Девојки, има ли некоја од вас искуство со Гинипрал, или Индометацин супозитории? Од каде ги набавувавте?
Здраво идни мамички, ве молам за помош инаку ќе спобудалам од мисли Денес бев на редовен преглед, 21 недела сум, докторот ми кажа дека се е во ред, но кога појдов кај сестрата да ми даде упат за крвна слика, ми кажа дека требало да направиме и преглед на срценцето на бебчето (тоа неможел да го види гинекологот, го правеле само двајца др. во Мк, во Плодност или др. Драшко од Прилеп), малку ме загрижи тоа.. Дали на некоја од вас му е познато ова? Задолжителен ли е тој преглед?
Не е задолжителен, но добро е да се направи. И мене ми рекоа да го направам, а мислам и на сите му го препорачуваат. Ти сама ќе си одлучиш дали сакаш или не. Мислам 1500денари е
Не паничи тоа е скрининг на срцето да се види дали е во ред не е ништо за загрижување секако има доктори кои се стручни затоа матичниот те пратил на друго место.... Многу членки го направија тој скриниг сепак мирна да си бидиш
Здраво девојчиња...знам дека неколку пати се пишуваше,ама не можам да ги најдам објавите...кашлам,имам температура до 37.7 ме болат мускулите,во случај да е корона вие што ја поминавте како се изборивте,примавте ли некоја терапија?!
Се препорачува на секоја трудница, од 24та до 28ма недела, јас го правев во систина кај др.Драшко 3000 ден, а во Прилеп во негова ординација е упола ако планираш да правиш да знаеш
Не е задолжителен ама убаво е да си го направиш,за мирна глава,докторката што доаѓа во Плодност е од Струга,јас бев кај неа,одлична е,1800 денари е прегледот.
Vo struga beshe ili vo. Plodnost? Jas pred 2 nedeli plativ vo Plodnost 2500.. Preglednot mi traese 5 minuti
Калциум најчесто пијат трудниците кои примаат клексани. Клексаните ги оштетуваат коските ако се примаат подолго време и затоа мора да се прима калциум. Во нормална бременост немаш потреба, само јади си млечни производи. Ако сепак сакаш да земаш, прашај доктор најубаво да ти каже која доза ти е доволна
Јас го немам направено бидејќи во Ремедика не ми спомна докторката дека има потреба од тоа. Да имало каква и да е индикација сигурно би ми кажала. Докторот што ти ја води бременоста треба да ти каже дали треба или не треба да го правиш
Индометацин супозотории ми имаат носено од Албанија, можно е да има и на Косово.. Прашај и во аптеката во Систина..
Јас го правев во Плодност,доаѓа секоја последна сабота од месецот докторка од Струга.Мене докторот ми рече не е задолжително но дека е пожелно да се направи секако ако сакаме.Јас си го направив да бидам мирна глава.Сега гледам скоро секој гиниколог го предлага овој преглед
Ќе ти копирам мое мислење во врска со ковидот: Јас бев заразена со ковид во 6-7 недела,изгубив вкус и мирис и кашлав.Само без паника и обавезно да се следи состојбата.Јас примав витамин ц,цинковит ц и фраксипирин и сируп алпенкрафт за кашлица,многу течности чаеви вода супа цедени сокови и секако одмор.Мој совет веднаш да не се дава превентивно антибиотик туку да се следи ако се влоши состојбата дека и во рана бременост да се прими може сумамед ама јас не стасавдотаму.Најважно обавезно консултација со матичен гиниколог и специјалист.Сега сум 26 недела и фсла му на господ се е супер собебето,правев и нифти за мирна глава иакоповеќе што сум со инвитро.Мене ми рекоа дека плацентата не му дозволува навирусот да стаса до бебето.Ако те интересиранешто повеќе слободно прашај тука сум
Фала ти многу ,правев од брзите тестови дома негативен е...да се надевам дека е точен,ама температурава од 38 не паѓа..уште не сум се напила парацетамол.
Мене кога ми ги препиша Гордана случајно со сестрата уз муабет ми кажа дека и останале на снаата нејзина 3 ( баш толку ми требаа ) и ми ги подари. Инаку ми рекоа во Бугарија да ги барам. Едит: како си ти,правеше ли емг?