Само одмарај друго нема. Барем дадата мирна е? Јас со ова се мачкам кога ќе ме фатат нозете да ме чешаат и одма ме смирува.
Како мислиш ако е живо? И јас мислам дека не би требало да има штета али сепак се мислам да ја прашам Котларова сега кога ќе одам на преглед
Да да Па не секогаш ми се јаде со мед А и поедноставно ми е ставам малце цвекло, морковче, лимон, аронија, боровинки и лажичка семе и смутито е готово. До сега е ок али 26 недела сум кај и да е ќе почне да паѓа мора да го одржаваме
Јас семето од коприва почнав како зачин да си го користам. Во сѐ што готвам, како и во салати, смути, мусли ставам по малку. Ми се смачи од семе со мед. Исто и по 5 зрна аронија на ден се трудам да внесам. Си направив слатко од аронија за кога нема да ми оди замрзната, барем како благичко да си мцнам.
Одлична идеа.. Ќе почнам и јас како зачин да го користам, не знам зошто до сега не сум се сетила на такво нешто Фала!
Пишав еднаш порано, не се препорачува чај од корен од коприва бидејќи предизвикува контракции на матка, ама чај од лист од коприва е сосема безбеден дури и се препорачува. Овој што го имаме тука по маркети е 100% од листот, пишува на кутијата, така да пијте слободно.
Леле мама машала. Голем дечко ќе биде тој. Кај планираш да се пораѓаш? Лелее леле полека се ближат ова трерминиве. Иначе на темата купување, јас еве прер два дена си купивме количка. Наредна недела планираме да земеме и креветче и евентуално кадичка. Јас сум 26та недела. И јас не сакам да оставам многу работи за на крај пошо ќе ни биде многу тешко. А мене искрено и со ова маскиве ми е ептен мака и не можам долго да ја носам. Затоа вака дур уште лесно се движам на неколку пати у продавница за купување ми е таман. За на крај планирам да оставам тоа за од аптека шо ќе треба само.
И јас првиот пат вака, ми викаат фудбал ли игра? Ама мислам колку му чукаше него срцето толку и мене возбуда е, тоа апаратот лупа тебе паника те фаќа не знаеш дали така треба Денес нешто бебко ептен ретко ми мртка, и некако си го осеќам спуштен стомаков...и малку ме наболнува. Не знам дали се филмам или за брзо ќе се олеснам, ќе видиме
Јас го купив од билна Аптека Стојанови рефус. Ќе си пијам по една шоља навечер Фала ви @brm_brm @MandyLane
Во плодност планирам да се породам. Навистина, времето лета многу брзо. Ако во прв триместар, денот вечност ми беше, сега во трет неделата ми лета дур да трепнам. Во однос на купување, моја препорака е тие што се во можност (здравствена и финансиска) да купуваат со време. Во 33та недела влегувам, ама ни со маска можам да издржам, ниту пак да шетам со саати. Бебе веќе тежи, грчеви си имам, брзо се уморувам. Тоа од аптеката на едно влегување е, не треба шетање. Со здравје да си ја возите количката, да ја искористите максимално. https://makedonskatrpeza.com/recepti/slatko-so-aronija/ Јас со замрзната го правев, многу убаво испадна.
Ти викаш мирно ти било бебулето а мојава ќе искочи мислам од стомак. Се расклоцала, лупа, ме шиба доле а 33+2 сум. Синко беше помирен а она бетер од машко е, ќе речеш женско па понежно е. Како не..