Баш мене ми се случи паталошка или не ми го продолжуваа договорот и на крај си извадив паталошка а бев и ковид болна баш тој период алал да им е на газдите што не би го направиле истото што и мене
Zalezana aj batali gi shto zborat.Ti si znaesh kako ti e najdobro,a sekako i kako d-r preporachuva.Shto ke kazat za mene shto do 16nedela bev 80% na lezenje i odtogash na celosno lezenje do eve 27+,a ke treba i do kraj.Zimaj si pogolema kolichina magnezium i lezi,odmaraj. Za stravot ne spomnuvaj,mene mi e najgolem neprijatel,ama mora da sme pohrabri i se ke si bide dobro.
Јас имав болки од десната, испадна дека е песок во бубрег, плус имам огромни болки во кичма, но јас имам проблеми со кичмата и пред бременост, само сега ми е влошено. Јас гледам да се движам, барем пола саат минимум пешачење дневно и мене тоа само ми помага. По шетање се осеќам подобро, а во меѓувреме си правам паузи ама ако не можеш не се напнувај. Плус пијам магнезиум цитрат. Инаку сакав да прашам нормално ли р многу големо задишување, особено со маска? Не можам да купам ни леб на раат од што не можам да издржам.
За телото ич да не се секираш, издржува и многу повеќе и не дај Боже многу полошо. Кога си велам по 4 години живееле во логор на корка леб и каллива вода, можам и јас на јоги да лежам и да јадам салати. Одмарај се, пред се психички. Знаеш кои битки ги водев сама со себе во 16та, 18та? Сите одат негде, уживаат во бременоста, јас како препарирана. Но имаш повисока цел. Тоа стави си го во глава. А дека ќе сече, ќе дупи, ќе боде, охо... шубе ми е да не осетам ништо такво, си ги барам бодежите кај се денес. Крени го духот малку...тука сме, лежечи полицајци
Абе јас тоа велам да знам дека треба само дс лежам за се да биди во ред ќе лежам ама сите ми велат се е најнормално движи се слободно расфаќај шетај прај си ручек а телото како да ме предава.. Баш водам битка со себе 2 дена арна 5 дена се тресам на се сирената на најјако уклучена и само цмиздрам.. Највеќе ми влезе впамет тоа што имам некоја блага форма Т на матка и со то поврзувам секоја болка и секоја мисла дека нема да издржам до крај.. Не ми е за мене нормално јас се ќе издржам.. Да знам дека ќе дотуркам до крај не болки не бодежи шо сака нека ми е А нема да речам. За бебко ми е..
Слушај ги, но слушај си го пред се и телото. Му треба одмор, дај му го, ти се шета, сврти круг, ти се јаде сладолед, лежи и јади сладолед.. Штом болката е врзана со движење, менување на положба на телото, е мускулна, лигаментна болка. Цел преден sид на стомалот е преполн нерви и затоа боли... Кога добив контракции, тие болеа независно, не седнат,легнат, секако... за болките во колкот слободно напиј се парацетамол, не е штетен. Не чини да се клукаш бруфени на секое, но по потреба и тие ги даваат на клиника. Едно само да знаеш,најпријателски, колку повеќе лежиш, толку повеќе ти се лежи.. да, губиш тонус и мускулатура, но ќе се врати. Што фини ми се тенки нозеве, ко ќе мр видат на клиника "ау колку си се задржала" да да, многу, и насмеј се Бебко почна да го осеќаш веќе? Можеби ќе ти звучи сурово, ама гаранција нема, за ништо. Останува да си позитивна, и да се бориш. Не мислев дека ќе ги пројдам контракциите во 19та недела. Но, помина. Пушти си серија, колку лито и да е.. sex and the city ме крева ептен...си викам море, растур ќе правам ко Саманта, само да е се ок со дебелиов....
Ако немаш индикации за лежење,прави си кратки прошетки.Ке ти годи мислам и психички и физички.Ако имаш балкон/двор искочи со кафе поседи си.Немој до тој степен да се депремираш.Пазење е во ред ама не до степен психички да скренеме.Ја сум со ниска постелка.Петровска рече само секс и тешко кревање не,друго се може полека и умерено.Е првата недела коа ми го кажа тоа поминав лежејки и плачејки седум дена.После си викам таквото понашање не води никаде.Бев на ручек за мај со мм во Вруток,Скопје на шопинг,Штип на ручек,Србија на шетање.И многууу подобро сум откако почнав да шетам ,станувам и да се дружам.Баш и на контрола бев пред недела дена (совеста малце ме апна) ама се си беше во најдобар ред.Така да ако имаш желба за надвор излези.Пешки/со кола ти сама ке осетиш како ти одговара тебе.Навечер спреми си убава вечера за тебе и маж ти(нека помогне) и пуштете филм.Не се оптеретувај псхички мн мн.Се ќе биде како што треба да биде
И јас лежам 70% од времето, односно кога сум дома и кога не правам Ручек воглавном лежам. Искачам ретко, кога имам потреба да купам нешто низ маало, по моловиве чат пат исто за да купам нешто, на прошетки речиси не одам. И јас сум нормална бременост ама вжсум со болки од мн рано а веќе и те како се зголемени... Слушај си го телото, јас ако не легнам неможам да функционирам одкако кје се изморам, а се изморувам на пример од полнење машина со алишта
И јас сум 13ти/14ти јуни Денес бев на прво цтг, 35+0 сум. Малку ме исплаши докторката, ми кажа дека тежи 2100, дека е мало и затоа ми даде Fraxiparin. Ми кажа како последица на ковидот. Вашите колку тежат оваа недела? Друго, магнезиумот што го пијам цела бременост, ми рече многу е со шеќери па да го сменам. Трето, првото ми е царски пред 5 год сега и ова морало. многу се испаничив, наеднаш многу нови информации. Која недела се породивте со закажан царски?
Мене секој ден ме фаќаат бодежи и тоа од лево едното бебе е така ниско наместено и лежањето многу ми помага, а за психа да не прајме муабет дури и деновите кога не ми е ништо си мислам дека нешто не е во ред
Здраво мајки прашав во дрига тема па ај и тука поактивна е.Дали може од фемибион 1 да се префрлиш на фрмибион 2 пред да наполниш 12 недели.Јас сум 9+3 а имам уште 8 таблети па да не купувам пак од единицата и да ми останат дали може пред време на двојка да се префрлам?
Фала ви на сите премногу!! Ти Натче зрачиш позитива и покрај се што помина до сега.. Ми се чини искрено дека понекогаш сум толку down баш тоа дека за ништо нема гаранција и се ме плаши што и телевизија и музика и се ме нервира па блејам цел ден дур си дојди мажот ми во празно и со плачење го пречеквам Бебка е night owl навечер се активира повеќе почнав да ја осеќам пред недела дена мислам дека е таа, ме чепка како нерв кога ти рипа баш таму кај што е сместена @joy1 и јас мн подобро се осеќам кога сум со луѓе или ќе шетнам макар до продавница ама ќе почнат болките и после си карам мајка што сум отишла.. Па си седам дома да не ми е грижа на совест @Andrejaaaaaa исто.. До 16та бев само со лежење и во вц и маратон ми е до спална да одам и назад да се вратам и од многу рано со болки и јас
Ист случај имав како твојот, само кај мене гинекологот ми рече да си земам пак фемибион 1. Нив ги пиев до средина на 3ти месец, па после нив си почнав во фемибион 2. Ако можеш, консултирај си се со твојот матичен гинеколог и види што ќе ти препорача. Мислам дека нема никаква штета од тоа, не можеме сите точно на време да ги темпираме таблетите според месеците, секако ќе има отстапувања.
Здраво, тука сте поактивни па би замолила доколку некој има искуство и знае да ми одговори...кога најрано може да се направи тест преку крв за да покаже дали има или нема бременост? И дали при инплнтација има било какви симптоми? Како болки доле во грбот? Ви благодарам многу однапред
Јас еден ден пред да треба да добијам направив бхцг и беше 380. Направив и тест и имав малку побледа втора линија. Со среќа!
Јас како што знам, Фемибион1 се пијат до 4ти месец, секако до тогаш две паковања треба да имаш испиено. Рано ти е за двојка, 9+3 си, значи имаш уште време, во нив има витамини што сега се неопходни. Понатаму двојка земи. За бодежи иста сум, маваат на сите страни. За пешачење можам колку толку, ама пак не како со првото дете. Дали ми е за паника килажава на детево цел ден се мислам, мало толку е за неделиве ли? да јадам нешто плус, што ќе кажете? 35+0 а тежи 2.100
Не мора да значи дека е точно измерено. Не се потресувај одма. На следен преглед ќе видиш. Секогаш различно мерат. Важно е убаво да се развива и да си одговара за неделите а тежината многу често ја уткаат
Може затоа ми ги даде ваљда овие инекцииве Fraxiparin, ми рече како може да не си ги примала одма после ковидот, и Д3 исто ми препорача. Не ми кажа матичнава дека и Д3 се задолжителни.
Јас примам од почеток Д3 од 2000 едници но не се задолжителни. Повеќе ми ги дадоа како превенција од ковидов. А за да ти даде фраксипарин за килажата требало да ти се намалени протиците и во тој случај со нивно зголемување бебето ќе добива повеќе храна. Но ако протоците ти се во ред тие не би влијаеле