Најубаво да се консултираш со матичната да и побараш мислење што можеш за смирување да пиеш.. не земај на своја рака ништо
Предлог подарок за роденден на блиска другарка која е бремена?? Незнаев во која тема да пишам, си помислив веројатно тука би добила повеќе предлози со оглед на тоа што темата е поактивна.
Здраво женски, денес сум 8ма недела и правев крвна слика со урина, и во урината имам + за бактерии и ++ за кристали Дали некој може да ми каже што би значело ова, малце паника ме фаќа
И јас се изолирав веднаш, ама за жал не ме одмина. Ти посакувам од срце да имаш повеќе среќа од мене. Денес сум 37 +6, трет ден од прв симптом. Качував до 37.3 и веднаш ми се спушташе. Сега немам тт, само како гласот да ми е фатен без болки. Од фемибионот плус ми дадоа Д3 1000, вит ц 1000, цинк, селен и земав Фероглобин. И јас психички се обидувам да не потклекнам за да не направам беља од стрес, ама преплашена сум затоа што сум 9ти. И онака ми беше страв од породување, ова капак. Сите се чудат како ме закачи на толку пазење, ама тоа е. Да знаев ќе си се опуштев и немаше да се трескам толку да се пазам, може подобро ќе поминев. Без грижи, и да се случи да си позитивна имаш време до породување ќе бидеш ко нова. Пак ќе ти речам, големи се шансите да не закачиш
Здраво 26 та недела сум и денеска приметив имав проѕирен исцедок од едната града, околу една-две капки. Дали знаете дали е нормално
@Маја Т консултирај се со матичен гинеколог, можеш и диазепам да се напиеш. @FancyGirl* перница за трудници, дневник за трудници, радосници, слика со квилинг техника од трудница. Ѕирни и на пинтерест, ќе најдеш многу идеи.
Мамички кажете ми што смее да се има и дали воопшто смееш за на пораѓај да имаш моментално на тебе прстени, обетки, ланче, нокти и сл? Да знам што да извадам и да си оставам дома од предходно... инаку пораѓање ваљда во Чаир ќе биде, зависи само коронава како ќе ме држи... ако не гак па тие што сте се породиле набрзо или што знаете да ме информирате
Од накит ништо, нокти чисти, без гел, без лак, без ништо. Мислам дека ова е универзално правило за пораѓање било каде.
Како сакаш комбинираја исто е Дали ја мешаш во сок, дали цедиш лимон , значи што и да ставиш неизбежен е вкусот Гледај ако ти смета на желудник пиј после јадење
Другарки како сте? Едно прашање 30+3 сум...нозеве ми се потечени баш ,пукаат во патика...дали е нормално,дали дека се улежав(со корона бев) или можеби е некаков проблем ?
Од бременоста е. И јас бев отечена и дебела, кога се породив ги снема отоците. Движи се и не јади солено. И облоги ациди бороци помагаат.