Здраво дали некоја трудница имала искуство со хематоми на постелката и што терапија примала јас сум со утрогестан од 100 2х1 витамините што си ги пијам и на строго мирување матичната вели не се големи не се страшни ќе се повлечат инаку сум 20+6
Мене така ми кажаа на ГАК дека имам хематом на постелката кога бев 19 недела. После тоа отидов во Ремедика и ми кажа докторката дека тоа е всушност лакун и не е ништо страшно. Јас од почеток сум на клексани и еве сега сум 34+ лакунот си стои а имам и некои други помали. Важно е дека не се зголемуваше
Здраво девојки. Денеска бев на подледниот скрининг со бебуш се е во ред. Пак не го покажа лицето ќе умреме веќе од мерак. Инску сум 29 недела, бебето идело за една недела повеќе. Докторката ми кажа да проверам скриен шеќер за секој случај иако немам зголемена плодна вода и нема никакви знаци на пласентата. Ми кажа дека е можно да е само крупно дете. Дали има некој со слично искуство или да ми кажете дали има некаков ризик доколку имам скриен шеќер
Нема никаков ризик, само повеќе ќе внимаваш на исхраната А и моето е инаетчика...не го покажува лицето последен пат ја видов на втор скрининг во 20та недела, а веќе сега сум 34та недела
Многу "разнолико" прашање. Зависи, од недела на бременост, триместар, дали е на предна или задна страна (sид)...
Имаш тема за гестациски дијабет. Провери и според резултати ке се види дали треба диета, терапија или воопшто немаш скриен шеќер туку големо бебе. Мада 1 недела не е ништо, може лошо измерила.
@Natashka1988 @MilaSs12 Фала ви на коментарот малку се смирив сега ќе видиме утре се надевам се ќе биде во ред
Колку што знам околу 3.5-4 цм е нормално... мојата е на преден, здебелена, така да сигурно би ти кажале ако не е нешто ок... баш и се гледа дебела, како на места набрчкана...
Немој да се грижиш, имаш време да стигниш. Нема шанси да ги пропуштиш болките, исто како менструални се, на секоја контракција ќе ти се стега стомакот (сигурно имаш Брекстон, така ќе ти се стега, само што ќе биде болно). Јас бев со провокација и од провокација до породување поминаа 5ч, со тоа што плус и водењакот ми го пукнаа па дополнително се забрза процесот. Имаш време и од друга држава да допатуваш, не е како на филмовите в кола или на скали што се пораѓаат за 2 минути.
Кај мене од старт е понапред за 1 недела, ама и јас сама знам дека е порано зачнато. Не правев скриен шеќер бидејќи на секоја проверка шеќерот ми е околу 4. Во првата бременост правев на моја иницијатива и шеќерот беше супер. Можеби и кај тебе е порано зачнато или е покрупно бебето. Сепак др ќе ти каже најубаво дали има или нема потреба да проверуваш.
Здраво мамички , сакам да ве прашам дали ви се појави проблем со забите по почетокот на бременоста? Мене забите ми се океј , имав само еден нерешен проблем што го заборавив да го средам пред терапиите за ИВФ, уште пред неколку години ми падна забот цел но ми остана коренот само. Овие денови осеќам на тоа место како да се прави окот и ме почнува да ме фаќа паника, сите заби си ги осеќам како болни иако со другите немам проблем. Секако ќе се консултирам и со доктор , но би сакала да знам дали некоја има слично ислуство и ве замолувам за совет како паста или незнам што ... Ви благодарам од срце
Можеш да си одиш на стоматолог после 12та недела и да си го средиш проблемот,да не трпиш и да не се влошува.
Во текот на бременоста, заради хормоните, непцата стануваат чувствителни и може да крварат. Како шо ти кажа и @KonstantinaM, после 12та недела обавезно на забар да си средиш све шо има за да не ти се направи поголема мака.
Кај мене иде 2 недели напред. Од почекоток секогаш по 1 недела, а сега дури за 2, матичната никогаш тоа не ми го кажа, се додека во 30 недела не ми спомна Др Елма во Санте.Па испитував скриен шеќер и резултатот е Одличен.Бебуш беше 2 080 грама, во 31 недела, што одговарало на 33н.Ми рече да не се плашам зошто можеби сум склона да раѓам големи бебушки, првото го рпдив 3 550гр, во 38+5н ако сум одела до термин ќе сум го родила можеби и повеќе од 4кг. Синоќе видов слика објавиле дека се родило бебе 4 600гр...така да ми рече или ќе е големко бебуш, или ке си се породиш како првото пред термин порано.