Супер мила,кога ќе завршиш пиши ни како помина до крај,јас наредна недела ќе проверувам скриен шеќер Таше ми рече во 28 недела да проверам и мене ми е мисла,јас како што повраќам уште се надевам ќе поминам лесно.А душичето нека си расте сега и нека си ужива во мешето кај мамичка,и јас одвај чекам да одам на преглед да си го видам,веќе пораснати се и баш како што викаш се топам од убавини
Јас мила пиев прашок ама ме фати дијареа и со препорака од Плодност почнав да пијам магцитра и сум презадоволна,немам дијареа,не ми се повраќа и немам грчеви.Малку се поскапи ама ептен ги препорачувам
Со бебе се е во ред, ама со мама не баш. Резултатот од шеќер на гладно 4.3, а после оптеретувањето со гликоза 7.3. Докторот рече на горна граница е, да внимавам на храната, газирано, тесто и слично не. Исто и железото ептен намалено - 11, последниот пат беше 20+. Вика тоа не ме загрижува толку, ама немаш резерви, почна да ми набројува Хемоглобин низок, хематокрит низок.. не знам што друго збореше, се разочарав искрено... Рече дека сум на праг на анемија.. Сама сум си крива изгледа, не пазам баш многу на храната, само глупости јадам. Дајте ми некој совет, што да сменам во исхраната? Некој со искуство на темава? Докторот ми препиша да пијам Lactiferon plus. Не знам како може за еден месец до волку да ми ослабне крвта...
Ајде мајка, ќе биде се во ред. Спанаќ, салати зелени ( убаво измиени) ориз, компир, месо, јатки, овошје.. И ќе видиш ќе се среди. Земи си за железо нешто за пиење. Пишувај ни како си.
Бебче влече затоа е така. Мене ми препиша Фоловит феро ама јас уште нема да ги земам пошто сакам да пробам сама да ја одржавам. Хемоглобинот ми бешр 11,9 а железото 21,5 така витамините нека почекаат. Воведи си мед со коприва и обавезно цеден лимон со тоа или витамин Ц . Секој ден прави си витаминско смути или цеден сок со еден лимон, малце цвекло, морков, аронија, боровинка и едно лажиче семе од коприва. Гледај да јадеш многу месо тоа е најдобар извор на железо. Еднаш неделно спанаќ направи си со ориз. Јас вака го одржавам за сега но матичната смета дека сепак ќе почне да ми паѓа
Фала ви мили, ќе обрнам малце повеќе внимание на храната, морам... Знам дека во овие недели се троши железото ради интензивниот раст на бебето, ама не очекував до толку да ослабне крвта за еден месец. Како и да е, се надевам ќе се среди што поскоро...
Фала мила за советите. Јас искрено се испаничив и од ординација директно во аптека појдов и ги земав. 20 таблети се, он рече пиј си ги и кога ќе доиш е убаво да ги пиеш. Ама си викам да почнам на храната да внимавам и да испијам една кутија, па ќе проверам пак крв. Ако е добра и јас ќе гледам да ја одржувам само со избалансирана исхрана.
Белиот леб исфрлиго скроз, мед немој исто така да зимаш. Кога ќе ти се јаде благо земиси црно чоколадо, овошјето доволно е по една овошка на ден. Цеден лимон обавезно по една чаша на ден. Внимавај на шеќерот.
Не се секирај ќе се среди, мене ми беше хемоглобинот 10 а железото 17 и со исхраната си го средив. А пак јадам глупости и благо и свашта али гледам и здрави работи да земам. @monik55 ако е медот природен во мали количини нема да го качи шеќерот
@Bella_Stella не паничи, и мене ми е 7.2 скриен шеќер, ми рекоа да внимавам на благо.. Хемоглобин от ми е 12.50,.се друго ми е во нормала. Да јади зелени салати и овошје, обавезно црно чок... Нормално се што е здраво..
Мила јас пред да останам бремена и се спремав за трето инвитро бев на медитеранска исхрана од др Митов за покачен шеќер и инсулин ( односно доктор од приватна болница погрешно ги прочита резултатите инаку немав ништо покачено ама нема врска не е тоа тема) и ќе ти споделам неколку работи кои јас си ги применувам до сега,насабајле гледај во појадок да имаш вклучено овес,мусли без шеќер,исклучи бел леб и да си јадеш тонус или интегрален леб,ако можеш да си јадеш киноа,паштети такви работи да избегнуваш наместо тоа јадеш намази хумус или јас ги јадсм растителни паштети од маслинки или печурки на виталиа,да јадеш обавезно со ручек и вечера повеќе салата,за ручек да си јадеш леќа,,спанаќ,боранија,риба,месо,блитва со ориз,компир и многу салата,интегрални тестенини со печурки маслинки и да знаеш дека млечните производи да ти бидат во граница на нормала бидејќи не сум знаела ама и тие го кревале шеќерот.Навечер ќе си мачкаш тонус со некој намаз,пица јас си правам со доматно пире,кашкавал и маслинки превкусна ми е,од благо црно чоколадо,посни колачи или чиа пудинг,да си пиеш вода многу,ако не ти прави проблем со киселини лимон да си цедиш.Секако дека ако нешто ти се пријаде ќе си каснеш сепак сме бремени ама гледај нездравата храна малку да ја редуцираш.И секако да не вечераш многу касно.Јади повеќе цвекло,моркови,внимавај на овошјето оти има шеќер најубаво една до две овошки на ден.Се надевам малку ти помогнав
Да и докторот рече шеќери да сум внесувала преку овошје исклучиво. Газирано, благо да не консумирам. Ќе ви ги послушам советите и се надевам следната крвна слика ќе биде подобра. И јас мислам дека лажиче природен мед не би требало да е проблем, секако ќе исфрлам секаков друг вид на прости шеќери. @Prolett фала за советите мама.
Многу ми помогна мила, не малку. Супер совети ми давате, ви правам screen shot, зошто главава расеана ми е. Ќе ве послушам и се надевам на подобра крвна слика за месец дена.
@Bella_Stella можеш да си купиш и апартче за мерење шекер за дома.Чисто ако сакаш да го имаш под контрола почесто.Мене мм од аптека ми зеде,не беше скап мислам.И он ме боцка пошто мене језива ми е иглата
Уф, не знам дали да одам до таму. Си викам за сега мирна да седам, зошто ако почнам да се опседнувам тешка сум.
@Bella_Stella Мене хемоглобинот не ми е повеќе од 109 цела бременост, железото ми беше 7, сега со ампулите на крај малце се кренало 11, ама јас цел живот мислам дека сум така. И не му се секирај, пиј ги апчињата и ампули ако ти дале, исто пиј, од нив немаш штета. Друго, за шеќерот не сум имала проблем, ама смени исхрана, по здраво јади, исфрли бел леб, и печива, тестенини исто, солена храна минимално, благо можеш какао или црно чоколадо, јас месец дена ради притисокот така правев, и после сам се оправи, така и за шеќерот ќе смениш исхрана, и ќе биде добро, и да јади многу зеленчук, тоа за се ти е плус.
Не се сеќирај ќе биде подобра,јас до 4-5 месец не можев да помислам да каснам ништо од ова погоре бидејќи бев цело време на тостови теста пица тестенини ама последниов месец два си применувам од медитеранската исхрана,да бидам искрена не се бидјеќи сепак најнормално ќе ти се пријаде нешто ама барем за појадокот,за тонусот,за салатите си применувам и до сега крвната слика ми е добра па ќе видиме понатаму