Кога ќе го направиш прегледот кажии дека треба извештај да ти даде крај на месец, и со истиот упат дали ќе те прими. Ама како и да е веќе ќе имаш направено преглед кај нејзе може и било кој друг после да ти даде извештај.
Да така е, најважно ми е прегледот да си го направам пошто она и терапија ми одредува, последен пат на два клексана ме стави. Па после тоа врз основа на нејзиниот извештај може и други да ми ги продолжат само
Па ме прашаа дали осеќам зачестена потреба за тоалет и дали ме болат бубрези, ама нема ништо од тоа. И не се шири накај нозете.
Фала мами, сега видов откако пиша, ама доцна ми е.. Ми рекоа 28 или 29 полна недела, а после 6 веќе ми е доцна... Па се надевам ќе завршам работа, како и минатиот пат, а за во иднина ќе следам порано.. Сега така излезе.. Ќе си одам 36 амбуланта, па ќе ме препратат.. Дај боже само да завршам во истден... Е ќе си почекам сигурно.. Ајде здравје..
@Milen4etooooo ќе биде, сигурно.. Само позитивно и опуштено... Мисли на добро... Ќе има и срцева реакција
@Milen4etooooo ќе биде бебенце ќе видиш само позитивно и не се плаши ќе има и срценце како тропа лупа само смирено ти сега. Знам дека изгледа невозможно ама пробај да се смириш и да искулираш. Го поминав ова па знам како е ама ќе биде се како што треба
Само што се вратив од втор скрининг кај Др Гордана Петровска во Систина. Инаку сум 21+6. Одличен впечаток ми остави. Детално и обемно ме прегледа, зборуваше додека разгледуваше и сѐ си беше како што треба, ми олесна многу Љубовта наша си беше заспана, со двете рачиња во тупаници врз лиценцето, не можевме да ја видиме, но извадивме убава сликичка од профил, целата си е на тато Наредно ќе си закажам попладневен преглед, кога ќе биде поактивна за да ја видиме поубаво
Јас првиот пат ког аотидов ништо не се гледаше отидов пак за една недела и бев 6н2д. И имаше и срцева акција и се виде. Многу рано си отишла. Плус кај некои покасно се слуша гледа ср акција да не се плашиш и тоа ако нареден пат не види докторот
Дај Боже... Го имам и моето тригодишно синче кое ми дава сила и со него ги оттргнувам негативните мисли. Фала ВИ, поддршката ми значи
Прв пат отидов на 2 март, др кажа дека сум 4/5 недели мало ок, отидов на 9 март ми потврди дека сум 5 недела. Сега шак треба да одам оваа недела се надевам дека има пораснато и дека ќе се слушне срценце. Туку нормлно ли е да боли кај препобоѕ накај лева нога ми се укочува некогаш з др рече дека е океј се ширам.. ама ете паника
@Milen4etooooo доби резултат за бхцг? Како ти е? Штом претходно не можеле да видат, а денес виделе сакус на ехо, значи тука е, покасно е зачнато и сѐ ќе биде во ред.
Резултатот остана кај докторот, во Четврток ќе одам на повторна контрола и ќе видиме како ќе биде... Фала, ќе ве известам што ќе се случи
После тоа што те испаничил уште резултатот да го чекаш?? Јави му се нека ти го каже а ти во меѓувреме ќе си провериш на интернет според бетата која недела си
Нема логика ти да не го знаеш колку е, има голема разлика од 23 и 2300... мене не ме држи место така, за било што да е, не мора само за бременост.
Не туку во Четврток да отидам и ако треба да повториме. И на ехо го гледаше растот на плодот одговара за 6та недела а јас сум осма недела и два дена според последна менструација и рече дека повторно ќе видиме за три дена, доколку има напредок и да нема срцева реакција ќе чекаме сеуште. За бетата кажа дека секако ќе биде висока затоа што има бременост... За неколку денови планирам да побарам мислење и од некоја приватна клиника...Ова е трет доктор каде што бев на контрола (специјализирал во Ремедика) се надевам има знаење, а побарав мислење уште од незнам ни јас колку доктори по телефон. Според сите потребно е да помине уште барем 7 дена за понатамошна постапка...