Женски, денеска цел ден на моменти осеќам јака болка во десната страна на стомакот. Не се удари од бебето, туку остра болка, претржно кога се движам или работам нешто. Штом седнам, прекинува. Бебана си ја осеќам, си мрда како и секогаш. Ај си мислев моментално е и некако помина цел ден така. Ако продолжи, планирам утре на лекар да одам, но во меѓувреме, од што може да се случува и дали може да е сериозно?
Да ви се смешам во трудничкиве иако породена, ве читам често, јас од секогаш сум имала проблеми со запек и со хемороиди уште од средно,на долгорочен план ми се регулира запекот со јадење гранола со млеко секое сабајле,или во овошен јогурт измешано чиа и ленено семе, па можеби со години немав проблеми...а кога веќе не оди никако само масло,една лажица,две , стегаш заби зошто е прегадно ама преефективно
Не е лесно, воопшто, но мора да си силна.. сега е тешко, но кога ќе почнеш да го осеќаш, добиваш некоја сила, да издржиш се... И најдобронамерно,окупирај мисли... книги, серии.. јас си се зачленив во библиотека... и на враќање од секоја контрола си земам книги...На почеток не можев да се натерам, се ми бегаа мислите, но фокус на тоа и проаѓа време....
Zenski tie shto stavate ili ste stavale utrpgestan vaginalno,ke sakate li da mi kazete dali vecherta pred ispituvanje na mokracha utrogestanot go piete ili stavate?
До Министерство за здравство. Во склоп на него има подрум и се влегува по скалички. Пишува Институт за јавно здравје пред влезот
Сите газди се идиоти, ретко има исклучоци. Државата воведе закон дека бремени жени треба да седат дома додека трае пандемијата. Ама нејќат да плаќаат за да седиме дома. Не им е гајле ни дали ни се лоши, дали повраќаме, дали можеме да работиме... Имунитетот ни е послаб и подложни сме на заразни болести и вируси. Во најлош случај корона.
Денеска бев на прва контрола. Има гестациска кеса, сместено е убаво според докторот. 5 недели и 3 дена сум, уште нема ембрион, ама имав касна овулација некаде 20 ден од циклус имав позитивен тест па се надевам дека е уште рано. Наредна контрола ми е за 1 недела. Му кажав на докторот дека имам печење и исцедок со непријатен мирис и ми препиша вагиналетки 14 дена. Знам дека треба докторот да си го слушам, ама некако си паничам дали волку рано смејам да ставам вагиналетки, некој да размени искуство? Ке ставам слики од вагиналетките. И друго да прашам. Вие што боцкате клексан, поткожно во рака ли ги ставате? Јас ги боцкав до сега директно во стомак, денес ми рекоа да ги ставам поткожно во раката и да осетам печење. Бидејќи неможам сама во рака, маж ми проба ептен така под кожа и се направи пликче така ми рекоа и дека треба. Ама и сега ми стои малку подуванко местото, ваљда добро правиме. Се ми е страв нешто да не грешам и да не ми истекува... Паничар сум голем,знам...
Во зградата кадр што е министерство за здравство, не влегуваш од главните предни скали туку од десна страна одиш по паркингот покрај зградата, не првите, вторите скали надоле, веднаш до оградата што се.
Вагиналетите се пробиотик, безбедни се и за бременост и за доење. Исто како пробиотик за стомак, немај гајле.
@S.o.F.i друшке не знаеш колку ми е мило! Денес сакус, следно ембрионче, па срценце и оп бебушка во раце. Како што ти кажа Мила, вагиналетите се пробиотик, за обновување на вагиналната микрофлора. Многу се убави, ќе ти го средат секретот за некој ден. За клексаните поткожно се боцкаат, за неколку дена маж ти ќе се усоврши, нема ни да сеќаваш дека те боцка. Поискусните членки можеби ќе ти кажат и некоја тактика. Најлесна бременост да си имаш мила!
Искрено ти се радувам, иако никогаш не сум ти пишала те следам подолго време во темата и ти се восхитувам на упорноста. Господ да ве чува и конечно да се израдува со бебенце в раце. Вагиналетки штом ти препишале користи ги. Одмарај најмногу што можеш, размазувај се и штеди се и со позитивна енергија до крај
Па тоа менталитет си е, прост. Јас не ќутам и ич не ми е гајле. За Д димери кога бев, газ преку глава во чекалната, а што е најочајно бев отидена со термин. Епа немав намера да чекам таму во една просторија со 20-30 души со прележан/активен Ковид небитно. Одма си кажав дека сум бремена и сестрата за чудо ме зема прва, вика ааа не не бремените никако не смеат да чекаат. Се изненадив искрено, во државна установа таков однос.. Ако си ќутиш кај нас никој сам нема да ти даде предност пошто сме си без елементарна култура.
Јас на неколку места што одев за анализи, на шалтер пишува дека трудници и деца до 2 години имаат предност. Посебно на трансфузиологија се внимателни. Еднаш чекав резултати, кога ме виде лаборантот се развика зошто ме оставиле да чекам, требале да кажат дека трудница чека резултати први да ги пуштат. И со синко кога бев, кажав дека е под 2 години и одма влегов.
За менталитетот наш и култура да не збориме колку повеќе иде времето мислам дека ние се назад идеме. Јас пред банка застанувам и бидејки сите како на куп застанале прашувам кој е последен и тој еден пензионер се врти и ми вика и што сега ако си трудна мислиш ќе те пуштиме, па и си го испрчила стомакот...Леле ама ме напна и му викам добро извинете господине што ви засмета мојот стомак нареден пат дома ќе го оставам... Буквално само прашав кој е последен за да знам после него да влезам ама ете ќе се погоди еден таков и излегува обезбедувањето и вика ајде бременово пиленце нека влезе почна да роси и овој почна да се буни ама другиве се согласија и така намерно отидов ради него...
Јас немам проблем, си чекам секаде. Единствено искористив (не на мое барање) в банка да завршам работа буквално за 5 минути на редици гужви, благодарение на обезбедувањето. Ама навистина ми е жал, особено за постарите што чекаат со саати, да им го земам редот, барем дури се чувствувам способно за да дремам и чекам. Инаку, имам забележано дека мажите секогаш, секаде се трудат да ми дадат предност, за разлика од жените и тоа оние средовечните, кои да можат ќе се потепаат да не им земиш ред случајно.
Немам проблем и јас со чекањето во други услови. Ама во услови како моменталните и те како имам. Не се држи растојание, се бутаат еден во друг буквално, маските не се носат соодветно итн. Епа колку и да ми е жал за постарите, а жал ми е...во ваква ситуација повеќе ми е жал за мене и бебето во стомак.