Има некои што тераат до крај без терапија но мене и покрај терапијата ми се толку и плус јас имам висок ризик од тромбофилични случувања. По препорака на трансфузиолог и генеколог
Мене во 5та недела ме гушеше мислата дали ќе има срценце, за раѓање не ни размислував...( и уште не мислам )
Вчера дознав, направив тест, ама сакам и доктор да потврди. За раѓање зборам дека надалеку одам со мислите хахаха Со првото не поминав баш добро, повраќање цеееели 9 месеци по 10 пати на ден, на пораѓај компликации малку, и така........ Си сакам сега второ, подобро сега отколку подоцна ама стравот ме држи не ме пушта.
Исто и кај мене, јас се туфкам со киселините, позиција не можам да најдам. Џвакам рупурути и гастрогарди, веројатно како ти магнезиум. Ама па после такви коментари, го причекувам либе да презаспие за да го разбудам да ми помогни да се свртам на другата страна.
Пред 30та сигурно, 28ма-29та. Не е толку дека не можам, колку што е од инает. Не можам да спијам, не можам позиција да најдам кај од стомакот, кај од киселините, тој си хрчи, мува не го лази и ќе потстани и ќе смрчи 'колку е саатот, оти не спиеш?', 'шо шушкаш со апчињата, се отру' 'Пробај да спиеш да не мислиш на киселините.' оти јас киселини имам оти мислам на нив. Епа ок. Јас: 'сонцеееее, стани брзо. Не можам да се завртам, тешко ми е. Држи ногава, тргај перницата...' Абе комедијанти сме.
Мила, ама ме насмеа.. Ајде нека ни е со лесно... Белким ќе не издржат....Нека знаат оти не е лесно... Да сме здрави и живи...Мене наутро ми е зорт да станам... А после тоа полесно е...
Леле и мене ме насмеа Имам време уште 2,3 недели ко така да го подготвам А и јас да поуживам засега за ништо не станувам јас, дирек легнувам и станување утрото ама затоа кога станам наутро имам мака уффф... одвај застанувам на нога, деснава страна не си ја осеќам, веројатно на таа страна спијам повеќе и додека се раздвижам мислам коските ми пукаат
Ќе не издржат, нема кај да бегаат и да сакаат. Само од сега ми најави дека ќе си купел викендица и ќе се преселел кога ќе ме фател климаксот. Инаку наутро ракета сум, можам да летнам, навечер турни ме да кинисам сум. Ама тоа е што е, ќе истуркаме уште малку, после за друго ќе си се жалиме и така.
Така е, ајде ќе биде повеќето сме го поминале, уште малку.. Сакале, не сакале, ќе не трпат.. Тоа е.. Гушки мами... Добра ноќ
Мене исто ми почнаа киселините од тој период, а предходно бевме на преглед заедно и пред мм кажа докторот да спијам на страна. Јас како за беља се на грб спијам и мм се будеше да ме сврти ако сум легната на грб и покрај сите перници и чуда пак успевам на грб да се наместам. Крчам како трактор и ме буди и ради тоа ме бутка да се свртам па и ми се извинува дури кога ќе ме буди хаха. Инаку сега дека сме поделени јас сум позитивна на корона и спиеме посебно ептен ми фали укочена се будам ми треба едно пола саат да се размрдам. Инаку ја за киселините се пробав и највеќе кока кола ми помага...
Јас на страна спијам, на грб никогаш не сум ни можела, ама штом сум во легната положба киселините в нос ми се, ми се чини грлото и носот ми вријаат. Кока кола ми ги влошува, уствари сѐ шо јадам и пијам ми прави киселини, ама тоа е, ќе џвакам таблети, ориз, соди и други чуда.
И мене не ми помага секогаш, некогаш ништо не ми помага си ја преседувам цела ноќ... Најјако ми беше идам во аптека и прашувам што да пијам ми вика ништо освен рупурут и тоа ептен кога неможеш да истрпиш и прашувам нешто чај или слично ми вика па не јади после 2-3 останав да зјапам у нејзе. И се пробав од семки од маслинки, ориз, ѓумбир, камилица, сода, кисела вода ма јок. Некогаш и денски на ништо јадено ќе ме запукаат мислам да плукнам ќе стопам пластика жими се
Исто, потполно исто. Станувам од спиење, после барем 10ч никаква храна невнесена и јас имам киселини. Буквално солна киселина, што викаш може пластика да стопи. (ако е вистина митот дека киселините се поврзани со косичката кај бебето, очекувам бебе битлс да родам ).
Ја се зезам дека моето е кунг фу панда кај мн мрда и од киселини умирам. Така да ако е точно тоа мече ќе родам...
Исто и мене Пред месец дена само одредена храна ми правеше киселини, сега веќе секоја Обично ми се јавуваат навечер и се неподносливи, мене ми помага спиењето на две перници. Ме поткрева за да не ми сметаат киселините и заспивам. После ќе поминат и ќе ја шутнам другата перница @Ula гастрогард можеш да пиеш, дозволени и се и повеќе. Но јас дека внесувам голема количина на магнезиум и калциум како суплементи, гледам да ги редуцирам за да не се витаминизирам