Batali sto pisuva vo niv, vo tie za ivf sto gi primav pisuvase deka se za rak lecenje i sto uste ne....ne znaev dali da cekam stomak da porasne od niv ili nesto drugo
Не се грижи.... кортикостероидите освен нивните основни дејства, антивоспалително, антиедематозно, широко се користат посебно за созревање на белодробието на фетусот, како при предвремено раѓање да се позрели и да помине се со помалку инбазивна терапија. Инаку, како лек, баш за зреење не постои, еден, таков специфичен. Овој добро се врзува за рецепторите и секаде го даваат во светот.
Индометацин како капсула го примаш, или анално чепче? Тоа е од групата на нестеродни антиинфламатоени лекови,за да ти се смири цела матка, да смири контракции.... Се ти е погодено од терапијата. Лежеше досега, лежечка бременоста ти е?
Капсули се на 6 часа,мирував демек ама не лежев,се опуштив,немам болки само имав крварење,и ептен скратен цервикс,дај боже да поседи бебе.
Смири се ти прво малку... во болница си? Лежи, одвлечи ги малку мислите, јас сум со истата терапија, лежечка бременост, не си сама.... токолиза сигурно ќе ти пуштат, тоа се инфузиите, и не мрдај од кревет....
Во болница сум,дај боже да се смири,овде ништо не кажуваат конкретно,ем се грижам за бебето ем за синчето дома ми е мака,само да биде све во ред
Смири ги нервите прво, побарај си еден Диазепам, ќе ти дадат, ке ти олабави цело тело, смееш тоа во овие услови, гледај се прво ти, малечкото, а синчето гарант е безбедно и згрижено дома... Шок е, ама поминува, ќе се бориш, мораш! Еден куп бебиња се родени околу 30та, здрави, прави деца. Тука сум, за што и да ти треба, и во порака и овде, а верувам и сите на форумов....
Какво е чувството кога бебето ика, јас сум 22+6 и пред малку забележав како стомакот ми пулсира некако, сега се најадов и престана.И дали во овој период бебињата се доста активни.Мојто премногу мрда
Женски, сакам да земам суплемент чист омега3, но не знам кој е безбеден во бременост. Кој вие го користите? Фала
Јас пијам Impyl само, а во нив нема омега3. Секако утре ќе се консултирам, но чисто сакав да видам вие кои ги конзумирате
Ако ви е дозволено од доктор слободно може да се опуштиш и да имате секс. Убав е сексот во бременоста, со оргазмот се ослободуваат убави хормони и на мама и на бебе убаво им доаѓа. Ако ви е страв баш со пенетрацијата имате и други начини да уживате. Пробајте во пози кај шо нема да ти се стега стомакот, доги, ти од горе, на страна. Ние до 12та недела немавме пошо така ни беше препорака. Од тогаш наваму си имам редовно не толку често како пред да останам бремена ама еднаш два пати неделно секако. Еве досега 27ма недела се си е супер и со мене и со бебка. Не знам како е кај другите ама и да мрда пред да имаме, додека имаме не мрда или ја не ја осеќам, ко да знае мама дека праи безобразни работи и се смирува
Ете јас во сон си завршувам работа редовно Абе ние имавме, па вкупно 3 пати од коа останав трудна ама дека стегната и не ни ми беше убаво а мислам дека и на мм пошо ја таква цела у грч... Ај ќе видам може ќе успеам да се по опуштам
Пробај да се опуштиш, ништо лошо не може да се случи. Мене докторката на почетокот кога бев цела збунка и возбудена дека прв пат и нишо не знам убаво ми кажа - трудна си, не си болна! Уживај, исто како до сега и од сега само нема да креваш тешко и да се форсираш. Уживај си во еден многу убав период од животот на секоја жена. а нешо забегам со мисли само тоа си го повторувам, трудна си не си болна
Мене па сега односите ми се мн поубави него ли претходно .Може дека сега се се одвива побавно,повнимателно па се препушташ полека и поубаво.Понежно.