@Andrejaaaaaa Јас од Дм вакви имам купено ,но ги има и во енци менци и др.такви продавници за бебчовци
Претпоставувам, но дм ми е најблиску па затоа прашав за таму... И купувате вакви само за во болница или?
Да за во болница си ги носев јас.Обично не даваат со гаќички нели,ама јас бев со царски не ми правеа преблем кога одеа на визита.а удобни ми беа така високи над рана,меки.си ги носев. Но може и за дома.
Мислев дека мочам, црло време имав притисок на бешиката дека а тоа уствари не се задржува, без престан тече не можеш да го допреш. Ако мислиш дека почнала да ти тече за мирна глава оди до доктор.
Да, бистра е. Ама нема мирис како урина и тече постојано. Ти ке се избришеш а пак ке си тече. Со лесно.
Чико велат дека биле мали, ако си покрупна нема да ти се точни. Јас купив некој друг бренд ама не од овде. Имаше 5 и едни ми останаа. Во болница не облеков воопшто, ставав по 2 3 влошки, а лежев најголем дел од времето и не ми требаа. Мене и толку ме болеше царскиот што не ни можев да ги облечам. Дома ми се најдоа, ама можев и без нив.
Мене ми беше мачно да станам за во веце, креветот висок, треба да се излизгам па да станам, раната мислам ми пука. Која мака ке ми беше уште гаќи да облеков. Плус влошките се толку дебели што нема кај да бегаат.
Јас дека со црски икрено супеер ми дојдоа. На болница искористив две ама за дома и си прикупив. Ми рекоја дека е пера ама јас ги фрлав
Да да во Чаир.. Дај боже на сите да ни биде лесно.. Не сум отворена уште, провокација ќе ми стават 100%.
Знаеш што ми е чудно? Да беше урина немаше ли да има некаква боја бар? Жолтичко нешо зеленкасто, ова бистро беше. Тоа ме зачуди и затоа отидов.
Ајде мајка со лесно да биде. Те чекаме со најубави вести. Уште малце те дели до најубавиот момент. Гушки
Ако си отишла, сега мирна глава. Мада и плодовата вода не е баш проѕирна, ама на мала количина не се приметува каква е. Можеби бебе е подоцна зачнато и затоа не му се излегува. 10 дена по термин најдоцна ке бидеш породена, дали природно дали царски. Не се плаши, што и да е мисли позитивно.