мене од Еуролинк ми пратија некои табели, како кредит да земам ми кажаа дека е, воопшто не ми се виде примамлива понуда. Не се информирав за Кроациа, а за Халк ми е касно, дека имаат лимит.
Овој ден посебно читам и мислам за жолтиот исцедок што го имам. Се' од нешто ми е страв и ми е премисла. Значи прво малку ме чешаше и ме печеше кај отворот на вагината кога останав бремена и имав исцедок со непријатен мирис. На првата контрола кажав на докторот и ми препиша вагиналетки 14 дена сабајле и вечер да ставам, до крај на неделава треба да ги прекинам. Сега е добро не ме пече не ме чеша и нема мирис. Ама уште го имам жолтиот исцедок, кога помалку, кога повеќе, кога воопшто во текот на денот. Ставам и утрогестан од 200 два пати на ден. Ама секое одење во вц ми е ужас, обавезно ја проверувам тоалетната и се нервирам. Инаку 6та недела сум, некој совет од вас кој има поминато низ слично? Прават ли волку рано брисеви? Според вас дали е подобро сега да ми земат брис или да почекам? Не сум свесна што да правам, а се нервирам потајно. Незнам дали е нормална ваква ситуација
Какви вагиналети примаше? Исцедокот сеуште, може да се должи и на утрогестанот...самата вагиналета кога се распаѓа, нешто останува и го исфрлаш...Кога направи брисеви последно? Јас сум 25та, па секое одење во тоалет ми е event, ја проучувам хартијата како да не сум баш баш... Обично ги земаат на првиот скрининг, 12та недела, но ако имаш симптоми во било кое време...
Добар знак е што исцедокот нема мирис и не прави иритација. Јас примав Утрогестан до 12та недела и имав повремено бледо жолт исцедок, т.е. остатокот од вагиналетата што се исфрла. Ако ти е мисла можеш во било кое време да побараш да ти направат брисеви, не мораш да чекаш до 12та недела. Иако и да покаже нешто, за да добиеш терапија пак ќе мораш да чекаш после 12та. Консултирај се со лекарот што ти ја води бременоста, или побарај си и второ мислење ако бидеш поспокојна така.
Лактогин вагиналетки. Да, ама кога бришам некогаш и дел од утрогестанот е со жолта боја. Многу ме нервира искрено. Исто само ја студирам тоалетната уф Последно правев пред 7 месеци и беа чисти немав никаква инфекција. Само што видов позитивен тест, за 3 дена почнаа некои од симптпмите, аман. Докторот на првата контрола ми рече, сега хормони и е промена флората на вагината. Сега други симпѕоми немам, освен овој исцедок. Незнам дали ми е попаметно сега да правам брисеви?
Немам мила сега лоша миризба ни други симптоми. Вагиналетките го средија тоа, иако го имав на почетокот. Тоа ми беше, значи и да има нешто на брисевите пак ќе морам да чекам до 12 недела за да примам терапија. Дај Боже да не е ништо страшно, од нервози и неспокој веќе незнам што да правам, подобро веќе и да не читам ништо по нет.
Да мила, најдобро е така. Немој да читаш премногу, не ти е потребен стрес сега. Како што кажав супер знак е што нема мирис и иритација, а исцедокот без специфичен мирис, боја и без иритација е типичен за скоро секоја трудница. Јас сум 30+ г.н. и си имам исцедок скоро цело време, кога проѕирен, кога бел/бледо жолт, без мирис и иритација. Бременоста до сега може да се каже дека ми е уредна. Знам дека имаш причина да си загрижена после се што имаш поминато, но имај и надеж овој пат. Пробај да си најдеш спокој, моли се и верувај дека оваа ќе биде успешна бременост.
Брисеви во бременоста покрај тие што се во одредени недели, можеш и треба да правиш секогаш кога ке имаш некакви индикации, секако во консултација со матичниот. Утрогестанот вагинално ја прави промена на природната микрофлора на вагината и од околу и е можно да предизвика појава на исцедок во др боја и иритации.
Јас тамам се пофалив дека немам печење, од вечерот почна пак да ме пече кај отворот баш, цела недела не осетив ништо еве и сега малце ме пече аман. Јас пред утрогестанот почнав да ги имам симптомите, сега ставам вагиналетки ама еве некој ден добро и пак ке се појави печење. @Пудинг8 Да пијам брусница и се одмивам со камилица, ама пак еве повремено се појавува печење.
Другарка ми се миеше со раствор од сода бикарбона. Само вода и сода бикарбона. Секој ден се миеше и процесот траеше ама по некое време се смири и немаше никакви проблеми.
zenski, vie sto prelezavte korona, dajte nekoj sovet. soprugot e pozitiven, jas sum izolirana, ama verojatnosta da izbegnam e mnogu mala. sto pievte osven vitamini i tecnosti? inaku sum 28 ma nedela
Додека не се појават симптоми и не добиеш не дај Боже позитивен резултат за Ковид, доволно се само витамини и течности.. И јас бев во иста ситуација, само што дознав дека сопругот е позитивен, веднаш се преселив кај мајка ми на две недели.. За среќа не развив симптоми, за влакно се ‘спасив’. Не мора да значи дека и ти ќе се инфицираш или си инфоцирана, сепак изолирај се колку можеш
Многу течности,овошје,зеленчук,цинковит ц за имунитет дозволен во бременост,витамин ц,витамин д,примав фраксипирин ама и пред ковидот ми варираа ддимерите и ми беше редовна терапија,чаеви,јас имав кашлица пиев алпенкрафт сируп исто така дозволен во бременост и секако редовната терапија што ја примав до тогаш.Мене ми рекоа дека ако се влоши состојбата ќе ми вклучат и антибиотик сумамед а бев рана бременост ама не стасав до тоа.Не мора да значи дека ќе бидеш и ти позитивна,на пример јас бев позитивна сопругот негативен и немаше никакви сипмптоми и тоа заедно бевме цело време,освен што преку пср јас проверив и антитела и имам високи а он нема така да не прележа.Со лесно нека ти е