка во грло и гребење, се осеќам како да имам температура. Колку е ризично за бебе доколку ми го донесат на доење денес или утре. Дали со маска да бидам со него
Мила јас не сум осетила икање до сега али се случувало на моменти на ми пулсира нешто на едно место али сум мислела дека ми е пулсот. Незнам, изгледа незнам да распознавам А за болката во нозете јас ја имам веќе уназат две-три недели. Навечер во ниедно време ќе ме фати болка и не поминува. Па земам се раздвижувам по дома за малце да се потсмири и да легнам. Имам примерено дека кога пешачам многу во денот или се заморувам нозете ме болат навечер. Мислам дека е од тежината. Не дека сме кој знае колку здебелени, но телото не е научено на таа килажа и создава притисок во зглобовите. Ќе помине се, после ќе се жалиме на ненаспани ноќи
Јас имам 2 од топ Шоп, ровус, светат и како лампи и испаруваат, ги купив пред 3.5 год и сум презадоволна постојано ги користам. Може и масло да се капнува во водата да мириса убаво.
Istata ja imame, ja kupivme malata koga se rodi. Prezadovolna sum, ja koristam sekojdnevno. Plus e ubava i kako dekoracija
Мила за лижење само пантенол ама мене ми поминува од прополис за деца капнувам по 10 капки на една лажица мед и неколку пати на ден.Ќе прочиташ во упатството мислам по 40 капки прополис ама за деца тој што е дозволен,ова ми е препорачано од доктор и ептен ако почне кашлица и те боли грло сируп алпенкрафт ама тоа секако консултација со доктор.Мене од кашлицата и болките во грло кога имав ковид само ова ме спаси а не знам веќе што уште не пробав
https://www.topshop.com.mk/rovus-ambient-mist-navlaznuvac Јас кога ги купив беа на 50% попуст, сега се баш скапички, јас 2 земав за оваа цена
Отворив и јас на страната видов, некако многу ми е 4000... Гледав на комодита еден 1800 пред2, 3 недели и бев да го купам ама го немаат веќе, продавачките не знаеја да ми кажат дали ќе имаат пак... Овој некако мн соленко изгледа ама па ако не најдам друг ќе го земам
И јас да се пријавам со болно суво грло насабајле, со затнат нос ноќе а да и со здрвена страна на која сум спиела. Ноќеска и слаба менструална болка но ми мина. 28+4 веќе полнува да ми е тешко после јадење, неможам воздух да земам, или ако седам подолго време ме притиска под гради, но докторката ми рече дека е нормално зошто со главчето е горе
Повеќето сме изгледа со затнат нос и болно грло деновиве, ваљда е до воздухот, што знам.. Јас сум со труднички ринит од почеток, со кивање, затнат нос, ама последниве недела дена одвај дишам навечер и се будам на сред сон со глад за воздух и суво грло. Се гушам во буквална смисла на збор оти не знам да дишам на уста . И јас сум во потрага по навлажнувач со нормална цена, бев во Горење да го барам тој нивниот со ладна пареа, ама го немаат на лагер, а и фала Богу беа толку "услужливи" да ми кажат дали ќе го има пак. Не ми се даваат 100+ евра за навлажнувач само ... Во меѓувреме редам вода да испарува на радијатор преку ден во спална, а навечер го гасам да не го суши воздухот дополнително и подобро ми е.
Јас го имам тој од сетек 1300 денари е и супер е. Вчера вечер го ставив во спална кај што спијам и денес немав проблем со суво грло и сув нос така да мислам дека помага https://setec.mk/index.php?route=product/product&path=10267&product_id=20141
Здраво, во тек сум на прележување на корона и сум 7 недела. За сега сум добра, поминувам само со витамини. Сепак ме загрижува кашлицата. Дали сметате дека ртг на плуќа би било во ред? Секако ќе консултирам доктор, но мислам дали има некоја искуство.
И јас знам дека не се прави но имам другарка која два пати правела снимка на плуќата а незнаела дека е бремена. Докторите не и кажале дека има некој проблем за плодот или дека понатаму ќе има. Си ја тера бременоста најнормално