@Bella_Stella уште сум во шок и не можам да си поверувам на очите што прочитав. Ме погоди ептен... Ама ептен.. Незнам што би ти кажала се е излишно, освен да бидеш јака, мораш
Ќе одиме кај др.Чадиковски па ќе донесеме одлука. Фала на сите, не сакам никој да ја осети оваа болка никој!
Ќе се молиме сите до една да се најде решение за бебчето. Сигурно имало и други дечиња што се родиле со таква мана па се нашло решение
Што и да напишеме, неможеме да те утешиме. Биди силна, а ние испраќаме позитивна енергија за да може да се среди
Не знам дали веќе сте закажале, да знаеш дека прво лажат дека нема слободни термини кај него зашто работава е дека тој прима само комплицирани случаеви. Објаснете убаво за каков проблем се работи и бидете упорни да ве прими. Верувам и искрено се надевам дека докторот ќе најде решение. Еден од подобрите е. Мило ми е дека ќе побарате друго мислење и ви ја праќам целата среќа на овој свет да бидете тројцата добри и да се гушкате наскоро Те чекаме со убави вести
По препорака на др.Драшко Димески ќе одиме кај др.Чадиковски, не сме закажале, ни кажа во понеделник да се јавиме. Кај него одиме за да ја види дијагнозата и да каже што и дали би можело нешто да се направи од оперативен аспект. Др.Драшко отворено ни кажа дека е многу сериозна срцева аномалија, едната страна од срцето воопшто не е развиена, плус има проблеми со аорта, залистоци итн. Да беше порано вика секако ќе ви препорачав абортус, а сега сами треба да си одлучите... Прашање е вика колку операции се потребни и каков квалитет на живот ќе има бебето потоа. Не ни даде ни трошка надеж, човекот со тешко срце убаво ни објасни се и едноставно беше реален, мораше да биде.. Ние ќе сме ставени пред два тешки избори. И фала ви на сите што пробувате да ме утешите, но во моментов утеха за мене скоро и да нема. Сакам само што поскоро да заврши овој кошмар. Бог решил дека треба да го доживееме и ова...
Мила немам зборови со кој можам да ти кажам колку ми е жал но мора да бидеш силна те гушкам најсилно сите ќе се молиме за тебе и тука сме за што и да треба
@Bella_Stella Колку болка осетив во твојот пост и заплакав, а ти мила ја чувствуваш милион пати повеќе. Премногу ми е жал, се надевав дека ќе ти речеа дека се е во ред. Шок преголем за една мајка, родители. Колку тешки и болни моменти ни задава Господ, тое е чудо. Ниеден збор неможе да те утеши, а верувам дека не ни сакаш да слушнеш во моментов. Нашите поддршки и мисли се со тебе, ах бе мила...
@Bella_Stella бидете храбри, белким ќе се најде начин да може нешто да се направи. Бог е голем.. Гушки многу
Ооооо душа, леле колку ми е криво...... Те молам само верувај во Бог дека се е со причина, знам дека не е за утеха, боли.... Но ќе имате друга шанса
@Bella_Stella знам дека не постојат ни зборови ни воопшто нешто за утеха, само се молам бог да ви даде сила
Леле колку ми е жалКако е можно ова сега.Не сум во состојба да кажам било штоВерувам дека докторот што ќе одите најдобро ќе ви каже што може да се направи, може сепак постои некоја шанса да се среди состојбата
Стварно не ми е јасно како досега не приметил матичниот гинеколог....во шок сум Мојата секој преглед ги проверува сите органи, и ме уверуваше дека трет скрининг е непотребен...
И јас се надевав на позитивен одговор, и зборував по дома за Афродита што ти рекла, дека докториве не плашат. Но после денешниов преглед, немам збор, едноставно плачам, а не се познаваме. Зошто при крај вака, не на почеток ( жал ми е, појдете на второ мислење и одлучете. Сигурно сте млади, подобро сега отколку цел живот да се мачите сите. Јас денес слушнав како на една мајка сега во 7 ми месец и рекле дека детето нема оформено лице. Не ми се верува како може, па нели гледаат во 3/4 месец?! Многу ми падна жал, и дале 3 опции на мајката, ја одбрала потешката.... Господ да не чува, стресови од сите страни.....
Жени не знам што да правам, бебе се размрда еве половина час и повеќе без престан. Ме боли долу вагината и како притисок чуствувам. Бебе горе под гради се опира и клоца некое време па ќе престане.
Ќе одиме на мислење кај др.Чадиковски како што кажав, но бебето ја има најтешката срцева аномалија што постои, хипоплазија на левата страна на срцето, т.е таа страна воопшто не е развиена. Тешка за решавање и оперативно оваа дијагноза, нема скоро никаква гаранција.. Ние сме во шок и неверување, на никој не му посакувам да го доживее ова, особено не како мене на самиот крај. Не знаеме и ние како до сега не се виде на прегледи, очигледно толку е способен докторот. Не обвинувам никого, само сакам што поскоро ова да заврши зошто немам сила, скршена сум на сто парчиња..боли многу. Чувајте се и бидете добри. На нашето бебе не му било пишано да дојде на овој свет туку да биде ангел на небото. Фала за сите зборови на утеха, иако не постои утеха за мене моментално..
Нема утеха, колку и збора да свртиме овде, во живо, било каде. Единствено, Ќе помине. Бавно, тешко, но ќе поминува.. Ќе бидеш добро. Се поминува, знаеш...само држи се колку што можеш..