Јас почнав од 34 недела, и одма ми направија цтг. Со првата бременост бев кај Митко Ивановски, но бидејќи е на боледување подолго време, се одлучив за Јорданчо Иванов.
Незнам искрено, кај мене е бебче ептен спуштено доле и имам притисок и болки во препони, па можеби затоа одма ме ставија на цтг. Знам со првото бебче почнавме од 36 недела со цтг. Само цтг незнам колку е, кај мене имаше и ехо и цтг и си платив 2350 ден.
Незнам, мене ми наплатија, иако на сметката пишува гинек. преглед, можеби и не е наплатено цтг. Инаку јас немам оставено капар, мислам дека нема такво нешто. Ај баш во вторник ќе се распрашам убаво.
Јас знам во Ремедика дека се остава капар 6000 ден. и цел месец е покриено ЦТГ и прегледите. Ако не сум во право нека ме корегира некоја членка но така пишува на нивната страна
Мешиња да ве прашам нешто,вие што сте бремени со ин витро дали докторите ви велат дека најчесто ин витро бременостите одат со царски? Двајца доктори така ми рекоа досега...
Јас сум со инвитро и др Таше ми нема спомнато дека ќе треба со царски туку ми кажа дека здравје во зависност од поставеноста на бебето,ширината на карлицата и секако големината на бебето ќе се одлучи дали природно или царски.Ти кај кој доктор си?
Денес прв пат бев кај Сотир,здравје кај него планирам да се пораѓам,кога му кажав дека сум со ин витро,реакцијата му беше таа,ауу ќе треба со царски,кажав дека не сакам царски по секоја цена туку само ако има индикација во моментот,ок ми рече ќе видиме на моментот,стварно не сакам да сум осудена на царски само заради тоа што сум со ин витро
Мислам дека заради ин витро можеш да бираш како сакаш. Некои доктори велат дека ин витрото нема врска со начин на раѓање, а други сакаат да превземат во свои раце, царскиот има помалку варијабли и можност да се искомплицира.
Да,така ми објасна и докторот као ризикот по бебето е многу помал а нас ни бил многу потежок патот до него и можеби единствена шанса и затоа,ама сепак не треба да биде пресудно.
Да и јас така имам слушнато,дури и како предност е ако си инвитро да можеш бидеш со царски,(пошто не ти прават царски ако немаш индикации поготово не во државниве).
Да, има доктори кои ке се нафатат природно ако мајката сака. Ама некои не сакаат да ризикуваат, па царски им е најлесно. Да, во државна ако отидеш без врски да раѓаш, ке те 'мачат' иако тоа раѓање е природно и е такво какво што е.
Ич не би сакала царски освен ако во моментот не е загрозен животот на бебето и сакам тоа да биде репер,а не како е зачнато.
Kako sto ti pisale toa e posigurnats opcija za poragaj so pomalku komplikacii. I jas sum ivf nejkev carski ama karlicno mi e pa si se pomiriv so carskiot
Најрелевантно е да се суди како ќе се роди бебето според други фактори по горе спомнати како постација на бебе, големина, ширина на кралица, симпиза, болести на мајка или на плод. Јас свесно ќе одам на втор царски, со првото до крај бев магарица и одев за природно и покрај што матичниот ми кажа дека ќе мора царски. Поминав како што поминав со хитен царски. Затоа слушајте како ќе ви каже доктор.
По твоја желба смени доктор или Сашка ти кажа дека нема да дојде докторот во скоро време. Јас треба да одам за месец дена ама Сашка ми кажа ќе видиме ќе се договориме. Не ми спомна закажи кај друг.