Жива, здрава и од Бога благословена да е принцезата! ❤️ На најубав ден се родила, за многу години да е!
Нема душо, си чекам појаки болки. Утре сум на цтг, ќе ме чекале до 10 дена после термин, осеќам јако стегање доле како пулс, фати пушти ми прави, ама со појак интензитет.
И премногу и е мислам, преубаво е времето да седи уште.. Чаир одам, таму со првото бев и со ова сега.
Ние и онака се шетаме тројцата само што малата не се гледа Само да е жива и здрава, друго не ми е гајле. А ќе истрпам некако што треба да го оставам малиот ама тоа е.
Јас да ви кажам се изначекав денес гужва невидена во Чаир, али тоа е. Во среда ме задржуваат, па со Господ напред да си ја видам лепотицата за брзо.
Им се брза да земат по некое јајце Со убава мисла и најлесно да биде сe, чекам да ти честитам во термини!
Женски под стрес и во паника сум, малото падна сабајле го удри носот, го носевме на ургентен му го снимија носето на рентген а јас скроз изумив дека сум трудна 12та недела, влегов внатре за да го држам. Одма се испојавив на гинекологот и на радиолошки технолози сите тврдат дека нема штета, дека тоа е многу мала доза ид а не се секирам, но не сум мирна многу се нервирам има ли некој со вакво искуство
Убаво ти кажале, многу мало е тоа зрачење и немаш простор за паника. Опушти се. Се надевам сте добри.
Добар е малиот среќа нема скршеница но уште неможам да се смирам неможам да си опростам како дозволив да ми тресне, од кревет во ивица на маса со нос...... А се вртев го гледав додека му спремав доручек, за секунда се исправи и се случи
Ама и врз сета белја па како можев да изумам дека сум трудна и влегов да го држам за да го снимаат а цело време маж ми го држеше, можеми он ќе влезеше за снимање ама на шалтер за да платиме немавме ситни и он ми го даде детето и излезе да бара ситни, мене ме викнаа внатре да му го држам главчето и се се случуваше како фортуна Сите ми кажаа да не се секирам, дека не постои опасност ама шубе е........
Мило ми е што сте добри. Опасност нема, пак ќе речам. Сега најбитно е да се смириш и да не се нервираш. Веќе си доживеала стрес, дополнителен ама ич не ти треба. Дете како дете, за секунда може чудо да направи. Битно сте добри. Уживај и смири се
Немој да си ја јадеш душата, се случува. Не можеш деца да дочуваш, секунда е во прашање. Битно е дека во ред сте сите.
Друшки, може е глупаво прашање ама ќе прашам. Какви се тие мрежести гаќи што читам ги споменувате, за една употреба ли се и каде може да се купат, која цена??? На пр во дм ги има???