Јас сум сигурна дека може со упат од општи матичен лекар. Само ја не отидов бидејки се заразив со корона и бев во карантин, а упатот ми го пиша матичната...
Мамички денес бев кај матичната да ми зема брисеви и ја замолив да ме види на ехо пошто минатата недела на ГАК ми кажаа да бидам на диета пошто бебето ми било понапредно и докторката мислеше дека тоа е од шеќери. Цела недела внимавав на исхрана, ич не качив на килажа и денес матичната ми вика бебето е само неколку дена понапред како што си беше и си одговара за неделите Ме чуди што за една недела ни 100 грама не качило. Или има разлика од апарат до апарат. Како тогаш ми го измерија дека е поголемо а сега не
Има разлика од апарат до апарат. Мене по 10 дена преглед, 100 гр помалку ми го измерија бебе. Во 32ра гн кај еден доктор ~1900гр. По 10 дена кај друг доктор ~2500гр Во 34та гн кај првиот доктор ~2400гр
@Ula живо и здраво да е бебе, честитки! ❤ @Ladysimona јас правев во Синлаб со упат од општ матичен. Здраво девојки, овие два дена Господ го видов... имав напад на бубрег, од песок и камен. Полошо, здравје. Не знаев дали се пораѓам или што се случува. Изгледа болките на ногата, грбот и препоните од нив ми било. Завршив на итна, две вечери по ред, ме прегледаа двајца гинеколози, ми препишаа антибиотик, кетонал и спазмекс против болки, и примив и инфузии. Со бебе се океј, цтг мирно, сите болки од бубрегот ми биле. Вчера бев на нефролог, он па ми рече нека се смири воспалението, не пиј течности, не ги чепкај камењата, ќе ги извадиш после пораѓајот. Денес се чуствувам подобро (да не се урочам хух) , немам болки од вчера во 23ч. Ме пецка долу, како да ги исфрлив сабајле, како изгребан да ми е каналот осеќам. Многу имам грижа на совест за апчињава испиени, поготово кетоналот. Само се надевам дека нема да имаат нешто влијаније врз бебето, што читав по ова гуглоов... пуфф Брисевите ги откажав за 33та-34та недела здравје. Тоа, да си се пожалам и олеснам малку.
@mace89 плус различен доктор, различни мерки (најмногу зависи од пресеците што ќе ги фати на ехо, оти врз база на меркиве апаратот ја пресметува тежината). Некој ќе пушти неколку мм повеќе, друг неколку мм помалку и ете ти различни мерки и тежина . @Lizi да поминува побрзо . Сепак двајца гинеколози те гледале и ти го препишале кетоналот, но доколку ти е на мисла консултирај се со уште еден гинеколог.
@IRBBB @Autumn Love фала ви мамички ме смиривте малце Или они ќе ме испаничат или јас сама ќе се испаничам, важно се нешто во паника да сум
Не да има разлика од апарат до апарат, туку и од доктор до докторКај мене излезе дека се смалило кога бев кај матичната во 19та недела и кај Петрова во 20та недела.Матичната ми го измери 375 гр, а Петрова после една недела 320гр.Кога ја прашав ми рече различни апарати различно мерат.И сега исто во 28та недела, сите различно ми го мерат.Не се секирај, важно бебе си е супер
Зошто нема упат? Можеш да си земеш упат од општ матичен лекар колку што знам. Барем мене така ми рекоа од гинеколошката ординација каде што ја водам бременоста. Доколку ти е малтретирање или од некоја друга причина не можеш да земеш упат, оди си на приватно.
Во право си мила,мене не ме паничат толку меркиве сега колку што ме изнервираа на ГАК минатата недела, леле шеќер имаш , леле ова да не јадеш, она. А скриен шеќер 6.3
Тебе шеќерот ти е супер, многу подобар од мојот, така што немаш потреба ид грижа.А докторите нивно е да си кажатКај мене шеќерот е 6,9.Првата вредност ми беше ептен малку над горна граница, бев на ендокринолог, па ме прати да испитам тримесечен шеќер.И тој беше супер.Значи се си е во ред со шеќерот и кај мене и кај тебе.Посебно кај тебе, зашто имаш многу пониски вредности од моите.
Добар ни е шеќерот и на двете мислам дека до 8,5 е нормален. Само ете и покрај се ќе те испаничат. Се ќе си биде во ред. Само опуштено и како што кажа ти нивно е да си кажат а наше е да не си правиме филмови... како јас овие недели
Има разлика и тоа голема. Првите месеци мене кај матичната на преглед ми вика 270гр. И ок. По две недели одам приватно ми вика 280гр. Јас . Во две недели реков 10гр да качило само? Од памет се извадов, па како има застој во развојот мислев... што уште не. А потоа по 2 недели повторно кај матичната ми вика 750гр. И јас целата среќна се смирив
Девојки поради чести главоболки сакам да земам апарат за притисок, предложете дигитален до 3000 денари.
@Autumn Love Фала мила , се надевам вчера ми беше последниот што го испив, додуша дека се јавивме кај трет гинеколог па повеќе за спазмексот ми реагираше (ако можам Носпа да најдам негде, подобри биле, спазмексот знаел да дава предвремени контракции) ама не успеавме тоа да најдеме, башка на тие болки, издржав колку можев, и ми останаа на мисла контраиндикациите. Се тешам и јас дека две ноќи по ред различни др ме прегледаа, гинеколози, едниот ми ја препиша терапијава, другиот ја потврди и ми ставија и инфузии со аналгетици, спазмекс и сл, па ваљда не би требало да се деси нешто. Мм само ме кара да не се филмам, ама па подобро ми е и изгледа немам друга работа. Не дај боже само.
Има во зегин, 2200, со една година гаранција,италијански. Од Буњаковец го земав, овие од нет ми се како дома склопени....
Sendo се добри, јас го имам обичниот, околу 1200 денари е. Дигиталните се малку поскапи.. Јас лично на обичните повеќе им верувам. https://24apteka.mk/product/sendo-advance-3/