Јас сега си дојдов од контрола, и докторот ми вели како што гледам ќе се видиме и после две недели (на следната контрола). А јас си мислев ќе ми каже дека ќе дојде бебче во меѓувреме. Ќе си тераме и ние најверојатно до термин. Ајде како и да е, да се живи и здрави, толку истуркавме сега за некоја недела сме нестрпливи. Болките во препоните не се ни престанувале. Одвај одам, ни со одмарање, ни никако не поминуваат.
Мамички ми пукна водењакоот. Го чекаме сега тато да се спреми и тргаме кон болница! 20дена пред терминот ама превозбудена суум.. Ајде со господ напред па се читкаме во породилни приказнии Spoiler јас не осеќам болки и си се осеќам баш убаво дека ќе се ,,олеснам'' и ќе си го земам синко в раце а маж ми испаничен неможе да ги најде клучевите од колата
Немам никакви болки освен тие што си ги имам стандардно(раце, нозе, препони, ќичма некогаш). Денес бев на контрола докторот ми вика супер си, и ми закажа за четврток пак . Може смешно ќе ви звучи но мислам дека ќе се породам во сабота на 4 ти октомври. ( јас дум родена на 4 ти )
чоколаде, дај бозе да биде така и да си го добиес најубавиот подарок за роденден до сега нека ти е со лесно
Буфии фала многу но погрешно се изразив изгледа. Родена сум на ден 4 ти, но не октомври . Извинете за збунката
Со лесно maweja, ако не си се породила до сега. Да ве прашам, кога водењакот пукне треба ли да се лежи? Мене докторот ми рече ако ми пукне дома, веднаш да легнам и да повикаме амбулатно возило за да можам во него да лежам до болницата. Знаете ли за вакво нешто, или мојот доктор претерува?
Не сакам дополнитлно да те збунам , но мојата докторка кога ме припремаше за пораѓај бидејќи јас имав милион прашања, конкретно за водењакот ме советуваше, штом пукне, да се истуширам со млака вода и да бидам во вертикална положба, значи никако легната не знам како може сосема спротивно да кажуваат двајца доктори. Имено, мене во болница ми го пукнаа водењакот и токму по пукањето ме станаа од кревет да чекорам Повторно ке кажам не сакам да те збунам, но ова ми се случи мене. Те поздравувам и ти посакувам најлесен пораѓај
Стварно незнам... И јас нигде немам прочитано дека некоја веднаш легнува. Сите се тушираат и одат во болница... Се надевам дека и мене ќе ми го пукнат во болница. Ти благодарам на одговорот.
и мене ми го пукнаа во болница водењакот и бабицата што ме породуваше ми рече да се движам цело време дека поарно за мене е и само когА ќе ме фатат болките да застанам и да си го "нишкам" бебето. секој различно советува
од денес се префрлам во оваа тема... само што констатиравме бременост преку крв, се уште немам отидено на ехо, рано е, ајде со господ напред на сите да ни е лесна бременоста и да споделуваме искуства и мислења
здраво женски, најпрвин честитки на сите нови мамички нека ви се живи и здрави бебушките,гушкајте се и уживајте. Јас бев малку отсутна оти бев во гужва,имав мн работи да завршам па и за мк бев,се помина добро фала му на господ,еве во 35та недела сум ама некако ме фака паника па и дека се преселив овде неможам гинеколог да си најдам и баш крајниот период јас ко изгубена сум,кој зафатени,кој преполни,мора да барам некој приватен,ама не да се скапи овде уффф .. бев на брза помош само преглед да си направам,бебуш е добар,свртен е спремен да излезе хахах. Сакав да прашам има некои посебни прегледи кога се влегува во 9ти месец?? п.с нека им е со лесно на сите што се на крај со термините и на сите нови идни мами. имајте убав ден
брисеви правев во 36 недела и потоа 37 бев на цтг во 38 пак на цтг и вечерта се породив а цтг ништо не ми покажувАше, освен тие други не сум правела
јас не живеам во мк и ни еден брис не сум правела во бременост,инаку едно цтг ми правеа кога влегов во 8ми месец. па сега нз кога пак да одам јас супер си се чуствувам,бебуш само ме клоца нон стоп,ребрата ми ги искрши
Mamicki bev denes na kontrola mi rekoa plodovata voda e zgusneta i zatoa carski mnogu mi e strav a utre Mora da mi napravat ajde kazete mi Kako e carski ke bidam li svesna za da go vidam odma bebceto