Еве само што доаѓам од 2 места консултации. Прво бев кај др. Шурлани во чаир и вика каков хематом тебе се внатре ти е чисто,види збори со трансфузиологот да ти намали клексан и аспирин. Ок си викам сега каде. Од таму Димчев во Систина, човекот одручек го станав, преглед бебето е супер да се консултирам со трансфузиологот за клексан от и аспиринот. Пошто ме води јани а кај него да се стигне е тешко, ќе одам кај
А да пробаш да спуштиш некоја од апликациите за wifi cracking passwords можеби ќе ти се посреќи,порано имав една таква апликација и ептен ми вршеше работа,ич не се сеќавам кско и беше точно името,сигурна сум дека ќе најдеш нешто на play store.
да во право си, над 30 мм ми спомна, мене ми е 48. Тоа е ок и нормално ми кажа. Исто, не знам која пиша - мерат и ако има индикација. Да и тоа е точно, и се пожалив на болка во долниот дел и рече ајде да мерам цервикс.
Денес се видoв дo матичната, земав упат за вo друга лабаратoриjа. Ќе испитам за една недела па ќе инфoрмирам. Мене oд 100 на наjдoлна граница, 102 ми се.
Здраво женски. Свечено да им посакаме добредојде на моите киселини. Значи заедно со третото тромесечје, си дојдоа и тие... Точни како швајцарски.. Будна сум од 3 и еве уште не спијам... Што конзумирате за киселини.. До сега немав воопшто, поима немам што да се напијам... Утре ќе си купам од тие гастрогард знам ги пиете сум ве читала, ама ако има некој буден да ми каже вака природно што да земам да ги намалам... Аххх поздрав мамички
И мене ни беше матична во бременост. Од форумов дознав дека постои мерење на цервикс ,и на крај на прегледот во 20та недела случајно ми текна , викам а цервиксот колку ми е? Го мери 23-24мм не ми текнува точно. Па кога почна да се дере,да се возбудува,па што правиш ти девојче леле матката нема да издржи! Можеш да замислиш каков стрес беше тоа за мене во моментот,реакцијата нејзина? Викам јас немам поим што правам,а што треба да правам? И одма во систина ме прати. Да не пишувам понатаму, имам кажано што се случуваше,битно матката издржа до 39+1 а од 20та недела на контроли одев во систина,кај Надица само за упати. Расеана,изгубена меѓу толку пациенти, јас и подавам крвна слика со ниско железо она ја става во картон без да ја погледне. И викам мислам железото ми е ниско? а да, треба терапија! Така да,побарај и мерење сама.
И јас дознав од тука за цервикс. И твоево стварно, од памет не вадат а фино лепо ги плаќаш, башка матична. Мене ми е криво што не дознав тогаш, да ја преправев приската (на приватно ќе појдев) што мораше тест да правам - по мое немаше потреба, не знам може грешам. Така да и јас не ја препорачувам, ќе треба нов да барам
Женски јас конечно си го видов малото после месец и пол и му Благодарам на Бога се е супер. Бебето си напредува одлично, си одговара за гестациската недела, 1020 гр е веќе мажето . Цервикс ми измерија прв пат, и тоа не на мое барање, докторката праша дали имам мерено до сега и реков не и вика епа ајде да измериме. Искочи над 40мм што она ми рече дека е одлично. Бебе е свртено сега хоризонтално, главче лево, ножиња десно Само ми рече постелката не е хомогена, и не ми објасни нешто повеќе, и јас од толку работи за прашување заборавив да ја прашам. Што значи тоа знае некој??? Утре ќе одам да испитувам крв, и го стартувам званично трето тромесечје
СуперСамо нека си расте.Постелката може да биде нехомогена ако пример има лакуни.Кај мене е така.Ќе треба да испиташ ддимери и хемостаза.Доколку се високи ддимерите односно времињата скратени можеби ќе треба да примаш клексани или фраксапарини.Но за тоа секако ќе треба да одлучи трансфузилог.Не се секирај и кога постелката е нехомогена, не значи дека е нешто страшно.Се додека бебе напредува, се е во ред.
Ќе биде мама, се најдобро. Мене некни 3 пат ми мереа цервикс 39мм. Ми мереа 12 и 16 недела. И оттогаш не е мерено. Рекоа дека е супер. Нека ни е со лесно до крај... Силни сме ќе издржиме.
Девојки вие што рефундирате клексани или фраксапарини, дали имате добиено рефундација на средства сега во брзо време? Јас добив писмо пред една недела дека ми се одобрува рефундација но средства сеуште немаат пуштено.И ме интерисира во врска со потврдата што ви ја издава матичниот гинеколог, дали датумите на боцкање мора да се совпаѓаат со датумот на извештајот? Пример извештајот ми е од 18.02, а фраксапарините ми се купени на 19.02.Дали во потврдата да стои дека сум почнала со боцкање од 18 или 19?
Фала ти мама. Јас имав испитано само ддимери и го покажав резултатот рече дека е ок. Баш и на идење и спомнав дали треба пак, рече за сега не, ќе видиме понатака... Дај Боже да не е страшно, ми закажа наредна контрола за 3 недели
Во февруари и мене ми доцнеше исплатата, после една недела од писмото. А во однос на датумите за потврдите мене ми имаат континиутет. Секако со датум после извештајот од трансфузиолог. Пример ако првата потврда ми е заклучно со 2 март, следната ми е од 3 март...
Мамици денес јас бев на контрола докторката ми вика бебе е се уште карлично , и за две недели на контрола ако не се сврти ке ми закаже царски јас ваква И ми вика поубо да не се сврти да не се заглави некаде со папочнана врвка бебе сега е 3 кила и 100 грама и сега имам 1000 прашалници во глава
И мојава е свртена карлично ама доктор никогаш не искоментира такво нешто. Малце стрес имаме во ова време невреме уште такво нешто да кажи.... не се секирај се ќе биде како што треба и да се сврти и да не се сврти се ќе помине во ред