И двете ги фалат многу, јас имам искуство со Петрова некои 12 години и бременоста ја водев кај неа. Не е цуци муци, нема многу муабет ама што ќе каже, така е. Само да знаеш дека не пораѓа веќе, па ако сакаш да се породиш во Ремедика подобро од старт да одиш кај Котларова. За првиот скрининг мислам платив 2400,за вториот 4500 така нешто беше (нека ме исправи некој ако грешам).
Јас бев кај Петрова за двата скрининзи и ептен сум задоволна од докторката.Решив кај неа да бидам цела бременост.Прво сакав да закажам кај Котларова но беше невозможно да се најде термин.Требаше однапред еден месец да се јавам за да закажам, а кај Елена има секогаш термини.
Девојки 17та недела сум, цервикс 32мм затворен, докторот не кажа конкретно ништо околу . Дали некоја од вас имала слично искуство и дали има простор за паника
Ako ne ti kazal nisto znaci ok ti e. Inace ke ti recel lezi miruvaj. Mene ednas mm ne mi kazaa samo ok e grloto zatvoreno teraj si
Јас за кај Елена секогаш чекам 3 недели, мада не сум била кај неа цела година може нешто се сменило во меѓувреме.
Јас одам кај Котларова и задоволна сум. Објаснува се детално но прегледите не и траат многу. Тоа ми е како забелешка. Преглед 10 мин, скрининг 20 мин. Но најважно е дека се што треба ќе ти види и ќе ти каже. Првиот скрининг е 4000, вториот 4400 а рутински преглед 2500
Баш пред малку ѕвонев, ми рекоа дека имаат за наредна недела слободни термини, ама секако не ми требаше толку рано, сакав само да си закажам со време.
32мм должина на цервикс е ок после 30та недела. Имаше некои табели колку треба да е во неделата која што си,ама не мислам дека треба да е повеќе. Кога си на следен преглед? Кај мене во 20та измерија 22-23мм и настана одма паника, ми рекоа да лежам и да примам терапија. Си ги одлежав 10 недели и после се породив во 39+1.
Мамички откако ставам вагисан вагиналети за исцедокот, секоја вечер сум како подмочана по два пати менувам гаќи. Дали е можно толку вода да прави
Незнам дали ме читаше претходно. Брисевите ми беа чисти во 12 недела но имав два пати жолто зелен исцедок и требаше да ги повторам брисевите но матичната ми е во изолација. Се слушнав со неа и ми ги даде овие вагиналети на природна база се со млечна киселина но доста воден ми е долниот веш насабајле, дури страв ме фати
Нема гајле од самото чепче се чисти исцедокот , јас исто кога ставам чепчиња сабајле сум мислиш мочана
Јас одев кај Котларова, со неа имам искуство, а таа и ме породи. Одлична е, презадоволна сум за сè. Првиот пат ме прими без термин, итно ми беше потребно второ мислење и потоа продолжив кај неа до крај. Речиси секој преглед ми беше како скрининг и само поради неа отидов во Ремедика.
Исто, за Котларова потпишувам со две раце. Јас исто си ја водам бременоста кај неа и секогаш и на обочен преглед ме гледа детално, све ми објаснува, ведра е и позитивна. И највеќе што ценам колку и да има гужва, додека не види убаво нешто што е битно, ќе те врти ќе те мести се додека не е сигурна. Одвај го чекам секој преглед кај неа.
Е баш убаво го кажа ова. Ме вртеше и мене само за да види убаво и да е сигурна во тоа што го гледа. Под 30 минути преглед не ми бил, освен ако ме викнала набрзина да види нешто. Се трудев да закажам или прв или последен термин за да сме раат. Ептен е мила и толку ме смируваше начинот на којшто зборува што едвај чекав да се видиме.
Фала ти Претпоставував дека е од нив али некако мала вагиналета а толку мокра ајде ќе се издржат уште три дена...