@Bella_Stella мн ми е жал мила.Нема зборови што би ги кажале да те утешат. Ќе ја тагирам @Mariangel само незз колку ќе види со две дечиња,зафатена е.Или заследи ја на инста myhalfheartstory.Се надевам не се лути. Шефчето Дариан е роден со половина срце,знам тогаш дека откако се породи дознаа за дијагнозата.Прочитај има пишувано за трнливиот пат и борбата.
Ако ти е за мааала утеха,имам близок случај што открија многу подоцна,се роди веќе...и беше многу многу потешко и поинаку ,само што кај неа беше проблем што беше упатена рутински многу порано на ехокардиохирургија амс не отиде,заради тезите дека само не тераат на испитувања и профитираат,а ти знам дека нон стоп одеше и кај разни доктори,дефинитивно ова е нивни пропуст. Чудни се патиштата Господови,ќе го пребродите и ова,ќе забремениш пак,полесно и сето ова ќе биде еден кошмар на кој што ќе се сеќаваш и ќе бледнее со времето,се се случува со причина. Бидете силни
И јас колку сум станала плачка не ми се верува. Чудо е како сочувствуваме со другите мајки кога и ние сме остварени како родители. Приказната на женава во исто време ме натажи и ме израдува. Каква болка, како ли се издржува вакво нешто. Барем крајот е среќен
Кога ќе ти дојде на глава и те како се издржува. Ние мајките сме супермени и се ќе направиме за нашите деца.
Mnogu mi e zal,mnogu Se nadevav na najdobroto... Bidi hrabra,boli i teshko pominuva,no gospod e golem ke ti dade sila i povtorno nova svetlina ❤
Ми значи секој ваш збор, ве читам и плачам уште толку ама на друг начин не може да ми олесни. Знам колку сочувствувате и колку сакате да ме утешите..но моментално нема начин за тоа..колку и да сакам.. Мала трошка мир наоѓаме со маж ми во тоа што откривме сега, не е на време..ама можеше и да се роди и да биде уште потешко.. Се ни е јасно и дијагноза и опции, сите карти се на маса. Одлуката со тешко срце е речиси донесена. Не сакам никоја од вас да стои некогаш пред ваква одлука, никогаш. Не сакам да ја расипувам темава со мојот пример. Сите имате голема причина да сте позитивни и нека ве чува Бог и вас и вашите бебиња. Ние ќе издржиме некако се надевам..маж ми е карпата на која што моментално се потпирам. Тој ми дава сила колку што може, а јас се трудам да бидам силна за него пошто страдаме и двајцата. Чувајте се сите..
Не си сама. Болката е огрома скоро и никогаш и нема да помине едноставно ке се научиш да живееш со неа. Во цела ситуација има една светла страна,верувај многу потешко ке беше да се разделиш доколку вејќе беше родено. Суров е животов. Но барем тука на форумов има доста што го поминале овој трнлив пат. Еве ја за пример @monik55 баткото ке стане батко. Биди тука и кога се ке помине. Пишувај ни ке те читаме Олесни се
@Bella_Stella два дена читам, не ми се верува, не знам што да пишам... во мислите си ми цело време... Господ да ви даде сила, те гушкам силно!
@Bella_Stella читам ама не можев да пишам.. Шок.. Не можам да кажам знам како ти е, кога не е така. Мораш да бидеш силна, после дожд секогаш иде сонце. Види побарај уште едно мислење. Во мислите сум со тебе.
@Bella_Stella случајно влегов во темава и те прочитав. Имав една биохемиска после 9 месеци неуспешни обиди за бебе. Очајна,скршена од болка не знаев што со себе. Прво се израдував до небо,па после како да ме акна некој од земја. Знам не може да се спореди со бременост од 8 месеци, ама сочуствувам со твојата болка. Господ да ти ги подари најубавите дечиња, да бидете најсреќни со маж ти,после дождот доаѓа сонце.. Те гушкам
@Bella_Stella многу ми е жалимав блиска со истата ситуација, ја завршија бременоста, заради срцевата аномалија,и во следните 6 месеци повторно забремени, сега е пред пораѓај Исплачи се и биди силна
@Bella_Stella не можам да опишам колку ми е жал. Те молам после ова побарај помош од доктор, психијатар, за да се справиш со ова, да останеш ти здрава, не само физички, туку и психички, за да можеш да се исправиш побрзо на нозе и сета љубов што ја имаш за ова бебенце да ја споделиш со неговото идно братче или сестриче. Последниот пост што си го напишала е преубав, полн со несебичност и поддршка за сите тука, но те молам обиди се да бидеш така добра и со себеси. Навистина се надевам дека нема да ме сфатиш погрешно, а како и да ме сфатиш, јас разбирам и најмалку што сакам е било како да те повредам. Но мислам дека ќе ти е потребна поткрепа за полесно да останеш силна и да продолжиш понатака.
Со тебе сме во мислите, биди силна, нема зборови со кои би ти помогнале и би те утешиле ама не си сама и запамти дека мораш да си силна...
Многу ми е жал Бела, ама стварно како почнав да пишувам за бременост на форумов така тебе те открив, памтам и како се трудеше за се ова, јас се расплакав со тебе, не можам да дочитам, и знам дека ништо не ти е утеха, и не ни пишувам утешителни зборови залудно, премногу ми е жал за се низ што помина и поминуваш, се ќе дојде на свое место мила.