Како идеше не ми текнува пред доручек и после два часа се мереше. Јас со слични резлутати и на ендокринологија ме следеа со малото и холтер носев цела недела. Они ми направија шема и за исхраната.
И тоа држи вода Со шеќер не јас со притисок мерење бев опседната.Арно некако се одвикнав.Али уште спијам со апаратот над перница @monik55 јас само насабајле мерев и ретко навечер ако ми се слошеше наеднаш.
@thelittle17 @Maya12 @joy1 @monik55 Пред да забременам многу пазев на исхраната, прво заради полицистичните јајници, а после тоа пошто ми се појави и проблемот со тироидната. Бело тесто јадев мнооогу ретко, скоро ич, благо исто така..претежно темно чоколадо само. Крвна слика од кога знам за себе сум имала уредна, се до овој пат. Шеќерот секогаш ми бил околу 4, 4 и нешто. Железото исто секогаш добро, над 20 или околу 18-19. Но! Бременоста стварно ме промени, овошје јадам, а зеленчук скоро па ич. Со ручек секогаш јадам интегрален леб, Тонус или од Фурна Диме, но јадам и тестенини, пици, бургери, пастрмајлии, што порано не беше случај. Ден без благо скоро и да не ми поминува, станав зависна од чоколадо со кокос, чоколадно суво грозје и не знам што уште.. едноставно претерав. Ќе се јавам и на ендокринологот што ме следи за тироидната, ќе видам што ќе ме советува. Знам кај ми е грешката и ќе направам се што треба за да ја исправам. Морам и за бебе и за себе.
Ќе биде се во ред, за нашите душички се ќе направимеТуку до крај од гликозата не ти идеа нагони за повраќање?
@Bella_Stella А колку ти беше шеќерот после 2 часа оптоварување? Извини ако си пишала, не прочитав. Мене ми беше 5.0 на гладно, 6.1 после еден час, и после два часа исто си остана 6.1. Не знам што да мислам, според референтни вредности гледам дека е во граници на нормала. Во однос на суплементи за железо јас ги пијам Ferrofect од Synergy, претходна крвна слика ми беше океј, сега следна ќе видам баш.
@Bella_Stella се ќе се среди.. Јас заради алергијата јадев тонус црн,, сега не го јадам, поретко.. Пишав дека имам алергија од бело брашно,дури и интегрално брашно, компир, портокал, лешници, домати... Еден период кога ми кажааа, не ги консумира, ама сега ги јадам, претежно компир, се трудам да ги јадам поретко ама кога како... Цел живот сум јадела се.. Како мала и на белка од јајце бев алергична... Ама тоа е, се е потребно на организмот. Во умерени количини и поретко гледам да ги конзумирам.. Лешници само печени дури и ги избегавам.. Инаку газирани сокови, грицки и слично многу ги избегавам, многу ретко да конзумирам... Зборот ми е дека се што се внесува во умерени количини е нормално. Не можеме скроз да исфрлиме се од исхраната. Најпотребни се зеленчукот, овошјето, месото,млечните производи... Но се во умерени количини. Пример јас не можам без кисело млеко или јогурт... Секој ден конзумирам. Дури и прашав дали е во ред, ми рекоа ок е. Се ќе се среди. Подобро е во помали количини од се. Знаеме дека некои денови не можеме да одолееме на благо или нешто др. Ама тоа е. А за да мереш шеќер со апарат секој ден, јас мислам нема потреба. Како сакаш ти... Инаку најважно е бебето да е добро, да напредува, а се друго се средува со исхрана, па ако е потребно и со терапија. Поздрав мами..
Земи ги на Синерџи капсулите, магнезиум цитрат има 350мг и плус б6. Прашокот и течна столица ствара, мене ич не ми одговараше.
@MandyLane И после прв и после втор час 7.3 е во граници на нормала. Не е ни на горна граница, ама ај викам да не се мешам . @Bella_Stella не се грижи за шеќерот мила, најпаметно ко што рече консултирај се со ендокринологот, мада секако внимавање со исхраната е препорачливо за сите.
Од искуство....не пробувај,и јас така се храбрев ама не било така,подобро со време земи си суплемент за железо.
Ќе се консултирам со Котларова во Ремедика за неколку дена сум на преглед. Имам негативно искуство со суплементите за железо од порано. На тие што имаат проблеми со згрутчување на крвта, придонесуваат за зголемување на д-димерите. Но ако веќе е неопходно ќе се примаат, секако примам и клексани. Фала ти на советот
Слабее набрзинка во поголемите недели, јас цело време ок, 1 месец пред пораѓај 5ка ми е,ама што да правиме,пиј тоа што ти рекле,друго чаре нема. За храна јадам храна со железо,џабе ете не сака и не сака, ни со апчиња не се качи. Другарка моја со 300 ампули и апчиња од 2 до 4 и толку повеќе не можеше да го дигне. Чудна работа е ова бременоста,се ни се изремети.
Бебето ги влече резервите, затоа и се јавува анемија. Кога ке почне нагло да расте, тоа е некаде последен триместар, ретко која жена има топ крвна слика. Потоа и со доење ке се црпат резервите. Затоа здрава храна, месо, овошје и зеленчук, цвекло, мед и семе од коприва инт. Јас тотхема пиев долг период.
Мила, јас цел живот мака мачам со слабо железо, имам пишувано некаде низ темиве, нон стоп бев на хеферол ќе го оправам, ќе прекинам со хеферол пак паѓаше.. Првата бременост од сам старт бев со хеферол и од 7ца железото не ми мрдна цела бременост со константно пиење хеферол.... Од кога почнав со алое пред околу година дена да не се урочам, крвта ми е супер.. Првично го земав за син ми, па покрај него и јас почнав да си пијуцкам онака по едно чавче од ракија насабајле и кога видов стварно резултати.. Од тогаш константно го користам и крвта ми е супер... Еве веќе почнувам 24 недела без суплементи што за мене реално е повеќе од успех. Секако внимавам и на храна, колку толку, бел леб не јадам, тонус јадам секогаш кога ми треба леб, газирани и никакви сокови сокови не пијам само цедено, манџи домашни 90% од времето.... Секако очекувам да падне во периодов што следи, ама и до тука што истуркав без суплементи за мене е преголем успех. Иначе се работи за алое од фирмата форевер, нее ова никаква реклама верувајте, не го продавам јас и јас си го купувам од човек, го нема во продавница мора преку дистрибутери.... Сакав чисто да споделам едно мое позитивно искуство од производ што стварно сум задоволна, и кај мене и кај син ми. Еве ќе ставам и сликичка од Алоето што го користам јас
Јас сега го земав на солгар, немам никакви нус појави супер ми го прифати организмот, само што на него пишува 400 дека е, ама за таа доза од 400 треба да испиеш 3 апчиња.. Тоа одпосле го прочитав на упатството... И јас го пијам насабајле, попладне и навечер
И јас примам клексани,не знаев за ова,земам зголемени дози калциум заради подолго користење на клексаните. Да не знае кој пат да го фати човек...
@Maya12 па не, не ми идеа нагони на повраќање, само ми беше веќе преблаго за пиење. @MandyLane 7.3 ми беше по оптеретувањето, а 4,3 на гладно. Читав и јас дека ако е над 7.9 е алармантно, ама секако нема да ја занемарам и оваа висока вредност, ќе внимавам на исхраната. @Autumn Love фала мама, ќе се јавам утре на докторката. ќе видам што ќе ми сугерира @jarec6 да да, знам дека слабее крај на второ, почеток на трето тромесечие, само многу нагло ми дојде некако за еден месец.. Ќе се соземам и ќе пробам да ја ставам во нормални вредности, колку се може толку... @Andrejaaaaaa мила јас пред да забременам пиев Алое вера гел од Natura Teraphy, го почнав ради проблеми со алергија и алергиски ринитис, ми советуваа да го земам. Но кога забременив не бев сигурна дали смеам да го консумирам, ниту доктор знаеше со сигурност да ми каже. Читав на интернет и негде прочитав дека многу го појачувал имунитетот и можело да предизвика реакција организмот да го препознае плодот како страно тело и да го исфрли. Не знам колку е ова точно и издржано, ама се исплашив и го прекинав одма. Фирмава ја знам, колешка на сестра ми работи со тие производи, доста квалитетни се.