Кај мене се гледаше само сакус (многу рано дознав) , докторката ми пиша потврда дека сум 2 недели плус од што бев и истата ја однесов на работа.
Ако ти дозволуваат условите да работиш од дома така ќе ти биде, ама имаш такви кај кои не важат никакви потврди, и пример лично за мене, што не те ни прашуваат како си моментално (позитивна сум) туку ти викаат "Еј супер, таман ќе можеш да се вратиш на работа пошто ќе ја прележиш"
Не вреди во последните денови од бременоста ти да се нервираш вака. Уживај прво кажи си да ми биде живо и здраво детето се ќе се среди. Ќе најдеш работа, негде кога ќе има 5 месеци почни со барање за да најдеш до кога ќе има 8 месеци. Јас сум и до небо благодарна на мојата фирма која ми искочи во пресрет и првиот пат и сега и за ништо не ми прелекле. Сега користам мерки и зимам 100% плата. Може работата нее кузнае што ама најбитно е фирмата да е погодена а и јас си се навикнав.
Isto i jas, toa pa SiderAl se okolu 45-50den apche...A koga ostanav trudna istite mi gi dadoa pa i Magnesium so VitB6 od 900den. Nedaj Boze da kazesh u apteka deka si bremena odma ti vadat trista se najprirodno najdobro najefikasno op ostaj 100€ i teraj si rabota haha
Здраво мамички, како сте? Јас да кажам добро,а може и подобро. Вчера цел ден не ми беше нешто добро. Се чувствував омалаксено, немав апетит многу, ми беше мн ладно, а надвор беше облачно и топло. Левата рака ми е отечена веќе некое време.. Над палецот, тетива ли, не знам.. Ме боли често, ама вчера ептен.. Не сум била на др. Треба да прашам.. Раце трпнат пијам магнезиум директ по 2 на ден. Синоќа ми беше лошо, се препотив и си се исповратив се што пробав да јадам... Ми олесна. Не знам од што е... Само ми стана чудно наеднаш така..
Од бременоста е или имаш измешано јадење ,,, сабајле јас така станав со вртоглавица и одма повратив .. почеток на бременост не повраќав сега почнав на крај .. ти која недела си ?
29 недела.. Епа затоа се зачудив, не повраќав на почетокот, само 2 пати, од кисел чај.. И не сум повраќала
Мене обично ми е 100/60, ама во бременост на 2 пати ми се 'поткрена' на 115/75 и скрос така ми беше со гадење, повраќање, препотување со ладна пот. Како и да е, поминало, нека не се повтори. Надвор времето е преубаво, ајде да шеткаме.
Да убаво е денес, ќе шетаме, здравје, сонце има топло е... Може и од времето да е.. Помина... Важно бебе е супер си се тегне, си ужива.. Гушки мила
Кога ќе се осетиш така измери го притисокот, па ако е покачен или намален да знаеш соодветно да постапиш. Можеби и храна си измешала па од тоа ти се има слошено. Хидрирај се повеќе, пешачи колку можеш и ќе бидеш ок. Ќе има сега и такви денови во трето тромесечие, ама ќе издржиме, силни сме ние.
Да, да силни сме..Течности пијам многу(без вода не можам и грло ми се суши) ќе помине се и ќе издржиме.. Гушки мами.
Три дена вака се чуствував и пропратено со големи главоболки. Вчера дека убаво времето скоро цел ден надвор бевме и подобро ми беше. Притисок, шеќер се ми беше добро а јас пукав од главата, гадење и гасови. Денес сум како нова. Ќе одам кај матичната сега да ме види, ме фатија паники за бебево 4та недела го немам видено.
На ГАК прават брзи тестови за ковид пред прием,ти земаат крв од прст и зависно од резултатот те сместуваат или во делот за здрави или во ковид делот,немаш потреба унапред да правиш тест. Тотхемата ако ја пиеш комбинирај ја со сок од портокал цеден навечер и после неа до сабајле не јади ништо,и внимавај ги бои забите.Ја ич не сум задоволна од неа,грда е за пиење,тешка за стомак и кај мене немаше ефект.подобра опција ти се хеферол капсули да ти препише матичен ,тие се само железо и немаш ризик за забите,идто најдобро е да ги пиеш после вечера во комбинација со вит ц и потоа до сабајле да не јадеш ништо за да се апсорбираат во организмот.
Мене околу 1-2 недели ми е така како што пишав исто како во прво тромесечие само сега бебе што е големо и се тегни а и меше големо..... Гадење-притисок нормален повраќање главоболка киселини и сл.. Како и да е земи си јаболко зелено ладно млеко или кока кола мене така ми се смирува желудникот пробај може нешто ќе ти помогни
Скроз се сложувам. Не само што не ги интересира дали си бремена или позтивна на корона или што и да ти се случува туку и потврди да носиш не важат. Јас така лани кога останав бремена докторот одлепуваше колку се нервираше.. ти си бременаа корона имаа дома треба да седиш. Му викам не разбираат на работа и не ги интересира. Ми даде потврда со која ме ослободува од работа... и така фино лепо ништо не им значеше на газдиве, ми го зедоа цел одмор и плус од плата за деновите што не идев. Сега сум пак бремена, ама ќе им кажам кога ќе почне да ми се познава. Да не се нервирам предвреме. Кога си газда не те интересира ништо ваљда. Свака им част на тие што наишле на такви со разбирање и што прифаќаат потврди и корони и слично. Со помин да ти е короната мила тебе