За постењето баш и незнам, но познавам некои трудници кои постеле во тек на бременост и си поминале без проблеми, зошто да не ако тебе не ти е проблем А за симптоми без гајле биди. И јас нрмав ни гадење, ни повраќање, ептен само гадење неколку дена ама ништо страшно. Само гради ме болеа од време на време и често мокрев. Па еве 31ва недела сум без некој изразен симптом
Не сите имаат гадење и повраќање како симптом, не барај проблем таму кај што го нема. Ете јас само краток период имав аверзија кон месо, ама за брзо помина и тоа. Не повратив ни еднаш, немав ни мачнини, ни киселини. Биди среќна што немаш такви симптоми. За постењето мислам дека можеш да си допостиш, мада што можеш да земеш благослов за да јадеш барем риба и млечни производи и јајца, да постиш пример само од месо. На почеток од бременост си и бебето се формира, мислам дека ти треба понутритивна исхрана. Консултирај си се и со лекар секако.
И јас го делам истото мислење со тебе, а и предходно пишав дека се добри со тоа што ми се покачи и хемоглобин и хематокрит и еритроцити, сега и железо проверив од 7 за 1 месец е 12.5 со + прележана корона кај што обично паѓа железото И исто никаков проблем не ми правеа на желудник или одење во вц.
Софче дај Боже да имаш лесна бременост без ниеден симптом. Благослов е тоа, верувај. Ти го знам стравот, сите што го поминавме првиот триместар го искусивме. Ако има нешто, зошто има, ако нема, зошто нема. Уживај, храни го бебе со љубов, ќе биде сѐ најубаво сега. ❤️ За постењето, како што се чувствуваш така да правиш. За трудници е допуштено да се јади сѐ, освен месо. Јас во ептен рана бременост (уште не ни знаев дека сум бремена), постев без зејтин. Божиќни пости, еве и Велигденски ги терам со зејтин и риба, а млечни производи, јајца и месо не јадам. Досега, фала му на Бога и со мене и со бебето е сѐ во ред. Ѕирни ако сакаш, има тема на форумов за веганство за време на бременост. Има трудници што цела бременост се само на растителна исхрана. Ама пак ќе ти речам, за трудници е дозволено за време на пости да се јади се, освен месо.
Јас и во првата а и во оваа бременост немав гадење и повраќање. Имам ќерка а сега ќе имам син така да нема врска тоа со полот..викаат за машко ако носиш чисто лице ќе ти биде а мене па никад понафрлано не ми било ниту во пубертет.
Здраво девојки, последниве неколку дена имам многу киселини, мислам дека многу рано ми почнаа, 3та недела сум. Пиете нешто за киселини, со што ги смирувате?
Денес 31 полна недела, го започнуваме 8ми месец според апликација, а беба мрда од 6ч.утрово знај на мама и е роденден Да ве почестам друшки една торта
Среќен роденден! Да си жива, здрава и среќна, а следниот во најубаво друштво да си го славиш. п.с. во 8ми месец влегуваш со полни 32 недели. 8ми и 9ти траат по 4 недели.
Јас со машко и повраќав до 8ми месец и лицето погрдо не ми било, цело флеки и пеѓи Врска немаат муабетите
Женски, шо апчиња против болка смееме да пиеме? Ме пука главата веќе со денови, не можам да издржам. П.С. Најсреќен роденден мајка @Naatashka123