Како и да е утре останувам таму, не ми е битно на кој начин и царски да е боже мој тоа е.. Иако е наместена со главата доле, може со провокации ќе се отворам. За синко не ми текнува што бојабеше кога ми го пукнаа, затоа прашав. Фала ти за одговорот.
Женскии денес го правев тестот за скриен шеќер, одличен е вели докторката и пак ме гледаше на ехо, Ми вика нее бее, оно како за инает си оди 2 недели напред 2 080гр - 31 недела се водам по менст.а бебуш си врви цели 2 недели напред како за 33 се е во ред друго.Можеби ќе си се породам порано, и така братчето негово ми е родено 38 недела 3 550гр.Да одев до крај и 4кг ке се родеше Битно ми олесна сега помирна ќе сум Ве гушкам
Кај мене и првиот скрининг беше вагинален затоа што многу ниско е вгнездено. Сега сум 34+2, цела бременост сум физичка активна, никогаш не ми било кажано да мирувам, фала богу не сум имала никаков проблем.
Тие од чико се ужас, тесни, мали, најлонски цели. За џабе фрлени пари, не ги облеков ниту еднаш, кога дојдов од болница ги фрлив цело пакетче. Во аптеката во ремедика имало од убавите пишуваа членки.
А кој се убавите?? Кажете нешто како да ги распознаам, или ако се ок овие од Дм ќе ги земам тие и готово. Или не се ок? Мене големината не би ми била проблем, ситна сум, уште си ги Носам гаќичките од пред бременост, с бројче, малку спуштени
Мамии , ја однесов урината на уринокултура и денес земав резултат : Примерокот е контаминиран со три еднакво застапени бактерии , знае ли некоја што значи ? Јас утре ќе однесам кај матичната, и тука да слушнам нешто.
Би требало да ти пишува кпи бактерии се и антибиограм со антибиотици да има на резултатот. Па врз основа на тоа, ќе ти дадат терапија.
А шо величина купувавте? Колку шо сте носеле претходно, или во текот на бременост? Колку вакви требаат? Не ли дозволуваат обични гаќи во болница? Тие ВИР влошките огромни ли се и мора ли такви? Обични менструални влошки нема ли да завршат работа?
Не знам која големина беа ама јас купив најголеми пошто бев огромна, ама озбилно, 110 бев пред пораѓај. Обични влошки за дома, во болница вир. Тие се чист памук со мрежа и упиваат најмногу. Гаќи не носев, влошки меѓу нозе и нема кај да бегаат. Со царски не можев да одам а не да се наведнувам. Не се огромни, дебели се, олвејс ноќни се дупло подолги. Во аптека барај со мрежа за пораѓај, вир имаат пластика не ми беа убави, бони се само памук.
Пред бременост носев С величина. Додуша на почетокот купив повисоки гаќи М, ама како ми растеше стомакот се префрлив на старите, ниски гаќи, полесно ми беше. Јас не ги купував гаќите од ремедика, ги порачав преку другарка, ѝ реков М да земи, сепак да не ми се многу тесни, ама Л ми зела. Мислам дека ќе ми збркаат работа. Делеле на парче во ремедика, 20 порачав јас, мислам дека ќе ми се доста, можеби и многу, не знам. Инаку сигурно дека може и со обични гаќи, ама овие пошто се како газа, би требало да се подобри за да диши раната. Влошки зедов едно пакетче ВИР, ама ми рекоа дека не биле многу убави, па зедов и едно Бони мрежести, ќе видам кои ќе ми одговараат повеќе, па ако има потреба ќе приземам уште. Ваљда сѐ зависи од тоа колку крвариш.
Вир имаат пластика доле и мене затоа ми беа глупи. Кога ке се измести боцка. Вир се поголеми од бони.
Мене бони ми пропуштаа пошто е само памук, а Вир имаат доле како пластично и не пропуштаат. На 2 до 3 саати ги менувам. Мене веќе преку глава ми се, само ми с елепат кончиња, памукчиња, кој што прави само се мијам, долго е крварењево и досадно
Здраво женски,20та недела сум,и пак почнаа киселоните,оние ко на почетокот. Знаев дека пак ќе се појават ама се надевав при крај на бременост барем.. Ве молам за совет,како се справувате? До сега пробав со содабикарбона,гастрогард,бадеми,ладно млеко,јаболко...За нијанса се нмамалуваат со јболкото но не исчезнуваат..