Не, 29та недела сум. Ме гледаше на ехо и ми вика "зошто бе пиело плодова вода". Не ми кажа дека е меконијална. На крај ми вика ок е, ама дојди на контрола за 2 недели. Ама ме остави во мислење
Пиењето, актот на голтање, не е тоа класично пиење, сепак, сето тоа е нормална, физиолошка појава во бременоста... така се развиваат и рефлексите на цицање и голтање и самиот систем за варење. Лошо е ако водата е меконијална, со измет од бебето, ако се проголта (но тоа е при раѓање или непосредно пред него) дел од тој мекониум (кака) оди во белите дробови, каде прави најчесто инфекција или аспирациона пнеумониа. Во бременост, ова не се случува, од едноставна причина што "дише" и се храни преку тебе... А штом ти е во ред околуплодовата вода, не е заматена или меконијална, нема зошто да се секораш... Меконијална опв е знак дека бебето почнува да страда, и индикација за раѓање. Таман работа ако не голтнат од оваа вода, сега, што е внатре.. Не ми е јасна... Ова што е погоре напишано е медицински вака, но оди на второ мислење, Се надевам ти помогнав бар малку, Со лесно
Фала девојки. Не знам дали беше начинот на кој ми кажа, а и самата информација, ми дојде ептен онака чудно. Само што искочив прашав тука од паника.
Јас сите ги испитав оти од 12та недела немав направено нови брисеви. Докторот што ќе ме пораѓа ми рече само стрептокока треба, ништо друго.
Лично искуство немам. Блиска колешка имаше полип кој растеше како одминуваше бременоста. Не му сметаше на плодот, меѓутоа по препорака на докторот ја породија со царски за да го извадат и полипот со еден зафат.
Па тоа му е работа на бебето да голта плодова вода...боже какви се не доктори има и како не ваѓаат од памет...Боже не ми се верува што прочитав
@Emotional123 Ете го пак муабетот дека кажуваат информации, а не ти објаснуваат тоа што значи добро е или лошо е и тебе после ти врти главата па барај по нет па ѕвони по други доктори. Според мојата апликација бебето вежба голтање и отварање на устата, исто и од одредена недела почнуваат со работа органите... А јас знам дека на породување не треба да голтне од таа вода, а не додека е во меше
Ви реков ли дека ќе родам мече! Јас инаку се породив сабајле во 10h. Бебето е 3440gr, 51cm и со коса црна катран хахаха го видов на кратко сабајле кога го извадија. Еве сум ви шок соба ни ги дадоа телефоните за да не спиеме... Mоментално сум добро имам болки али се трпат и така дури станав и одев...Не било толку мн страшно колку што се тресев инаку. Кога ќе имам сила ќе ви го раскажам патешествието