Не се сеќавам каде прочитав ама тие што не биле здравствено осигурани-си плаќаат за пораѓај... Како и јас што платив киретажа без осигурување во државна и тоа 21,000 Подобро ти е да си одиш во приватна ако веќе немаш осигурување
Ако немаат осигурување и на државно да се пораѓаат си плаќаат како за на приватно.Пред неколку месеци на мој колега сопругата вработена во државна институција и баш на денот кога се пораѓала немало институцијта платено за здраствено и сакаа да им наплатат исто како приватно да се пораѓа и со триста молење па директори па со потврда за стално вработување ја средија работата.Затоа ако некој нема осигурување подобро во приватна болница да се пораѓа
Снеже од 29ти ќе се врати а Пале е жена на Васко Коруновски и мислам дека нема доволно искуство. Бев еднаш на кратко кај нејзе и таков впечаток добив. Ок си е жената али и треба искуство
Дали некоја од вас има што бременоста ја води во Германија.Јас сум 23+3 и до сега само еднаш ми имат проверено за крв.Јас сакав да проверам претходната недела, но не ми дозволија со образложение дека во Германија има многу проверуваат крв и не било дозволено повеке пати.Другата недела треба да испитам за шеќер, но за крв пак нема.Дали имате вакво искуство и дали сте менувале гиниколог, би сакала да го сменам
Дур сте на темава со здравствено осигурување, да ве прашам. Како е процедурата за да сменам презиме во Фонд за здравство? Во сите институции направив промена кога се омажив и фигурирам со новото презиме, а тука некако се завлечкав и не сменив.
Сето ова напишано е точно, а во врска со породување на државно не се наплаќа ништо. Освен ако сакаш да си земеш апартман се плаќа 50€ од ден. За Гак и за Чаир исто е.
Човечки ресурси од работа треба да ти направат промена на лични податоци и во фонд и во пензиско. Барем кај мене така беше.
Знам дека не прават, до сега така терам. Сакав да си направам промена чисто за мене. Не бев вработена во моментот кога сменив презиме. Мислам дека во Фонд за здравство сега сама треба тоа да го средам. Или пак да прашам на работа, не знам стварно..
Девојки хелп, дали се дозволени херпесан и ацикловир? Цела сум херпеси на уста? Или предложете нешто друго.
Jas bev sama bidejki ne bev sigurna deka od rabota ke mi zavrsat rabota, mislam deka bese shalter 5-6, ke te upatat koga ke vlezes, davas nova licna karta si pravat kopija si stavaat kaj eden obrazec i posle toa si go obrabotuvaat i vo sistemot im se menuva avtomatski, posle nekoe vreme koga otidov kaj maticnata veke na upatot mi stoese novoto prezime
Јас користев три дена херпесан. По составот не би требало ништо да е штетно за трудници Аплицирав два пати на ден.
Прашај тогаш или види дали е можно електронски барање да поднесиш, бидејќи не знам дали работат со странки заради коронава. Едит: http://www.fzo.org.mk/default.asp?ItemID=AFCEBD1C4148A34EA9769F757FF69E7F Образец ЗО-1 треба да го пополниш, на работа да ти го заверат и со копија од лична карта и здравствена легитимација да ги доставиш до фзом. Се надевам дека без проблем ќе завршиш работа.
Јас отидов директно на шалтер таму, ми ја побараа новата лична карта и променија. Сега сум со згрешено презиме, на новата адреса во стариот град. И така
Породување на државно е бесплатно за сите,без разлика дали сте осигурани или не,така беше барем,не верувам да сменале нешто.