Во Плодност како се цените за царски и природно, знаеш? инаку, детево не е престанато да мрда, 24/7 овие недели, со првата бременост машко носев, вака не мрдаше толку; сега женско носам, абе не е престанато. Има врска машко/женско? 26+4 сум
Еве ги новите цени за плодност Колку денови ќе се задржиш во болница, дополнителни прегледи за бебе, фототерапија сѐ е плус на овие цени. А колку е, што е, не знам, ваљда во темата за породување во плодност имаат напишано. Нека си мртка бебката, силна женска ќе биде. ❤️ Мене прва бременост ми е, немам искуство, ама мислам дека нема врска машко/женско.
Женскици улетав пак во темава. Изгледа пак сум бремена, наместо да се израдувам јас сум исплашена ептен. Почнувам да размислувам дали на приватно, дали на државно да одам пак, дали природно или да си закажам царски
Јас скоро секое утро од 4 - 5 се будам и дури накај 8 ако заспам пак... И после 9 - 10 се будам... Па си полежувам малку и станувам. Зависи кога како.... Еве денес од 5 сум будна... Па ќе видиме како ќе биде... Гушки мами
Јас скоро секоја вечер сум дежурна во кујна Изгледа дека лесно вечерам и обавезно ми се пријадува. Обично 3-4 насабајле ми е време за ужина Стално гледам да имам дома плазма и кремче, малце млекце и право во кревет пак Барем до сабајле ќе ме држи. Иначе секое сабајле како аларм сум во 7 и 30. Дека цело време порано за на работа станував рано и еве организмот уште ми е така навикнат
Добро утро и од мене. Ја првото тромесечие имав ако ставам ноќта тешко презаспивав после а сега немам гајле. По 2-3 пати станувам за мочкање или за рупурут понекогаш ноќно време ама одма заспивам после тоа. Ама ептен сум со тајминзиве и ја, 11-11:30 си легнувам секоја вечер (и да сакам да останам до покасно не можам ептен ми се приспива) а на сабајле 8-9 се будам. Доволно спиење ми доаѓа. Ама како шо се наспав у второво тромесечје никогаш се немам наспано а голема спанка сум си
Клексаните ти ги препиша гинеколог или трансфузиолог? Јас со таква вредност на д димери (а мислам беа и повисоки, околу 2500) но времињата во нормала, трансфузиолог ми рече НЕ за терапија, а гинеколог инсистираше за клексан. Истерав до крај без клексан и без проблеми.
Здраво, 38 недела сум, изминатава недела секој ден имав лигав исцедок, жолтеникав и бел а од вчера на горниот дел од гаќите повремено ми се прави воден круг, можно ли е да е водењакот и мирис има како на снежник. И ноќеска отидов во вц сигурно 10 пати, фала
Jas sekoe sabajle nakaj 4 saat se budam i do kaj 7 nema spienje posle prizaspivam do kaj 9 i tolku. So lesno majka ❤
Ајде добро утро и од мене Јас немам проблеми со станување ноќе. Си легнувам кон 23ч , а станувам кон 8, 9. Доволно ми е. Дури и многу Ни јадам, ни во wc одам Последно јадам околу 19, неможам мн доцна, навечер ич немам апетит, а и немам ни киселини, ама затоа наутро неможам да се донајадам Еве ја и малечкава ми се разбуди сега, клоца, и ќе си појадуваме, и неа и се јади
Dobro utro mila Jas navecher jadam nakaj 22h no ne sekoja vecher retko mi se sluchuva tolku kasno da mi se prijade. A nasabajle jadam kako dupnata So lesno majka ❤
Немам искуство, ама со оглед на неделата која си, не е лошо да тркниш до гинеколог. Ако дошол денот, ти посакувам лесен како песна пораѓај! Еее Натче, тебе добро утре во 3 и пол, мене добра ноќ во 4. Ко утка сум
Некогаш и мене ми се случува подоцна да ми се пријаде нешто, но ретко како тебе Фала ти мила, со лесно и тебе
А дека не можам да станувам, во кревет тогаш грицкам смоки, шуштам со магнезиумот, па ај малку тв.... добивам само " аман" и "цццц", на тоа репликата ми е "е да знаеш како ми е" и мир....
Ќе се навикнат мами... Јас се вртам на сите страни... И само или се прозевам или станувам.. Стојам, седнувам... И само што ти е.. Велам секлет, жешко ми е... Па и до веце што одам, вода ќе ми се припие... Абе.. Тоа е... Ќе се издржи... Па сред ноќ ако имам вклучено алишта, ги спростирам. Хаха, тоа е.. Ајде нека ни е со лесно до крај
Ајде ќе издржиме мами.. Еден период што убаво си спиев. Првото тримесечие ми беше топло, секлет многу. Таман почнав второто неколку недели си спиев мирно.. Сега пак... Се сум во веце... А и пак до хормоните, топло, секлет... Плус да треба да излезам некаде само се брзам., ми се оди во веце.. И кога пијам многу течности... И кога не пијам.. .. Фала мами, и тебе со лесно
Мене првoтo мнoгу ми беше активнo-девojче. Oва е пасивнo сега и е машкo, ептен се секирав и вo Систина ми кажаа дека машките биле пo пасивни.
Јас па мислев обратно е Моево е девојче и мислам дека не е застаната, многу е активна, незнам кога заспива воопшто Кога сум на преглед спие само инаетчика со рацете на лице, да неможам да ја видам