Мила за жал има доктори што така функционираат , ќе ти кажат нешто демек се сомневаат за да отидеш пак кај нив на преглед. Таквите најмногу ги мразам! Имав таква случка пред да забременам бев на преглед кај Лазаревски во Систина. Ме гледа на ехо и ми вика имаш хидросалпинекс???!!! WTF??ама не сум сигурен. Дојди пак нареден месец да видиме за сигурно. А тоа всушност било како вода во каналите на јајници што е сериозна работа. Леле умрев од читање, од нервирање и пак појдов кај проф. Димитров. Он се насмеа и ми вика дете дај опушти се обична водна циста ти е. И за среќа одма после тој преглед си забременив Неможам да кажам лошо за Лазаревски, сепак ми даде некои совети околу терапијата што беа на место но што му требаше да ми измислува дијагнози е тоа ме извади од такт. Така да мила не треба секој збор на докторите да го ставаме при срце
Isto I jas samo sto vlegov vo treti mesec (9nedela ) I odvreme na vreme pa veke nekolku dena osekam voden iscedok , citav po forumi bilo normalno oti vaginata se navlaznuva poveke od estrogenot vo bremenost I pokacenata cirkulacija vo toj del. Taka da ne se plasi ne e plodova voda.
Здраво на сите Поради кафеав исцедок кој не беше обилен, во 5та недела од бременост, гинекологот ми препиша утрогестан од 200 да ставам навечер вагинално. Веќе трет ден како ги ставам, кафеавиот исцедок сеуште го има. Дали некоја имала вакво искуство и кога се повлекол исцедокот. Немам никакви болки, само мачнина и гадење. Прва бременост ми е и малку сум паника. Прв преглед имам закажано за недела ипол.
Јасно ми е мила дека 2 + 2 не се секогаш 4 во медицината и дека може некогаш стварно и они не се сигурни во тоа што го гледаат. Ама не може така, ќе ти ја наполнат главата и после дојди за недела, две, месец..А во меѓувреме што ќе шизнеш од грижа нема врска. Секој нормален човек би се засекирал и би одел пак. Што вика маж ми вчера, сега и на месечината да ни кажат дека треба да се качиме, ќе бараме начин да се качиме.. Он ме теши мене и ми вика не се секирај, ќе видиш дека не е ништо, а можам да замислам како му е и на него и колку му е тешко.. Нека поминува само, на крајот нека се добри вестите. Ама вакви работи несвесно ни го кратат животот. Знам дека мора да бидам силна, ќе бидам мајка и морам да си се борам за детето, единствено таа мисла ме турка напред и не ми дава да застанам...
Не се нормални само тоа ќе кажам. Мене прво ме изнервира ако она правела ехо на срце зашто оџмс не го направи и не те однесе на другата машина. Се збори ли туку така на скоро при крај на бременоста. Ако имаше нешто ќе ти кажеа до сега а и на скринингот се гледа срцето. Мене вака со првово ми направија голема глава па голема глава. Па читај синдром да не има па незнам нит што. Дега маж вика големо туле има да и кажам на таа Не се секирај, ќе се опуштитш дури после прегледот знам ама до тогаш остани смирена.
Така е мила. Мора да бидеме силни секако уште малце време не двои од најубавата средба Мисли на тоа, на убавината која не чека. Како и се до сега и ова ќе се реши
@monik55 Правев преглед тука кај нас во оваа Ремедика, не појдов во Скопје. Почна да ми објаснува колку била стара машината и дур пробуваше да го сврти, па го чекаше..вика чекај да си поиграм со машинава дур го чекаме. Некако како и нејзе да не и беше познато, сто пати се изнаштрака по тоа копчињата..не знам едноставно што да кажам.. За на крај да рече, машинава не е соодветна, лошо е свртено, срцето и онака е поголемо во 32ра недела, АМА имам сомнеж..ќе дојдеш на ехокардиографија... Ми се повторуваат по сто пати од вчера наваму тие зборови во глава, ни јадење е јадење, ни спиење е спиење..ама ќе издржам до утре. Фала ти на поддршката. @mace89
Здраво, има ли некоја што се соочува со мрсна коса во текот на бременост? Мене многу брзо ми се мрсни косата , и ниеден шампон не ми одговара. Може некој шампон да ми препорачувате доколку има некоја што се соочува со тој проблем?
@Bella_Stella Мајка, ако поминеш добро на прегледот, вети си дека ништо веќе нема да те вади од колосек до крај на бременоста!!! Доктор Драшко е многу стручен човек, и тој може да ти каже дали твоето бебенце има некој проблем или не. А не некој кој ниту се потрудил да го зумира срцето детално и да анализира дали стварно има потреба за грижа или не. Едноставно, од самата положба на детето не можело да се види баш јасно. Не морало со такви зборови да ти каже, едноставно може да објасни дека поради тоа што не може таа добро да види, препорачано е да отидеш на друго мислење, кај постручен доктор. И во овој случај ќе бидеш во мисла, можеби и во мала паника, се' додека не ти помине прегледот, ама не и под толкав стрес како што си сега. Јас бев кај доктор Драшко, првата работа што ја прави е го зумира срцето и детално објаснува се' што гледа. Ептен смирен, сталожен човек, професионален. Една многу битна работа што ја сфатив од сите овие настани кои мене ми се случија и пред бременоста и за време на бременоста, па и кои ги читаме низ форумов, не се нервирај и не си стварај стресови предвреме. Верувај си повеќе на тебе и твоето тело, твојот организам. До овде си стигнала, па можеш и до крај! Ќе биде се' во ред! На жалост, ваквите искуства со докторите веќе ни станува секојдневие.
Јас бев на почетокот и со крварење до 4ти месец и се утепував од повраќање и тоа само киселината од желудникот ја повраќав и се подмочував . Сето тоа ти е од нагонот на повраќање исто и при голема нужда ако се напнуваш големи се шансите да се подмочаш .
Имате ли напнатодт на бешиката и цело време како чуство за мокрење? Мокрам а како недомокрена и пуштам по некоја капка обавезно. Де разбира одма паника да нее водењакот
Девојки вие што сте пиеле терапија за покачен притисок во бременост колку кренавте па ви ја препишаа? И која доза? Имам проблем со тахикардија и од неа ми се покачува и притисокот(крвниот) Е сега на лекар ми рекоа да пијам по потреба кога ке се покачи над 130/90 Нервниот ми е 80 константно(да не го подречам) но денес крвниот 135, па се напив метилдопа се симна сега на 120. Се мислам дали е можно да е и од времево :/ Прашањето ми е нели е поарно на 12ч да си ја зимам редовно терапијата(заедно со верапамил) одколку да чекам да се покачи Кажете ми искуства како поминавте, кој мецес прв пат ви се покачи, колку е штетен за бебето? Дали да одам на контроли почесто(сега одам на 2 недели)? Кога и како се породивте, ке пукнам од грижи. Бебе кога ке се покачи е мирно, а се симне пулс 90 95 е активно, веќе тој нормален ми стана :/ а кога ке отиде над 105 ептен ми смета. Пијам какао, цедам лимон, нешто друго што можам да превземам?
Мене ми помага б6 за пулсот. Вчера од што се преморив ми идеше над 100. Се напив магнезиум и б6 од 20мг и после пола сат ми беше 90 пулсот. Кај мене супер делува б6. Пробај
Пијам мила б6 од 20 исто со магнезиум, сабајле испробав викам ај да не пијам право од апчињава прво вака ке пробам, беше околу 100тка, се симна малце, ама после 2,3 саата на 130 отиде ке ми испаднеше срцево мислам одма апче, сеа мерам секој пола саат, 98, 100 тука некаде е. Притисок 120,125/ 80
Да мама, само нека ми каже убави вести утре доктороти и си ветив сама на себе дека нема повеќе да се нервирам и да ставам акцент на секоја нивна претпоставка. Еве денес и го пратив дневникот со мерење на шеќерот на ендокринологот, ми вика супер ти се резултатите, ама нели да не се негира самата.. продолжи да мериш преку еден ден, само на еден оброк ми вика. Ова ми е за памет за следна бременост здравје Боже.. Прва бременост ми е и се тресам на секое...се напнав при крајов наместо да уживам и со мерак да се спремам за доаѓање на бебенцето. Верувам во препораките за др.Драшко, човекот уште на телефон ми остави убав впечаток кога се јавив да закажам. Молам Бога само се да биде како што треба и да се ослободам и да си го чекам на раат сонцето да ми дојде. Фала ви на сите уште еднаш. Ве гушкам.