Дали некоја пд вас е дома со мерките за ослободување трудници поради пандемијата? Ме интересира дали мерката уште важи
Важат мерките за трудници се до крај на пандемијата. И јас сум дома на патолошка ама ми понудија и од фирма дека ќе ме ослободат според закон.
Женички Цел ден осеќам како менстурални болки доле ниско,кратко траат, плус одвреме навреме стврдување на стомакот, а осеќам и како боцкања доле ниско кај вагината како наеднаш да ме прободува некој со нож и за неколку секунди прекинува, денес бев поактивна по дома чистев Да не е од тоа, плус бебуш со главичка надоле е, крупничко 2 080 грама е, а 31+5недела сме, ме претиска и многу многу е активно, кога ме клоца знае да ме заболе...ме грижат овие менстриалниве болки дали се нормални за оваа недела. А мислам дека сите коски ме болат, грбот доле ниско, колената многу ме болат едвај чекам да се олеснам веќе се ми смета, се ме боли,
Може малку е глупав муабетов, ама како успевате да се средите, да се издепилирате? Додека немав меше секогаш поминував со брич, ама некој период не се замарав за средување и сега веќе како порасна мешко мислам дека нема да успеам. Се мислам да пробам сама со ленти, само ми треба некој да ми каже дали има пробувано, да се залажам дека ќе биде успешна операцијата.
Јас со депилаторче се поминувам погоре пошто доста ми се изретчени влакната а на усните со бикче. Така на осет кај фатам фатам, после се прегледувам на огледалце
Јас со топол восок на огледало се депилирав сама до кај 6ти-7ми месец. После тоа една другарка ме депилираше. Јас нит гледав, нит можев да дофатам. А пазуви, раце, нозе со електричен депилатор депилирам уште сама.
Јас за доле си одам на депилација со шеќерна паста исто како и пред бременост. Сигурно ми е пошо во салонот кај шо одам, таа ми е другарка, работи сама и нема никој друг внатре а стално прва ме зима мене. Нозете некогаш ги депилирам некогаш со бикче а пазуви со бикче
Да ти кажам искрено, никако, едвај... брич до кај што фаќам, и толку...кај не смеам да седам, што да правам... А најврв од се е што кога пишуваа жените овде, си викав еее како не, не може, а ја фамозна 7ма недела... Look on the bright side, на Мадона ќерка и намерно ги пушта
Хахах, ме насмеа. Мене не ми се проблем, ама да се затсредам малку за на лекар, да не се запуштам до толку. Ќе си ја пробам среќата, па ако излезам како искубана кокошка живи здрави до наредниот преглед ќе имам време да вежбам.
Која недела си? До 20-23 можев, сега послабо...едно исто место 14 пати пројдено, друго национален парк ко ке ме видат на гак, кај многу работи не чинат, мижат пред ова
Не му ја мисли ич, колку можеш, толку, или алтернатива депилација...јас одев до пред да останам бремена, и раат е, стварно..
Да, јас сум дома од 5ти месец иако можеше и порано. Мерката по правило треба да важи за сите, но кај некои фирми има исклучок. Прашај си на работа дали ослободуваат и само потврда ти треба од гинекологот. Позз и секое добро