Да се вклучам во муабетот за ананасот. Одамна имам омекнато грло на матката, а ги одбегнував сите јадења,пиалоци што можат да доведат до тоа уште од почеток. Така да во ова со јадењето одамна не верувам
Опушти се малце, и јас јадам маргарин и знам дека има конзерванс. Не претерувај и готово. Не е убаво се во ненормални количини, дури и ананасот, ништо нема да ни е од еднаш на незнам колку време. Во 80% од стварите што ни се пласирани на пазарот има конзерванси не само во маргаринот, а и овошјето и зеленчукот не се како што биле некогаш. Ако почнеш на оваа тематика да пребираш, ни вода не треба да пиеш
Фала Ви мамички на сите за честитките, да ми сте здрави и живи. Да не ве означувам сите посебно Господ само убавини секаде да дава, до б година посреќни сите да сме и побројни Ве гушкаааааам
И јас јадам тоа, бордс еве со краставички и кашкавалче. Ама некако како да го расипаа и последно не мие вкусен. Ти ако гледаш во сњ има конзерванси и сее вештачко. И јас вака се тресев за првото сега си јадам што ми душа сака.
Во бременост треба да се јаде се, разновидно и здраво. Не се замарајте со конзерванси состојки итн. Се што јадеме е прскано по 3 4 пати, во такво време живееме. Опуштете се и убаво нека ви минува бременоста а не во нервози ова јадев она не. Немаме ние некакви отровни риби или специјалитети па да се чудите. Умерено и ананас и смокви може да се јадат.
Мамички има пуштено термини за скрининзи на ГАК. Закажете си побрзо ако имате потреба, брзо се зафаќаат гледам
Па немаат сите омекнато грло на матка и не секое омекнување се должи на храна. Од Х причини може да омекне грлото, а ако за некоја храна се верува т.е. е докажано дека има таков ефект зошто да ја консумираш, ако можеш да избегнеш евентуален ризик?
Па пишав погоре, ако јадеш многу и секој ден ваљда се случува тоа. Ако каснеш некогаш инцидентно сигурно дека нема ништо да ти се деси.
Среќен роденден мами,да бидеш здрава,жива,од господ благословена и здравје нареден роденден бебушот да ти ги дува свеќичките и заедно да се радувате
Хахха не да сум збунка.. Кај мене pregnancy brain е on point одамна. По заборавена и по трапава не сум била во живот, само нешто ми паѓа ко за инат дека не можам да се наведнам како што треба.
јас не сум ни трудна. Ама возбудена заради селењето и затоа. А шпартам по теми, ке направам хаос ако продолжам.
Јас стасав на болница. Ме сместија во соба сама ми дадоја јадење ме поврзаа на ЦТГ. Доктор зеде крв и потполнува формулари. Вечер и другиот доктор ќе дојде па да кажи кое време ќе биде царскиот утре. Возбуда почнува дури сега да ме фаќа некако до пред да дојдам бев посмирена.... Само со лесно да помини да се гушкаме со беба утре... Ве гушкаме