Јас сама психички си се подготвувам за со царски дека ќе сум и со ин витро сум и близначка бременост па која е веројатноста за спонтан пораѓај си велам издржав претходно две операции та царскиот ќе биде полесен во споредба со тоа со господ напред,а и на крај што е важно како ќе е важно се добро да се заврши со лесно на сите нека ни е
Па тоа ми е најлогично. И јас за првото така направив, во Санте плус се породив, од 35та одев на цтг, бесплатно ми беше, оставив 100€ капар, и после кога излегував само доплативме остатоткот. @Lea_85 ај баш прашај како им е, јас сакам да знам за цтг од кога можам/дали се плаќа па да мислам на доктор. Гледам сите ми се горе долу познати по презимињата.
Јас бев исто со ин витро и секаде кај што сум одела на прегледи истото ми го велеа,бидејки сум ин витро,бидејки трето,поради годините (40),најчесто е со царски.Док.што ме следеше после 36та во Чаир истото ми го кажа ,така бидна царски и фала му на Бога се помина во најдобар ред и операција и јас и бебе,еве раната одамна веќе е зарасната.Се е супер.
Мене бебе само еднаш ми беше завртено, да кажам легнато во хоризонтална положба, цело време си е надолу со главичка, дури и ми рекоа од мене зависи, ако остане така до крај, природно да си се породам... Здравје само да сме здрави и живи..
Девојки ај некоа ако носи труднички појас да пише искуство, јас сум хаос со него, се жалев на док. дека ме боли грбот при стоење и движење и чуствувам притисок долу исто при движење и ми рече да си купам појас, е сега јас незнам колку треба да биде стегнат, ќе го стегнам мислам којзнае што му правам на бебе го повредувам , и реално си затега баш, па ќе го опуштам , вака пак нема никаква корист , пак ќе го стегнам поиќе пак исто и така во круг, незнам стварно
Мила јас зедов, ама многу ми ствара секлет. Го носев некое време, разлабавен, не многу стегнат, само за лежење и спиење не го носев. А моментов не го ни носам, ми текнува некогаш кога пешачам, ама не сум го ставила, треба да пробам.. А инаку има ефект, не боли грбот и половината многу..
Ќе пробувам и јас не се откажувам, само ти викам ми е страв незнам колку треба затегнато да биде, ај ќе се научам валда
Не знаев каде да го поставам прашањето ако некоја мама знае да ми каже, дали додека мајката е трудна со второ, првото може да го носи во градинка, иако работи од дома? Има ли некој "закон" да ако мајката е трудна и може работата да ја извршува од дома, детеро да не го примаат во градинка? Што според мене е незамисливо пошто ниеден родител не може да работи со мали деца дома ама у нашава напатена земја се е можно. Значи само некој ако си сигурност знае ве молам. фала
Комшика моја работеше од дома додека беше трудна со второто а првото си го носеше во градинка без проблем. Немаше никакви проблеми. Јас имам и си го носам само за пешачење. Убаво ми доаѓа, не ме боли грбот и полесно ми е одењето. А околу стегањето ќе си го наместиш да ти е таман, значи не престегнато не прелабаво. Јас некогаш дури на сред одење ако почне да ме нервира застанувам и си го разлабавувам. И на најлабаво да ти е пак е малце стегнато и има ефект. Барем кај мене. Чудно е првите неколку пати дур се научиш.
Јас го земав од Славеј и тоа беше на некој попуст 800 денари. Има во Медикус, Зегин поголемите аптеки, Славеј и едно незз како се вика, на улицата кај Југодрво.
Ааајде тие па. Мене во Зегин ми рекоа да видам во Зегин кај Градска болница или Зегин железничка. Ама јас ваму во Славеј кај фондот шо е си најдов и не ни бев во Зегин. Ама провери во овие
Хаај До сега читав за ова тука ама не сум мирна дури не прашам Се спремав денес за излегување, бев до веце и само што тргнав осетив како ми истече нешто доле Се вратив назад, гаќите ми беа мокри, како помочана бев, како вода да ми истече Сега пак имам како 3 4 капки по гаќите, но не е како денес, и стомакот ми се стврднува на моменти Инаку сум 29 полни недели Бебето си мртка, но мене ми е многу страв До сега немав ништо, уредно се, и крвна слика и брисеви и ова сега ме исплаши многу Претходниот пат кога бев на контрола и спомнав дека понекогаш имам на гаќичките исцедок и дека не осеќам кога истекува ама ми рече дека со плодова вода е во ред, не е намалена, да проверам да не е некоја бактерија или инфекција, правев уринокултура, немаше ништо Ова денес го осетив како си тече Во вторник сум на контрола кај матичната, дотогаш ќе умрам од грижа
Сашка ми кажа дека не му било добро на докторот и дека 2-3недели нема да доаѓа на работа. Јас сум 35 недела и затоа сакав да почнам со прегледи и цтг. Он додека се врати јас може ќе се породам. Сестрата ми кажа да си се јавам и да си закажам кај друг, затоа што сега за сега не закажувала пациенти.
И јас вчера имав слична ситуација, денес ме прегледаа и излезе дека не е плодова вода. Не се секирај, само проверувај дали пак ќе се повтори и колкава количина. И јас се испаничив ама убаво пишаа тука, ако тече плодова вода, ќе тече непрекинато. Ако можеш, подобро оди во понеделник на лекар за да не се измачуваш.