Јас сум државно и споделив мое искуство а за во приватните некои 50% некои 100% некои не ни дозволуваат да се користат мерки,како сакаат така за жал
Здраво Денеска ми ги пратија резултатите од микробиолошките брисеви и уринокултурата и сите се уредни и чисти, а јас си имам печење луѓе кога помалце кога повеќе Веќе ме нервира многу. Да не згрешив што не бев упорна да ми земе Пап брис, му спомнав на Докторот ми рече и тие што се ин витро годишно прават по еднаш. Јас правев во септември и имав кандида и испивме по еден антибиотик со маж ми. Стварно незнам дали е од утрогестанот, дали е до нешто друго Некој совет што да правам ?
На хипп кoзметиката jа кoристев за првoтo сега и за oва. Презадoвoлна сум и сеуште си тераме сo истo. Oд пелени памперс за пoчетoк па ќе сменам на виoлета, предoбри се и тие.
Ако се добри резултатите, тогаш можеш да си земеш глизиген гел.Се имам консултирано со многу доктори и фармацевти и истиот е 100% сигурен за во бременост.Мене многу ми помага кога и да ми се појави печење.Пробај, верувам дека ќе ти помогне.
Најискрено, да се опуштиш! Во тој дел имаш милиони и капилари и нервни завршетоци, и не само што може да реагираат на стрес, туку и на самите хормонални промени. Мораш, ама скроз другарски малку да го олабавиш цел mindset... не мисли. Ако мислев на болките што ги имам од 15та г.н досега ќе бев сосема неспособна за ништо друго. И како второ, можеш да земеш Лактогин, секако и во консултација со твојот доктор, тоа е пробиотик, ја обновува цела вагинална флора. За да не ставаш, има и капсули и помагаат, многу. Јас омав такво пецкање, со Видермината, се преродив искрено..не би ја сменила за ништо..
За прво тримесечие ми беше напоменато да одморам најмногу што можам, да не кревам тешко и да немам поголема физичка активност од пешачење. Е сега прашањето ми е колку се смета за поголема физичка активност ако возам нормален градски велосипед 15-30 мин дневно?
Софи и јас имам печење цело време од утрогестанот најчесто ко ќе се мијам пречесто мислејќи дека ќе ми поможи ама уште полошо си правам.. Измивам со камилица мн често и моментално мислам дека само тоа ми помага.
Колку што знам во бременост не се препорачува возење велосипед. Најверојатно поради хормоните и може да дојде до пад и да настане повреда
Не го сфаќам ризикот на велосипедот (освен паѓање, не дај боже) ако цела година ја возам истата релација, со нормално темпо, на велосипедска патека, нема нагорнини, само право ми е и го користам како превоз до работа. Не сфаќам како внатрешно сега влијае нешто затоа што сум бремена? Во која смисла викате не би помислила на велосипед?
Јас исто возев велосипед цело време пред да бидам бремена ама баш ради тоа можно паѓање не ни помислив да возам , а имав сосема нормална бременост. Тебе плус ти кажале да мируваш.