Неможе да не завршиш на време кога мора на еден саат да се боцкаш, не смееш да касниш нема да бидат веродостојни резултатите. Ако се нацрташ во 8, одма да те фатат тебе, во 10 ќе бидеш готова. А ако прашуваш резултатите дали ќе бидат до 13 тоа е веќе друго, ама мислам дека и тие прилично брзо ги изработуваат. Мене ми беа за саатипол готови после последното боцкање
Најважно ми беше за да ме боцнат а резултатите не мора да се до 13ч ... Знам дека така ќе завршам ама потребно ми беше и друг да ми потврди Фалаа!!
За првото боцкање може да чекаш ако има гужва на пример, ама за другите само си одиш кажуваш дека си за второ, трето боцкање и влагаш преку ред
Со полни 37 недели, така сретнав на форумов. Количината на испиен чај се зголемува зависно од тоа која недела си.
Јас бев во синлаб во сабота. Не закажував, само си отидов. Саботи има многу гужва тоа не ми се свиѓа Отидов пред 8часот веќе имаше огромна редица. Влегов некаде 8 и 40 после еден сат пак отидов ама си влегов преку ред. И на крај после два сати пак исто. Завршив во 10 и 40 и за цело време имаше огромни редици. Но само првото боцкање ќе си чекаш ред, после ќе им кажеш дека имаш тајминг и ќе си влезеш
Зарем не пуштаат бремени преку ред? Јас тука кај нас во една приватна лабораторија кај што проверував крв некни, кога отидов беше хаос. Си викам нема шанси да чекам јас тука бремена. Си влегов преку ред и еден рипна да се тепа со мене. Му викам не гледаш дека сум бремена? Ај размисли малку викам кој има предност и кој треба да чека во случајов. Од другите што чекаа никој ништо не искоментира и не се побуни, ниту пак вработените. Си влегов и си завршив работа без да чекам и сметам дека така треба да биде сегде.
@marta993 јас во сабота испитував во синлаб, кисела вода, појдов околу 9 и пол, никој немаше. Само имај на ум дека до 10ч мора да е првото боцкање за скриен шеќер. Јас еднаш појдов во 10 и ме вратија. @Lili4e од 34та мила се почнува со чај од малина. Баш во трето деновиве се пишуваше кога по колку чај да се пие.
За чајов од малини, го пиев од 36та недела во предходната бременост. Дополнително одев на вежби за полесно породување, од 36та недела вагиналетки на база на кантарион што според менторката го омекунуваат грлото на матката, масло за масирање на кожата помеѓу вагина и анус за да не испукам.. Не се отварав никако, па провокации, па бебе се качи во желудник, изгуби тонови и на крај царски завршив. А опседната бев со глупости како да си го олеснам пораѓајот...
@IRBBB секако, планирам што е можно порано да отидам, не во 6 часот ама пред 8 да сум таму фала за споделеното инфо
3 dena vo wc nemam otideno, mi e losho veke, jas vakov zapek da mi kazuval nekoj deka moze da postoi nemalo da veruvam, kazuvajte nesto najefikasno oti mislam deka belja ke napravam od shto se napnuvam.
Ќе се најде некој што ќе се буни. Јас бев и во синлаб и авицена и баш и на шалтер ми рекоа сите чекаат неможеме предност да ви дадеме, како демек само ако ви е лошо Катастрофа А посебно треба да се даде предност за скриен шеќер пошто уште две пати ќе се боцка а да не збориме и сега за ризоков од Корона
Јас потопувам во водс суви сливи од вечер и сабајле на гладно јадам од 5-7 сливи. Мене само тоа ми помага