Како сте девојчиња?Имам едно прашање,колку често одите на прегледи,јас еден месец не сум била и веќе кризирам .Сите доктори ми се на боледување,се консултирав со трет сакав да закажам ме праша колку години имам кажав 37 на 2 недели требало ?!
Јас на 4/5 недели одам, имам 26 години Закажи си кај некој на приватно, па ќе слушнеш уште едно мислење
А која недела си? Прва бременост? Јас сум 33 год, когa беше се во ред, на 4 недели одев, сега на 10 дена...
Здраво јас прележав корона исто бев 8 недела таман да појдам за срцева акција дознав позитивна, среќа поминав лесно носот ми беше целосно затнат не дишев кога се пушти немав мирис неколку дена бев со трмпература секојдневно се слушав со матичната и јас кашлав ама направив крвна слика со д димери и црп се беше во нормална граница па не бев на снимање ниту пак пиев антибиотици само витамини помина се добро бебе се е супер сега сме 20 недела
25та недела сум,прва бременост и јас си одев на 3,4 недели и сега баш кога ми е време и матичната и Владимир и докторката од клиника ми се на боледување .Не ми се оди сеа кај четврти доктор ама ако не издржам ќе морам .
Убаво си правиш ,и јас така правев кај матичната па кај друг доктор да не ме фатат дека претерувам ,ама сега сите ми се на боловање и немам излез .
Јас сум 30 години си одам кај др Таше на 4 недели ама бидејќи мене не ме држи место после се што имам поминато одам и плус кај матичната на половина односно на две недели после Плодност и она само абдоменално ехо ме гледа а Таше и вагинално прво за цервикс а после абдоменално ехо ми прави
И матичната и Владимир се отсутни ќе треба кај некој сасвим трет,а не ми се менува ама ако не се вратат понеделнички ќе барам чаре
И јас така си правев,ама баш сега ми се погодија сите на боловање ,маж ми вика тоа ти е знак да олабавиш малце,ама не сум мирна
Најубаво ќе биде по еден ехо апарат дома, мобилен, на тркалца, и по потреба (немир) да си се гледаме....друго чаре уште 20 недели, не знам...
Првите недели и јас така правев, на две недели одев и кај матичнава и во Плодност, но после вториот скрининг ај реков само кај матичнава ќе одам. И мм ми викаше дека претерувам, ама прва бременост и пусти страв од се И мене слично ми се случи, кога требаше на втор скрининг да одам позитивни на корона беа, па кај трет бев
Чувствувам како да настинувам. Инаку сум 6 недела. Можам ли витамин Ц од 1000? Освен чај, супи, овошје некои пастиљи за грло да ми препорачате?
И јас сум хомозигот на истата мутација и правев генетско испитување во МАНУ каде ми пишува дека имам висок ризик од тромбофилични случувања. Од утре сум полна 26 недела и димерите ми беа 2100 пред некој ден со терапија на клексан 0,6. Но од друга страна времињата ми се добри, само активното парцијално е намалено на 26,6. Кај мене мора терапија али се ќе издржиме за нашите малечки