Не сум нарачувала ама приметив последниве денови дека дел од облеките им се исти со Baby Shopp, а во Baby Shopp се значително поефтини.
Ти благодарам многу Да знам дека може да е покасно зачнато, само тоа ми беше дилемата дали скринингот се прави врз основа на развојот на бебето или на неделите сметани према циклус. Во тој случај ќе почекам
Фала ти, ќе ја ѕирнам. Е, туку замислете одам на пораѓај и таму акушерката ми вика 'дај напон', а јас 'чекај, во видеото вика сега да дишам, а не да напнувам, немој ти мене да ми кажуваш.'
Само закажи си со време, да не снема термини. Мене за втор скрининг за на државно ми рекоа дека за април нема слободен термин.
Здраво месенца.Од која недела го чувствувате повисоко бебето.Јас сум од утре 24 недела и уште го осекам некако ниско, под папокот.Дали е нормално?
Здраво дали некој ги има користено Гино-Дактарин вагиналети поради појава на кандида но откако вчера искористив една денес многу често мокрак дали би можело да е реакција од вагиналетата или од нешто друго инаку сум 14+
Женски дали се во ред ддимери 860 во 12+2? Нормално ќе си зборнам со гинекологот утре баш сум закажана.
Гинекологот ке ти каже дали треба терапија најубаво . Гледаат и постелката дали е чиста и времињата какви ти се . Моите во 29 недела кога ги испитував излезеа 2500 , а друго се беше уредно и бев кај двајца др и никој не ми даде терапија .
Ќе ти се подигне имаш време уште , јас некаде од 26,27 почнав да го осејќам повисоко . Зависи и дали го носиш ниско бебето .
Јас ги користев, баш во 14та недела. Нормално е, се цедиш од неа.. Почесто менување веш во текот на денот. Мене многу ми помогнаа тие вагиналети, одма осетив подобрување.
Па бев пред една недела на контрола, докторот ниш не ми кажа дека е ниско.Како би знаела дали го носам ниско?
И јас во тој период го осеќав уште ниско, насекаде маваше то ест, ама маваше и доле. Последнaва недела дена се почесто горе го осеќам, 27+6 сум.
Јас сум 26+0 и баш вчера цел ден го осеќам доле ниско, под пупакот. Иначе насекаде го осеќам од 23та недела неакаде, горе, доле, лево, десно... Си се преместува
Па затоа малку се загрижив бидејки кога мавне се штрекам како да ке излезе а многу е активно посебно денеска.Нема грижа тогаш ти благодарам
Па и јас не го осекам секој ден ниското, ама денеска цело време е долу и многу е активно и затоа ме загрижи.Кога мавне целата се стрекам, а како и да ми притиска на бешиката па цело време како да ми се мокри, ама сигурно е нормално уште има доволно простор па насекаде си шетка
Прашај го на следната контрола . Не се секирај оти нормално е во таа недела да биде пониско , со тек на време како што ќе расте бебето си се шири матката нагоре .
Прашувај се оти др се малку тешки за зборување . Посебно мојава со клешти и ги вадам зборовите , она само се е во ред и тоа ... Си одам со список прашања за да не заборавам нешто .