Друшки, не ги гледајте референтните граници од лабораторииве, тие се за општа популација. Во бременост се јавува тн. физиолошка анемија. @Andrejaaaaaa сметам дека за неделите ти е добар хемоглобинот, ама матичниот го има конечниот збор . Еве на овој сајт ги имате референтните вредности во бременост (со референци) на повеќе анализи според триместар http://www.perinatology.com/Reference/Reference%20Ranges/Reference%20for%20Serum.htm
Супер си ами како . Ќе видиш пак што ќе ти каже матичниот, ама ваљда и нашиве се водат (до негде) според овие вредности, јас до сега само еднаш испитав крвна слика на крај од прв триместар (не прашувајте зошто ) така да многу немам правено муабет на темава.
Само што ми пиша. Истото ми го кажа не е страшно, само ми рече да земам два пати на ден вит ц од 500мг и фолна со б12. А јас секако на план бев да почнав со вит ц
Исто се пријавувам и јас хемоглобин 11 железо 28 два пати проверив исто.Мене др Таше ми даде да пијам лактеферон плус за хемоглобинот
Мене ми мути вода што првиот пат одкако ми беше чудно дека е 29, го поновив тестот искочи 13... И тоа ми беше веќе верен резултат... И еве сега пак 31.... Не ми се поновува пак нон стоп само по лабаратории од здрава ќе закачам некоја болест..
Браво за линкот.Да не се мачиме да толкуваме резултати според референтни вредности кои важат општо за сите, па да се вадиме од паметБаш ги отворив сите резултати што ги имам, да ги протолкувам како што требаФала ти најмногу.
Фефофектот од Синерџи, пари вреди.... и железо и Хгб во голем пораст, за десетина дена користење... Да, знам дека ми се сеуште празни резервите, но многу ми помогна...
Фала ти Натче Видов дека во состав има Б12 и Ц, си реков ако земам ќе ги фрлам барем тие, ама не, мора по цела рака суплементи да се зема.
Ситно, ама кога ќе видиш колку време уназад земам суплементи, исто ти се фаќа. Порано ги тинтрев да не е сѐ наеднаш, па во исто време ау ау, сега се после ручек голтам, ми се смачи.
Ама па колку добро му влијаат на синче. Ко вчера да беше ко пиша дека е 300гр, а тој веќе 600гр е. ❤️ Ќе издржиш мами.