Не си, и јас не можам да ги поднесам дневните влошки... врсла нема тоа со памук... па коа ќе ги видам на некои луди акции, рециклиран најлон....ниту со влажни да се бришам...одвратно ми е чувството... се знае, пред бременост лилјаковиот џонсон со лаванда, сега видермината и златно пешкирче А за односи... ич нс сум компетентна...од октомври месец...
@Bella_Stella ne e rabotava za tolku mislenje sto poise go mislis nalet Da ne bevme trudni ke ti recev mavni edna pijacka i teraj kejfovi
Фала ќе пробам и тоа .Добар бил и чај од жалфија,бел слез и куркума за кашлање,ама незз дали смее во бременост?!Дали си упатена?
Мене ми кажаа дека чај од жалфија не се препорачува во бременост. Наместо тоа замени го со чај од коприва или од камилица, за да ти се намали воспалението. Бел слез мислам дека е дозволен а со куркумата биди внимателна, употребувај ја во мали дози посебно ако примаш клексан или аспирин пошто ја разредува крвта
Море како би еден џин-тоник со лајмче сега, не знаеш. Здравје ќе си почекам до следно лето, ако цица бебе.
И тоа е знак прашање, можеби ке доиш 1 година, а може и подолго. Јас еве уште малку 20 месеци како дојам. Планирав да дојам долго ама испадна подолго од планираното.
Денес конечно пак се видовме со бебуш, со намера да го дознаам полот. Он батката се наместил, абе како да знаел шо е работата. Едно погледнување во ехото, одма се гледаше. Во почетокот беше една недела наназад со развојот, сега го стигна, па и нанапред иде, расне ли расне, вежба, шета, го искористува просторот највише што може. Се изнарадував.
А кога доби циклус? Пошто колку што читав додека доиш покасно доаѓа циклусот Чисто да знам, прво бебче ми е па се ме интресира
Јас ја прашував Симонида во Ремедика и она ми кажа во бременост заради инфекции се препорачува секс со заштита ама ако ти се чисти брисевите и немаш ништо можете да имате без кондоми. Јас и мажето исто како вие, од кога сме заедно имаме секс без кондом. Сега кога требаше прв пат откако останав бремена да имаме секс, набавивме кондоми и да ти е**м тоа кондомите, ни мене убаво ни него, ко за греота бевме. Му викам или извади го или ич да немаме, ја со ова гумава не можам, ништо не осеќам. Од тогаш навака си имаме цело време без. А и а ова со свршувањето имам прочитано дека треба надвор да биде ама еве ние до сега цело време внатре ми завршува па фала му на бога ништо не ми е. Мене баш ми е убав сексот во бременост. Маж ми на почеток во одредени пози беше малце како уплашен демек да не го стегаме бебчето ама сега си се навикнавме, си фативме терк и немаме гајле јас искрено очекував он повеќе да се плаши ама го седнав еден ден, му одржав предавање дека бебето е многу далеку од таму и дека апсолутно ништо не може да му се случи и се опушти и он од тогаш
Иначе мамички денес направив испитување за скриен шеќер, резултатите се фала богу одлични 4.82 на гладно, 7.60 по еден час и 5.2 по два часа. Ама тоа шеќерот и водата уфффф ми даде во пластична чаша, вика водата испиј ја и тоа доле шо ќе осптане како грутчиња ќе си изгричкаш, ко мислиш чоколадо. Ај водава да гадничка е мачце ама у споредба со тоа талогот е одлична. Коа стигнав до грицкање на тоа талогот мислам ќе умрев, како песок да јадеш човече страшно. Среќа што после немав проблеми, не ми се лошеше само на моменти гадно ми доаѓаше од тоа шеќерот. Е најмачно ми беше шо мнооогу ми се пиеше кафе и веќе при крај почна и да ми се јаде, ама добро, издржав женски (пошо ова муживе не ги бива ), резултати супер тоа е најбитно
Јас одма по 40 дена добив циклус. Ќе прочиташ дека и за време на доење не се останува бремена ама праксата друго вика
Девојки јас денес испитував вит д на клиничка биохемија.Резултатот ми е 45.Гледам дека овој пат имаат нови референтни вредности.Според вредностите излегува дека ми е во ред, но сепак на крај стои дека е висока вредноста.Пијам дополнително вит д, вкупно околу 4000iu.Пред само еден месец вредноста ми беше 36.Е сега не знам што да правам, дали 45 сепак е висока вредност, дали треба да намалам со суплементите?
Така е муабетот. Секако планирам да си дојам додека може дај Боже. Ќе треба и јас мојот да го седнам на едно предавање викендов.
Фала ти.И јас сметам дека е така, но на крај сепак стои H (како висока вредност), за тоа ме бунеше, ама изгледа само така ставаат.Претходните вредности им беа од 10 до 44, а сега други вредности имаат.
Дали бил некој кај Др Елена Петрова или кај Др Симонида Котларова во Ремедика на скрининг? Ме интересира која е подобра и колку наплаќаат.