Баш тоа сакав да прашам.И кај мене ги имаше на втор скрининг.Докторката ми кажа дека остануваат до крај.Е сега кога бев на преглед во 24та недела, матичната ми рече дека се многу мали, а во 27 ма недела кога бев на клиника, ми кажаа дека плацентата е добра и дека е хомогена.Прашањето ми беше дали воопшто постои шанса да се поднамалат или да исчезнат по зголемување на терапијата? И јас на фраксапарин од 0,6 последните 3-4 недели. Ти благодарам.Јас имам поднесено на 16ти март, значи треба да има и кај мене во периодот што следи.
Па мила мене затоа и ми ја зголемија терапијата. Кај мене не беа големи едниот беше околу 10-12мм а другото помало но со зголемување на терапијата се уште помали. На извештајот ми пишува дека се во регресија. Така да не се секирај, ќе си се намалат а скроз да исчезнат не верувам пошто со напредување на неделите нормално е да има оштетување на постелката, затоа се и тие степени на зреење
Фала ти мила,значи сепак постои шанса да се поднамалат.Се зачудив кога во последниот извештај за фраксапарини, докторката од гак ми пишала хомогена постелка.Барем нека се намалуваат кога не можат скроз да исчезнат.Јас сум на преглед следната недела кај Петрова, па да видам што ќе каже и она.Инаку конечно успеав да закажам кај др.Јани за во април.Не ми се верува дека почнав толку да се радувам на доктори и прегледи
И кај мене пишува хомогена постелка. Тоа е добро Иначе јас бев кај Јани имав закажано уште пред два месеца. Нешто расеан беше, нервозен и три пати му кажав да ми пише во извештајот клексан од 0,4 и 0,2 а он пак ми пишал клексан од 0,6 Сега ми е страв дека нема да ми го рефундираат
А само што успеав да стигнам до негоМислам дека клексан од 0,6 како таков не постои.Така барем ми кажа трансфузиологот од Ремедика, дека има само фраксапарин од таа доза.Може пишал од 0,6 и според тоа се подразбира од 0,4+0,2.Но со фондот никогаш не си на чисто што ќе им текне.А да си закажеш еден преглед на гак за извештај.Супер се докторите, ќе ти излезат во пресрет и ќе ти напишат извештај како што треба.Најдобро да ти напишат клексани од 0,4+0,2, по 30 од двете дози, за да не имаш проблем со фзо.
Postoi registriran e ama mene mi rekoa use na pocetokot deka isklucitelno tesko se naoga. Ova bese muabet koa nemase voopsto nestasica od inekciive
Прашав и за уринокултура дали треба да испитам, ми рече нема потреба. Пред 3 мес последно испитав. И нас многу не замараат со испитувањава и затоа се стресираме. Австралија два пати на ехо одат и толку. @Andrejaaaaaa од трилечето ти е да, кај спомна ми се пријаде
Јас идам секако и на ГАК ама сакам и извештај од трансфузиолог да имам пошто он ми ги пишува за подолго време и можам да купам повеќе клексани одеднаш. Сега тешко се наоѓаат и вака со два извештаи некако ги покривам
Женски бев денес вадев крв, сега ми стигнаа резултати и железово пак плафон... Прошлиот пат кога беше вака го поновив искочи помало, сега во друга лабараторија пак високо.... А хемоглобинот под граница... Што да правам сега незнам....
Ништо не пијам, појачав на спанаќ, цвекло, аронија и чај од коприва. Денес ќе прашам дали треба нешто дополнително. А јас супер се осеќам.
Ама јас знам по другарка кога имаше високо железо и забранија баш такви работи што се богати со железо зашто не е убаво ни високо ептен... Другарка ми не беше бремена ама што знам ваљда исто е.... Во таква ситуација никако не си... Јас сум ок, неможам да кажам супер сепак имам некој вртоглавици кој баш периодов се интензивираа... Ваљда од паднат хемоглобин мада не ми е нешо екстремно паднат... Поима немам веќе...