Таман работа. Не е во ред константно, на секој преглед да проверува со рака, да го прoвoцира местото инаку зошто толку потресување? Ме имаат проверено во 15та,19та, 23та, и? Знае зошто проверил, немаш потреба од толку паникa... Така да се правеше индукција ретко кој ќе носеше до термин...
Пред 3 недели хемоглобинот 11 после три недели зимав лактиферон плус ми беше 12.2.Моја препорака за лактиферон плус
Ne se grizi.Nekolku pati i mene me pregleduvaa so raka.Normalno kako inaku bi se videla sostojbata na cerviksot,dopira so prst kratko i tolku. Go delam istoto mislenje so @Natashka1988 znaat doktorite shto i zoshto toa go pravat.
Друшки едни прашање,минатиот петок бебето беше 3160 во 37+2,денес сум 38+1 и беше 3260,нели е мн малку 100гр за 1 недела да порасне? Вистина многу набрзина го мереше и ради реда некако ама сепак се загрижив некако...
И моето толку качуваше, језда мерките некогаш апла врска немаа, ама во 36+ беше 2600,се роди 40+, 3 кила. Нормално е сите различно да напредуваат на крај особено, ако сите исто напредуваа, сите бебиња носени до крај на термин ќе се раѓаа со околу 4 кила, а не е така.
Не се потпирај на ова, мене во 2 недели од 4000,па 3200,па 3300...на крај излезе 3800. Точно баш, тешко.
Еве јас со железо 11 и хемоглобин 11, го земав ова по препорака од аптека, не се таблети ко течност во шишенца е, и не е грдо за пиење и не прави проблем со столица, на 31март железо 11, денес 29април 20 се качило, хемоглобин 11.5
Јас земам на Jamieson железо 50мг со продолжено ослободување.. За месец дена од 16 ми се качи на 20ка. Прилично солидно се покажа, ќе продолжам да го пијам до крајот на бременоста.
А хемоглобинот како ти е?? Јас позагрижена сум за хемоглобинот дека тој потешко се качува, затоа сакам да прочитам и искуства. Ми отвори работа сеа и докторкава
И јас сакав тие да ги земам. Сега ми е 20ка но ако ми падне ќе си ги земам обавезно. Највеќе од се ми се свиѓа што не се многу јаки а немаат никакви додатоци во нив
Јас па си мислев со додатоци е подобро... Од сите до сега што ги проучував тие лектоферон некако нај ок ми се дека содржат и некоја состојка за млекото.... Зошто мислиш дека без додатоци е подобро?? Дека ги внесуваш од др страна додатоците што би ги имало или општо дека апчињата се по ок ако немаат додатоци?
Си кркам мевце повеќе и се ‘давам’ во листест зеленчук.. Особено се трудам сега повеќе да конзумирам салати, млад спанаќ, рукола, капрезе салатка за мерак Прочитав дека планираш да започнеш да земаш и семе од коприва Мене многу ми помогна еден период кога ми беше ниско железото и хемоглобинот
Да, веќе почнав еве неколку дена. Знам дека помага, ама сепак сакам и некое суплементче сеа пред крај. Јас искрено си се чудам и до сега како издржав без ништо за железо, првата бременост од старт ја почнав со хеферол и не го мрднав повеќе од 7ца, само го одржавав. Заслугата ја ставив на тоа што од рпед година и кусур почнав да пијам алое, од тогаш немам проблем со железото а еве и во бременоста добро издржа.
Не мила. Секако дека е подобро со дадотоци така е подобар ефектот. Но јас бидејќи сум со мутации земам дополнотелно освен Фемибионот 2, метилфолат од 1000мг и метил Б12 1000мг и доколку земам некои со додатоци ќе ми се дуплира дозата што и онака ми е висока. Ти ако не земаш дополнително секако дека можеш да си земеш некои суплементчиња што имаат плус фолна и б12
Можеш да го земеш препаратов кој го предложив. Го има во Зегин, 60 таблетки за некои 600 и кусур денари. Ќе ги качи и железото и хемоглобинот, ќе видиш Да си бидеш мирна
Да, па затоа и те прашав, претпоставив. А плус и јас ги пијам веќе ( нередовно ) фолната и б12 на јамесон... Така да со ова сега би биле добар тандем. Може сепак да се одлучам за тие на крај