Женчиња, вагиналети Донафил ми ги препорачаа заради досадна кандида, на природна база се. Ги користела некоја? Внатре 10 се, а во упатството пише 5-7 дена. Како ги користевте?
Јас ги користев пред да останам бремена, ама немаа некаква полза, бар кај мене. И јас имав кандида. Многу повеќе ми помогнаа полигинакс 6дена ставав толку и имаше во паковање и сега немам.
Затоа реков кај мене помогна, секое тело е различно. Исто и Mycoril се добри ама не знам дали се за бремени.
Женички бев на преглед каj Др-Елма во Санте.Се e во ред со бебуш, постелка супер уредна, ама поголемко за 2 недели сега сум 30+4 а го измери 32 недели и плус ми рече поголемо количество на плодова вода. Ке испитувам скриен шекер,( нормален го испитував беше океј 4.7) и некој тест ке правам во вторник пак кај нив.OGTT Од што може да е оваа состојба, дали е загрижувачки ? Никој од фамилија нема шеќер ако e поврзано со тоа...Имам простор за грижи или ?
Скриен шеќер се нарекува гестациски дијабет затоа што се јавува во бременост а не може да се открие преку обична крвна слика. Зголемена плодова вода и крупен плод се знаци на скриен шеќер. Ке мора да провериш повторно. Немаш простор за грижи, затоа и се оди на контроли редовно, ако има нешто медицината ке помогне. Кај мене имаше сомнеж за скиен шеќер и докторката ми кажа и да имаш не е крај на светот. Ке следиме и ке се погрижиме и двајцата да сте добро.
Женски, што да земам за железо суплемент, докторката ми рече било кој и сега незнам. До сега секогаш имам користено хеферол и ми помагал. Незнам дали да земам нешто сега "поблаго" така да се изразам, 11 ми е железото, 112 хемоглобинот, 31+0 денес, свечено во 8ми
Јас користев ферум за железо и хемоглобинот, имав подобрување, иако некои ги препорачуваат сидерал форте за железо.
Мамички дали знаете дали кај нас некаде се продаваат вакви ленти/траки? Кинезиолошки ленти? Можам да најдам некаде??
Mene minatiot mesec mi bese 9 zelezoto,ne mi dadoa nisto, kazaa ke vidime sledna krv slika. Nekni proveriv 9ipol e, ne zemam nisto suplementi
Па најверојатно дека при крај сум веќе ми даде. И да не ми речеше ќе почнев со нешто секако, веќе почнав наутро семе со коприва и мед, порано ми даваше многу резултати зашто анемична бев. Сега затоа и се мислам за некоја по лајт варијанта од хеферолот, зашто не ми е ни толку ниско, ама несакам да се оставам без ништо.
Мене како лајт варијанта, за да не се деси нагло да ми падне, ми дадоа Хаемовит да пијам, на helth air фирмата. Сега после празнициве треба да правам крвна слика да видиме како е шо е.
Женски пишав и во трето тромесечие ама поактивна е ова група... 32+3 сум и денес имав преглед со рака. Ми кажаа дека можело да индицира пораѓај и искрено се упрпав до даска!!! Ме проверија со рака бидејќи во понеделникот имав слаби контракции на ЦТГ, а денес со дупла доза магнезиум (од пон до денес) се беше океј, само една болка се јави... и сега сум во мисла да не си направив проблем некој ХЕЛП! Инаку грло тврдо и затворено Искуство со ова?