zenski, ajde edno prasanje. koga si go mackav stomakot so krema, pod papokot osekjam kako neramno, duri kako mali grutcinja, tuka i venite mi se poizrazeni. normalno e? 27ma nedela sum
Јас испитував во Синлаб и искрено тоа шо ми го дадоа не беше блага вода туку чапа со шеќер и малце вода, повеќе голтав и џвакав шеќер него што имаше што да пијам и ми беше прилилчно гадно. Лошото е што тие 2 саати не ти дозволуваат да чекаш таму поради короната и мораш да се враќаш дома па пак да одиш затоа што се препорачува строго мирување тие два саати и дозволено е само вода да се напиеш и може тогаш тие два саати да ти се подслоши затоа што на прегладнет организам ставаш шербет, самото испитување е стресно за организмот, веројатно затла ти препорачале придружба.
@maja T Топ е Ефремовски можда најбољи доктор за породување евер,а Симонида од него имам чуено дека е најдобра за скрининзи и операции. Ја бев со на второ мислење за прв скрининг со двајцата Ефремовски ја викна Симонида. Симонида ми остави ептен впечаток на стручњак и професионалец, смирена, сталожена, сигурна и ти објаснува се како треба и тоа е топ. Кого и да избереш од нив двајца е прав избор
Koј спомна свекрви тука, морам да ви кажам денес мојата што ми кажа. Ми се јавува да ги земеме бебешките алишта од сабајле до 12h рано да било, после во ден со сонце да сум ги распакувала и да не сум ги сликала или праќала. Ми вика знам дека ти е мерак ќе сакаш на твоите да им ги пратиш ама немој да не искачаат по интернет очи да ги гледаат. А пазете 90% моите ги купија и они ми ги пратија, цел пакет. После ми вика твоите кога ќе тргнат нели порано бебето ќе стигне сега. Викам за една недела и оваа епа не се секирај јас сум тука одма ќе дојдам да ти кажам се како што треба. Викам ти слободно дојди си ама да го видиш бебето, а за објаснување што како треба си договорив медицинска сестра од Неонаталогија да дојде и се ќе ми покаже како што треба. Оваа се збуни и почна да дтка и после и реков сепак вие со мајка ми пред 30 год сте имале бебиња се мењаат правилата. И оваа ми вика епа да така најдобро... Нема шанси да се помири со ова ќе му збори на мм гарант.
Da Efremovski e srcka, mene toj me primi koga krvarev i doagase posle sekoj den po 2 pati da me vidi a nikogas ne sum bila negov pacient...celo vreme mi vikase ajde pile ne se sekiraj pile daj da vidime do kade e pile
Убаво си ја пресекла. Да де, се они знаат, само туку солат памет. Јас со првото си имав проблеми со неа ама сега за второто се надевам нема да имам.
Е многу се нервирам и јас со бабини глупости. Мене знаеш што ми кажа една баба на мм? Да не ги перам алиштата за бебињата пред да се родат. Епа кога и викам? Кога ќе се вратиш од болница ми вели. Не чинело. Абе Бог да чува се стариве.
А имам јас и од болница искуство каде сестрата ме критикуваше зошто не му го покривам папочето со пелената. Значи рана е, уште треба и да ја мочка? Не му го покривав, а двете други што беа со мене во соба му ги покриваа папочињата и на крај на едното му се инфицира. Во денешно време интернетов е преполн со информации. Мене мајка ми не ми се меша во ништо зошто тотално различно искуство имала од мене. Свекрва немам и така да раат сум за тоа.
Како што не пиеш ништо добра ти е крвната слика Но во право се, најубаво да почнеш со некои витаминчиња за да имаш резерви до пораѓај. Јас ќе прашам за сидерал форте пошто немаат фолна во составот а веќе земам поголема количина на фолна. Иначе направи си и уринокултура заради леукоцитите во урина, јас обавезно секој месец правам
Така мила веќе од вчера наваму немам жолт исцедок, се надевам ќе се среди. Да, веќе сме во Мк, наредна контрола ми е понеделник. Стискајте да биде во ред и да има ембрионче. @Ula Токму така како се' што пиша. Јас веќе се помирив дека мора да го поминеме потешкиот пат до нашата цел. Се надевам дека овој пат до крај ќе ја носам оваа бременост. Ви посакувам само убавини на вас и вашите мешиња
Едно метилфолат на NOW од 1000мг и плус фемибион 2. Мислам дека ако земам плус и некои со фолна ќе се предозирам
Јас витамините си ги зимам секое посебно, така почнав, и на почеток по две од Now. Сега по едно ама си викам да нее малце.
Па ако ти кажале дека е ок не се секирај 1000мг не е малце. Мене ми е повеќе што во овие витаминиве за крв има обична фолна а јас несмеам таква А тебе нашава ти ги препорача по две? Мене Јани од старт ми кажа едно метилфолат и едно метилкобаламин од 1000мг
Нашата рече само фемибион ама јас си ја терам шемата од со првата бременост. Сега треба да одам на трансфузиолог ама термин ни за лек. Времињата ми паднаа д димерите 1150. Ќаев од Гак смета дека е доволен само аспиринот но да си направам трансфузиолошка конслутација. А термини нема, ќе одам после кај нашава ако некако приоритетен нека пише мислење до Гак па пак ќе одам они да ми дадат терапија. Се обидувам било како да стигнам до трансфузиолог.
Офф хаос е со термини. Но штом си терала така првата бременост, и сега исто. Димерите ти се супер но прегледувај си ги барем еднаш месечно. Тие се непредвидливи посебно кај нас со мутации. Ајде ќе биде се во ред не се секирај, важно е да си правиме почести прегледи и колку може да бидеме поопуштени
Тогаш од 16 недела се боцкав и со клексан. Мене мие најмногу заради времињата ама ќе се снајдам некако.
Најважно е да правиш прегледи почесто. Не се оставај без преглед повеќе од 3 недели. Мора да ти ги следат протоците. Јас правев генетски анализи во МАНУ и таму ми пишува дека имам висок ризик од тромбофилија и сега и да ми се ниски димерите кај мене мора клексани. Мене до 16-17 недела ми беа околу 300 димерите и после нагло се качија. За секој случај добро би било да се видиш со трансфузиолог. Ако не успееш на клиника барај во 8ми Септември припритетен
Според мене си за терапија. Хемоглобинот е под долна, а железото е блиску до долна граница. Мене на сличен ваков резултат ми дадоа да пијам Лактиферон и почнав да внимавам и да внесувам храна што ја подобрува крвната слика. Имаш уште време до крај, така да пробај да правиш нешто за да не одат барем надоле вредностите.