Мамички дали некоја ги зема овие витамини за железо? Гледам дека се чисти и немаат додатоци во нив, плус се со продолжено дејство што е предност https://jamiesonvitamins.com.mk/product/jamieson-zhelezo-so-prodolzheno-osloboduvane-50-mg/
Едно добронамерно инфо... Јаболките во кам не знам, немам идеја,со што се прскани, ама е некој тежок пестицид... два дена по ред, јадам навечер, бидејки ми помагаат за киселини (зелените) и страшна дијареа... вечерва дури се исплашив, ми се вртат мисли да не завршам во болница, линекс форте, чај од нане... ама ова е страшно. И тоа знам дека ми е од нив, бидејки другата храна ми е сосем истото.... Ама когa не можеш сам да одиш, до еден пазар, а мм прво под рака, тоа и ете..Како не ги лупев
Лелеее Натке, што збориш, ццц. Иначе ја се од Кам си купувам и ги утепав од јадење ама ја никогаш не јадам нелупени јаболки од кај и да се па може затоа не сум имала проблеми. Мој совет лупи секогаш јаболки, јесда е као здрава кората ама не ова прсканициве наши.
Еј знаеш колку се нервирам, кај ми беше паметот да не ги лупам, некогаш постапките ми се мизерија.. уште фали да намали плодова вода, таман глава кренав малку и ете сега....
Немој да мислиш на лошо одма. Само во иднина немој стварно да јадеш нелупени јаболки купени од продавница. Јас не лупам само јаболки од дедо му на маж ми пошто не ги прска. Се друго обавезно мораш. Ќе се смири стомакот, пробај една лажичка сиров пудинг - прав со чаша вода. Знам дека звучи безвезе, ама многу помага за изиритиран стомак и дијареа.
Девојки ве молам за помош имам страшни жештини во желудник примам полигинакс вагинално а утрогестанот го пијам поради исцедок како бело прање ми го даде матичната иако имав чисти брисеви сега само што повратив ми олесна исто пијам и омега 3 со дна и од нив имам мака ама сега сосема различно до повраќање и како тахикардија осетив и еве ми олесна малку од како повратив јадам јаболко сега белки ке ми понини имате ли искуство вакво од утрогестанот мислам од него ми е страшни жештини во желудник стра ме фати дане му наштетам на бебето 5 месец сум 22 недела?
Не навлегувам зошто е терапијата, утрогестанот е хормон, не е баш за "бело прање".... Ако жештина е како печење, жарење, киселина, земи со гастрогард....
Да знам полигинакс примам заради исцедокот али утрогестанот морав да го пијам неможам вагинално ради полигинаксот и затоа сакав да знам искуство од некои што пијат утрогестан дали е можно ова печење во желудник да е од него дури и тахикардија осетив и вртоглавица го земам дека сум инвитро и се штитам со прогестеронот...
Ајде Натче, ништо нема, повеќе ќе внимаваш нареден пат. М'цни си јагленче ако имаш при рака и кулирај, немој да го нервираш баткото.
Јас сум со нетолеранција на глутен, треба ли целосно да се спремам од дома со храна или има такви опции во нашиве болници, конкретно Чаир? Или пак, нема да ми биде до храна
Јас го пијам исто, не го ставам вагинално... може да ти е нешто потешко варењето, ама ништо страшно не е... земи гастрогард ако имаш, како сода е тоа, сличен состав....
@IRBBB , @Bella_Stella фала ви... сега сум нешто поок, сега пубичната коска ме кине, ама таман работа, не праиме за тaкви ситници проблем
Jabolkata se preprepreprskani, jas gi ostavam vo voda so soda da sedat od vecer, mijam,lupam jadam. Ne e bitno od kade ke gi zemite osven ako imate blizok da vi kazi. Jas od so gledam kolku pati gi prskat mi se odmileni..
И мене така ме советуваа да правам на мм другар од Ресен ни кажа така да правиме да ги оставаме во сода преку ноќ, зашто ги прскаат од 12-16 пати...
Добра си денес мила? Не кревај одма паника па до толку! Немој да го нервираш баткото иначе заборавив вчера да ти спомнам, и за тебе и за општо, примерив последниве недела две дека за мачнини и вознемиреност на стомакот доста помагаат активен јаглен апчињата. Друг пат ако те фати вака, не дај боже, стомак лапни си 2 јагленчиња, за пола саат - саат треба да ти се смири
Не ти ствара запек активниот јаглен?? Јас пред да останам бремена го користев, ама секогаш проследен со запек, затоа сега во бременост не го ни помислувам, иначе помага за помагање
Идни мамички ве молам за помош, јас сум 24та недела, од вчера чувствувам во долниот дел на мешето од лева страна како ритмичко пулсирање на едно исто место, на интервали се појавува не е постојано ама е ново за мене и малку ме фаќа паника Утре сум на преглед, но сепак да слушнам и ваше мислење, несакам цел ден денес во мисли да го поминам
Хехехе зарем е можно толку да ика, леле душичка А што да направам во тој случај? Патем ти благодарам, ме насмеа од сабајле.. Имај си убав ден мамичка
Хахаха да можно е долго така и кај мене е ,некогаш и по 10 минути трае...нема што да правиш пиј вода и ке прекине за некое време Чудно е ама и интересно во исто време