@monik55 @KittyCat:) фала мамички, еве сега јадев супа, леб и малку мармалад. Па ќе видиме. А жедна сум многу, ми доаѓа цело буре вода да испијам, веројатно што сум дехидрирала. Ќе помине мамички, фала Ви на сите... Инаку мене ме загрижува и раката, нели спомнав погоре, отечена е и боли.Треба да прашам дали смеам да пијам за отоци едни таблети на природна база се Сепартазе така некако беа, се пијат неколку дена пред јадење наутро... Во правец на палецот е..
@monik55 Супер мама, и јас планирам да одам денес на преглед, ќе го видам моево малечко и баш и јас ќе прашам за ова од синоќа и за раката... Ајде па со убави вести да се вратиме и читаме... Гушки мила
Здраво, дали може препорака за добар гинеколог што е љубезен и знае внимателно да се посвети на пациентот. За водење на бременост ми е многу важно.
Фала драга, ок сум, веќе мислам и дека ми поминува со многу благи симптоми сум... Кажи си со време, седи дома, страшна самата помисла дека си позитивна... Психички е повеќе, страв цело време те држи. Јас премногу се пазев верувај, со две маски, со спрејче со алкохол, само кога е неопходно излегував (за контроли, лаборатории...) и ете пак фатив. Кај мене на работа се сега со муабетот "Ти реков и да доаѓаш на работа и да седиш дома ете пак можеш да фатиш, ама среќа не ти е од кај нас..." Ах бееее, само да ми помине породилното, очи нема да ми видат
Поминав на преглед, пуста параноја сум. Бебе си е супер, понапреден за 1 недела, исто како батко му, цервикс ми мереше сее во нормала. Наредна недела сум на скрининг па дај боже и таму да е се во ред. Ми кажа дека е нормално главоболка и гадење да осеќам, си расте бебето. Повеќе на свеж воздух и многу течности. Од што бев драгане многу сум возбудена, заборавив крвната слика да и ја покажам. Ми потврди дека има свирче Знаев ми кажаа на Гак ама викам ај да не згрешила докторката.
Мила јас не сум моментално позитивна, ја поминав во Ноември, но се плашам да не фатам пак сега оти тука не се чуваат баш баш... дива лига е. И јас тоа викав, да помине се во најдобар ред и јас не им се враќам после породилно
Хаха, ајде се ќе биде во ред. Ќе одам на скрининг и јас. Ќе биде се ок. Позитивно мисли се ќе биде добро. Инаку општ мат прашав за раката и вели најубаво да одам на ортопед.. Вели дека е изгледа карпал тунел синдром.. Дека се јавува во бременост, читав сега... Па ќе видиме. Ајде белким ќе помине.. Ако некоја има нешто слично молам за мислење.
Јас имам веќе 3 недели Карпал тунел, ама во скрос најлоша фаза каде што левата дланка и прстите не ги осеќам, 24 7 ми се вкочанети, и од сон се будам навечер на секој саат и пол до 2 со страшна болка и во двете раци, па морам да станам, држам ладни облоги, зелка, џабе тогаш за тогаш пак, пак ќе легнам и пак ќе ме фате за 1 или 2 часа. Јас сум психички збудалена, на нерви мава, 3 недели левата дланка со прстите ми е нефункционална, вкочанета ми е постојано, и некогаш од нервоза од ѕид ја мавам.... Зборував со ортопед, за жал сега не може ништо да ни помогне, освен ладни облоги, зелка, магнезиум, вода многу, ама ништо не помага џабе е, и еве сега ти куцам со 5 пати пауза оти ме болат прстите одма штом ги оптеретам. После пораѓај ако не се изгубе (најчесто се губат симптомите) кај мене највероватно нема рече пошто ептен е изразено, ќе примам инекции или операција, има и апчиња за тие во поблаги фази ама за жал сега никако не сме смееле, и после на крај физикална терапија... Се молам у секој момент да ми падне водењакот или чеп да падне, оти сум полудена начисто.
Мене ми е месец дена, ама од вчера на тука мн боли.. Пред тоа не се замарав, ја раздвижува и поминуваше помалку. Ама болеше пак. И јас на левата рака.. Значи кај ни е крајот...читав на нет, не е лесно. Па и тоа трпнење на рацете, дури до лактот се лучува... Ајде белким ќе ни помине после пораѓај, Господ нека не чува...
I jas si go imam istiot problem, posebno mi e izrazeno nautro celi dlanki me bolat, a preku den vaka mi popusta. Mene pocna vo 9ti mesec da mi se pojavuva pred toa nemav problem.
Женички нормално ли е болки во половината не сум многу 11+5 сум, додуша денеска малку низ дома повеќе сработив и сега на крајот миев тањири и што се вика одвај достојав
@monik55 @An4e24 Мамички добри сме, супер сме... Напредуваме 29+3.. 1 400..супер сме... Прашав и за трпнењето на дланките и ми рече повеќе течности, калциум шумливи и мулти шумливи да пијам, сок од лимон, физичка активност.. И со ацидибориси облоги... Друго ништо.. А за понатаму ќе видиме после бременост, може вика да се развие реума, артритис... Здравје само.. Може и не.. И ми даде препорака крвна слика и димери да испитам другата недела. Поздрав мамички и убав ден. Гушки... ..
Те пратам на форумот цело време, слични судбини не делат, и многу се радувам кога те читам со убави вести.
@Larahappy мила денес правев крвна слика. Нит Б12, нит вит Ц помага. Тромбоцити скрос на долна граница, еритроцити под долна граница, хемоглобин се држи ист, серумско железо на долна. За нигде сум, ама ќе издржам уште еден месец, не планирам веќе ништо да земам. Доби ти некакво инфо за тромбоцитите и еритроцитите зошто би биле ниски и дали влијаат врз плодот?
Можеби темава не е за тука, да си олеснам нешто што страшно ме иритира, мојот свекор што ни се мешаше како јас сум требала да останам бремена, дека неможам да затруднам маж ми да ме остави. Ние си решивме бидејќи ние сакаме да си направиме бебче и сме пресреќни за овој благослв. Бебчето е девојче што мн го радува маж ми , јас само да е живо и здраво.. свекор ми сега збори леле снао само едно машко дете да ми родиш и збори здравје син кога ке имате соба на него ке му направите. Хаха незнам стварно како бе постојат вакви лиѓе во 21 век??!? Дека машкото дете е повредно? Прво па машко боже..
Извини вака, ама како комуницираш со таков човек? Па уште и бремена? Малку ни е короната нас, астероид не спасува....